Победете ги паничните напади

За жал, анксиозноста денеска практично е составен дел од животот на речиси секој човек. Некои лесно се справуваат со неа, но други ги „држи“ многу долго.

Општото анксиозно нарушување најчесто оди „под рака“ со паничните напади. Поради неможноста да се контролираат чувствата, личноста чувствува страв, паника и е спречена нормално да функционира.

Во тој момент во телото се случува и физички и ментален стрес, а некогаш е потребна дури и лекарска помош за да се интервенира.

Паничните напади може да се јават кога нивото на серотонин во организмот е многу ниско, па личноста не чувствува никаква среќа. Доколку оваа состојба потрае, доаѓа до анксиозност и депресија. Серотонинот се синтетизира од аминокиселината триптофан, а процесот го потпомагаат витаминот Б6 и железото.

Откритието дека овој витамин може да влијае врз расположението, паничните напади и анксиозноста дава надеж дека може да се најде брзо и лесно решение кога тие состојби стануваат неподносливи.

Вашите веѓи можат бидат показател за здравјето

Веѓите се украс на нашето лице. Изгледот на веѓите може да има големо влијание на изгледот на вашиот лик и да ве разубават.

Но, според експертите, вашите веѓи можат да послужат за уште поголема цел. Тие можат да бидат прозорец во вашето целокупно здравје, давајќи ви индиции за тоа дали се храните добро или спиете доволно.

„Тие исто така можат да откријат различни здравствени проблеми, од хормонален дизбаланс до автоимуни нарушувања“, вели др. Сара Џенкинс.

Без разлика дали ги одржувате дебели и полни, остри и тенки, ги избелувате или ги бојадисувате, вреди да се обрати внимание на веѓите.

Овде откриваме што би можеле да ви кажуваат вашите веѓи - од различни состојби до индиции за тоа како да ги подобрите вашите животни навики.

Хипотироидизам

Состојбата на веѓите каде се забележува делумно губење на влакната, особено кон краевите, може да укаже на хормонална состојба позната како хипотироидизам. Ако имате хипотироидизам, кожата околу веѓите може да биде сува и ронлива.

Псоријаза

Одредени кожни заболувања, како што е псоријазата, исто така може да ги променат вашите веѓи. Кожата околу веѓите ќе стане подигната, груба, ронлива, што исто така може да предизвика влакната да престанат да растат.

Псоријазата предизвикува лушпести дамки на кожата. Овие точки обично се појавуваат на лактите, колената, скалпот и долниот дел на грбот, но тие можат да се појават насекаде.

Алопеција

Ако забележите мали дамки и опаѓање на влакната на веѓите, може да страдате од алопеција.

Автоимуната болест може да се појави и на телото, вклучувајќи ја косата, брадата, веѓите, трепките или влакната на телото. Ова се случува кога клетките погрешно ги напаѓаат фоликулите на косата, спречувајќи ги да произведуваат повеќе влакна.

Практикувајте ја оваа едноставна навика за ефикасно да изгубите тежина

Фитнес тренерот и експерт за слабеење, Shayne Rowland, тврди дека постои нешто што треба да го правиме секое утро ако нашата цел е да изгубиме тежина – треба да појадуваме.

Rowland вели дека за губење на тежината без гладување, појадокот е исклучително важен, затоа што ако го прескокниме, ќе бидеме многу гладни во попладневните часови, што може да доведе до нарушување на режимот и можност да посегнеме по дополнителна храна.

– Еден од најефективните и најважните совети е да не се изгладнувате кога се обидувате да изгубите тежина. Јадете протеини порано во текот на денот, за појадок, вели тренерот.

Тој забележува дека малиот протеински бар или пијалок нема да бидат доволни.

– Не зборуваме за протеински бар од 15 грама протеини или за шејк со 30 грама протеини. Зборувам за внесување најмалку 50 до 70 грама протеини плус во вашиот појадок. Ви гарантирам ќе бидете многу помалку гладни и вашата енергија ќе биде одлична во текот на целиот ден, заклучи Rowland.

Како да си помогнете ако ве „ПЕЦНЕ“ МЕДУЗА?! Неколку корисни совети

Ако се подготвувате конечно да одите на одмор и сте слушнале дека медузите се видени во морето на вашата посакувана дестинација, не дозволувајте тоа да ве одврати од патувањето.

Средбата со овие жители на водените пространства може воопшто да не се случи, а ако се случи, а медузата ве боцка со пипалата, што може да биде многу болно, не е потребна посета на лекар. Доволно е да следите неколку совети и тој дел од кожата брзо ќе престане да ве гори.

На неколку природни начини можете брзо да го ублажите пецкањето и болката што се јавува по каснување од медуза.

Не е невообичаено да наидете на медуза во морската вода и да ве искаса. Кога ќе ве искаса медуза додека пливате во морето, веднаш треба да излезете од водата и да примените некои од методите за ублажување на непријатноста.

Симптоми на убод од медуза

На местото каде што ве допрело ќе почувствувате печење, болка, чешање и пецкање.

Има црвенило, оток, кожата е воспалена.

За побрзо да ги спречите тие непријатни поплаки, применувајте природни начини за нивно ублажување, кои можеби ги имате во фрижидер или лесно можете да ги најдете во блиското кафуле или ресторан.

Како да се ублажи болката и чешањето?

-Изгореното место измијте го само со солена или морска вода, никогаш со свежа вода

-Доколку на кожата има пипала, односно влакна од медуза, отстранете ги со пинцета, бидејќи со нив ќе ги отстраните и сите отровни материи што ги испушта медузата.

-Исчистете го болното место со сок од лимон натопен во парче памучна вата или раствор од сода бикарбона

-Доматите можат да го ублажат и црвенилото и воспалението, како и чешањето – истријте го местото со половина домат и оставете го да отстои на кожата.

-Ако по некое време изгореното место е сè уште црвено и воспалено, нанесете пакет со мраз

-Ако изгорената површина е поголема од големината на раката, треба да посетите лекар

Популарно