Во кујната ги имате намирниците со кои болките во грбот ќе исчезнат

Болката во грбот е една од најстрашните, покрај онаа во забот и увото, бидејќи ја попречува нашата активност и желба за станување од кревет.

Доколку и вие сте соочени со ваква болка или во иднина се соочите, без разлика која и да е причината, испробајте ги овие природни лекарства наместо да ја лекувате со апчиња кои се штетни за вашиот организам.

Прв домашен лек за болки во грбот е лукот. Две или три чешниња треба да се консумираат секое утро за подобри резултати.

Маслото од лук е одлично за масажа на грбот и дава одлични резултати и олеснување. Ова масло се подготвува на тој начин што се пржат десет чешниња лук во 60 милилитри масло во тава за пржење.

Треба да се испржи на тивок оган се додека чешнињата од лук не добијат кафена боја. Откако ќе се олади маслото, треба да се нанесе поголема количина на грбот и да отстои 3 часа.

Потоа може да се истуширате и да продолжи со третманот најмалку петнаесет дена.

Втор природен лек против болката во грбот е лимонот. Сокот од лимон промешајте со сол и консумирајте два пати на ден.

Третиот но, не помалку ефикасен е лек е компирот. Свежиот компир е стар лек против болка во грбот, посебно за онаа лоцирана во долниот дел. Облога од свеж компир е повеќе од ефикасна за ваквата состојба.

Четкањето заби кај децата е важно од најрана возраст

Родителите честопати имаат проблеми со миењето на забите на своите деца. И додека некои не сакаат ни да ја погледнат во четката, други без страв и проблеми почнуваат да ги четкаат своите заби- но неправилно, што со тек на времето може да доведе до кариес или расипување на забите.

Според стоматологот Кирби Гудвајн од САД, кој со години работи со деца, постојат начини на коишто родителите можат лесно и брзо да ги научат своите малечки да ги мијат забите правилно. А, првиот негов совет е – почнете да ги четкате забите на децата од најрана возраст.

– Малите деца ја немаат фината моторика потребна за делотворно четкање или чистење со конец. Иако не е еден од најзабавните начини да ги научите децата да ги мијат забите, четкањето со помош на родителот е неопходно уште во почетокот. Почнете да му ги четкате забите на бебето веднаш штом ќе никне првиот заб, секако – со помош на мека четка за заби наменета за доенчиња, објаснува стоматологот.

Може и да му говорите, објаснувајќи му гласно што правите. Тој разговор секако ќе ја изгради основата за детето да почне самостојно да си ги четка забите подоцна, штом ќе порасне.

Следниот совет на лекарот гласи – покажете им како правилно се мијат забите со свој пример пред нив и, повторно, подробно објаснете што правите и зошто… Но, сѐ тоа со оптимизам, позитивно и на забавен начин. Ентузијазмот е клучен зашто тоа ги буди мотивите кај едно дете за оралната хигиена.

Штом дете од предучилишна возраст ќе може правилно да држи четка, нека се обиде само да ги мие забите пред огледало. Повеќето деца најдобро учат со обиди. Но, сѐ уште треба надгледување. Огледалото секако ќе му помогне подобро да види што прави. Децата кои воопшто не ги мијат забите како мали, често имаат тешкотии да ја научат техниката како пораснати.

Витаминот Ц во оваа количина може да му наштети на организмот

Во време на вируси, витаминот Ц е една од првите работи по кои посегнуваме за да го зајакнеме нашиот имунитет. Сепак, со него исто така може да се претера.

Витаминот Ц е клучна хранлива материја која се наоѓа во многу овошја и зеленчук и е од суштинско значење за одржување на здрав имунолошки систем. Но, премногу суплементи може да имаат некои несакани ефекти.

Бидејќи нашето тело не складира витамин Ц, ниту го произведува, важно е да јадеме храна која го содржи овој витамин. Дури и во високи дози, витаминот Ц не е токсичен, но некои од најчестите несакани ефекти кои можат да се појават при високи дози се дијареа, гадење, грчеви и други гастроинтестинални проблеми.

Доколку земете поголема од препорачаната доза, вашето тело може да има потешкотии да ја преработи и да настанат негативни последици. Важно е да се напомене дека додатоците на витамин Ц обично се непотребни бидејќи повеќето луѓе лесно можат да добијат доволно од овој витамин со јадење свежа храна, особено овошје и зеленчук.

Варење

Најчестиот несакан ефект од конзумирање премногу витамин Ц се пореметувања во варењето, кои најчесто се јавуваат како резултат на земање високи дози на суплементи на витамин Ц. Најчестите симптоми вклучуваат дијареа и гадење.

Според Healthline, пријавено е дека прекумерното внесување доведува до рефлукс на киселина, иако научните докази не го поддржуваат тоа.

Познато е дека витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо. Сепак, луѓето кои имаат состојби кои го зголемуваат ризикот од акумулација на железо во телото, како што е хемохроматоза, треба да бидат внимателни со додатоците на витамин Ц.

Во такви случаи, прекумерната потрошувачка на овој важен витамин може да доведе до преоптоварување со железо, што може да биде штетно за срцето, црниот дроб, панкреасот, тироидната жлезда и нервниот систем.

Камен во бубрегот

Вашето тело излачува вишок витамин Ц како оксалат, отпаден производ кој го напушта телото преку урината. Меѓутоа, под некои околности, оксалатот може да се врзе за минералите и да формира кристали кои можат да доведат до формирање на камења во бубрезите.

Прекумерната потрошувачка на витамин Ц може да го зголеми количеството на оксалати во урината, зголемувајќи го ризикот од развој на камења во бубрезите, пишува Healthline. Високиот внес на витамин Ц не е поврзан само со поголеми количини на оксалати во урината, туку е поврзан и со развој на камења во бубрезите, особено ако консумирате повеќе од 2.000 mg на ден.

Треба да се напомене дека е речиси невозможно да се внесува премногу витамин Ц само од храната, но доколку земате и суплементи, треба да внимавате на внесувањето.

Пет промени во телото кои многумина ги игнорираат, а се симптоми на хормонски пореметувања

Сува кожа или нагло губење на косата се црвени знамиња.

Рускиот ендокринолог и нутриционистка, Оксана Михалева, предупреди на некои симптоми кои сосема сигурно укажуваат дека страдате од хормонски дисбаланс.

Губење на косата

Докторката вели дека опаѓањето на косата е еден од главните знаци на ендокрино заболување во кое се нарушува производството на хормони.

Сува кожа

Сувата кожа може да укаже и на хипотироидизам, заболувања на надбубрежната жлезда и дијабетес. Покрај тоа, симптомите се придружени со сувост на слузокожата на очите и често мокрење.

Зголемување на телесната тежина

Докторката нагласува дека зголемувањето на телесната тежина не секогаш укажува на хормонални промени. Сепак, дебелеењето може да се случи поради недоволна активност на тироидната жлезда, недостаток на „женски“ хормони кај жените или „машки“ хормони кај мажите, тумори на надбубрежната жлезда или хипофизата или болест на панкреасот.

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок и отекувањето на лицето се знак дека имате проблеми со регулирањето на производството на хормони. Исто така, проширувањето на предниот дел на вратот е карактеристично и за болестите на тироидната жлезда.

Нередовен циклус

Нередовните циклуси кај жени од 45 години може да укажуваат на хормонални промени, како што се болести на јајниците, хипофизата и надбубрежните жлезди. Докторката апелира да внимавате и на исцедокот од млечните жлезди (градите), и кај жените и кај мажите, што може да биде симптом на хормонално пореметување.

Популарно