Под урнатините од силниот земјотрес загина турскиот голман Ејтуп

Голманот Ахмет Ејтуп загина во земјотресот што го погоди регионот околу градот Газијантеп. Чуварот на мрежата на Малатијаспор е пронајден мртов по повеќечасовна потрага. Страшната вест ја потврдија од клубот.

„За жал, Ахмет Ејуп беше пронајден под урнатините на земјотресот во Турција. Изразуваме сочувство до неговото семејство, најблиските и сите погодени од оваа страшна трагедија“, соопштија од Малатија.

Медиумите објавија дека сопругата на Ејтуп била пронајдена и извлечена.

(Фото) Татко и ја обучувал и нејзе како да ракува со оружје

И сестрата на Коста Кецмановиќ заедно со него и татко ѝ, Владимир, го посетувала стрелиштето, пренесува српскиот медиум „Република.рс“.

Порталот повикувајќи се на извори од стрелиштето, објави фотографии на кои се гледа девојчето (сестрата на Коста кој го изврши масакрот во соседна Србија) со пиштол во рака. Според нивните информации Владимит Кецмановиќ и неа, како и синот кој го изврши масакрот во Белград, ја обучувал како да ракува со огнено оружје.

Пиштолот со кој пука сестрата на Коста е италијанска Берета М9, полуавтоматски пиштол со краток одврат што го користат вооружените сили на Соединетите држави. Американската војска го користела овој пиштол во инвазијата на Панама, војната во Персискиот Залив, Граѓанската војна во Сомалија, војната во Авганистан и војната во Ирак.

Силен земјотрес во Србија

Два земјотреси рано утринава се регистрирани во Петровац на Млава, Србија.

Првиот земјотрес бил со јачина од 4,1 степени, додека вториот 2,4 степени според Рихтеровата скала, објавено е на официјалната веб-страница на Сеизмолошкиот завод.

Двата земјотреси се регистрирани на длабочина од седум километри.

Во овој град земјотрес беше регистриран и во неделата на 3 декември. Тогаш исто така беа забележани два земјотреси, првиот со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, додека вториот 2,6 степени.

Состојка опасна за црниот дроб и белите дробови е пронајдена во чај од Хрватска направен од листови нане од Србија

Системот за брзо предупредување за безбедност на храна на Европската унија (RASFF) на својата веб-страница објави дека се повлекува уште еден производ во Хрватска.

Станува збор за чај од нане од Хрватска со суровина, листови од нане, набавен во Србија. Пиролизидинските алкалоиди се пронајдени во чајот.

Како што предупредува RASFF, ризикот по здравјето може да биде сериозен, пренесува N1.

Пиролизидинските алкалоиди (ПА) можат да бидат многу токсични за луѓето. Пиролизидинските алкалоиди ги произведуваат растенијата за да се одбранат од штетници и тревопасни животни и се идентификувани во приближно 6.000 ботанички видови.

Овие состојки можат да бидат многу опасни за црниот дроб и белите дробови, а случаите на токсичност на црниот дроб од внесување растенија со овие супстанции датираат од 1920-тите.

Хрватската агенција за храна (ХАХ) наведува дека во високи дози може да доведе до откажување на црниот дроб, што може да резултира со смрт.

Популарно