Пет промени во телото кои многумина ги игнорираат, а се симптоми на хормонски пореметувања

Сува кожа или нагло губење на косата се црвени знамиња.

Рускиот ендокринолог и нутриционистка, Оксана Михалева, предупреди на некои симптоми кои сосема сигурно укажуваат дека страдате од хормонски дисбаланс.

Губење на косата

Докторката вели дека опаѓањето на косата е еден од главните знаци на ендокрино заболување во кое се нарушува производството на хормони.

Сува кожа

Сувата кожа може да укаже и на хипотироидизам, заболувања на надбубрежната жлезда и дијабетес. Покрај тоа, симптомите се придружени со сувост на слузокожата на очите и често мокрење.

Зголемување на телесната тежина

Докторката нагласува дека зголемувањето на телесната тежина не секогаш укажува на хормонални промени. Сепак, дебелеењето може да се случи поради недоволна активност на тироидната жлезда, недостаток на „женски“ хормони кај жените или „машки“ хормони кај мажите, тумори на надбубрежната жлезда или хипофизата или болест на панкреасот.

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок и отекувањето на лицето се знак дека имате проблеми со регулирањето на производството на хормони. Исто така, проширувањето на предниот дел на вратот е карактеристично и за болестите на тироидната жлезда.

Нередовен циклус

Нередовните циклуси кај жени од 45 години може да укажуваат на хормонални промени, како што се болести на јајниците, хипофизата и надбубрежните жлезди. Докторката апелира да внимавате и на исцедокот од млечните жлезди (градите), и кај жените и кај мажите, што може да биде симптом на хормонално пореметување.

Пилешка салата со зачински билки која може да биде и цел оброк

Состојки:

  • 200 гр пилешко филе
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици сечкани билки (босилек, мајчина душица, оригано)
  • 2 свежи домати
  • 2 млади кромидчиња
  • 5-6 листови рокула
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 1 лажица оцет
  • сол, бибер

Подготовка:

Прелив: Измешајте една лажица маслиново масло, оцетот, ситно сечканиот лук и билки. На загреаното преостанато маслиново масло пропржете го посоленото пилешко додека не порумени. Исечете го месото на коцки. Додадете домати исечени на кришки, млад кромид исечен на прстени и рукола исечена на помали парчиња. Истурете го преливот, додадете бибер и сол по вкус и измешајте. Одозгора посипете сечкан магдонос.

Меџити го повика Јовев да му биде национален советник за кардиохирургија

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија.

- Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен да побарам да се зголеми тој буџет, со цел Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат подобро и да ги зголемиме позитивните резултати и да им излеземе во пресрет на пациентите, додаде министерот.

Тој нагласи дека Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката и ќе ја има неговата поддршка во понатамошното работење.

На денешниот брифинг со новинарите, стручни лица разјаснуваа дилеми околу разрешувањето на Јовев, што предизвика реакции во јавноста.

Меџити беше прашан што ќе биде со економскиот директор.

- За организациониот директор, ние пративме инспекција, тоа ги вклучува и двата директора, тие имаат одговорности и заеднички и посебни. За првиот одлучивме, деновиве ќе излеземе и со одговор за вториот, организацискиот директор, појасни министерот.

На новинарско прашање за неговата заменичка, која не се согласувала со одлуката на министерот за смена на Јовев, Меџити одговори дека нема да коментира изјави на други лица.

На брифингот беше посочено и дека Јовев не е единствениот разрешен директор, откога Меџити е на функција министер. 

- Имаше промени во многу други здравствени установи, на медицински директори, организациски, некои си поднесоа самите оставка, а други беа разрешени, додаде Меџити, истакнувајќи дека и во иднина секаде ќе има инспекции и ќе се постапува според закон.

Меџити во понеделникот го разреши Јовев од должноста директорот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, поради како што изјави вчера „утврдени нерегуларности во работењето“, нагласувајќи дека нема политика во неговото разрешување.

Јовев од своја страна вчера побара преиспитување на одлуката за негово разрешување, истакнувајќи дека државната Клиника за кардиохирургија не се утврдени нерегуларности.

- Да ги оставиме професионалците да си ја вршат својата работа. Успесите на оваа Клиника се успеси на државата и на Министерството за здравство, порача Јовев.

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

На сите им е јасно дека е неопходно да се оди на редовни контроли, но има и тест кој можете да го пробате дома, а кој ќе ви ја открие состојбата на срцевото здравје.

Овој едноставен трик ќе ви помогне да добиете идеја како функционира вашето срце и ќе ви го покаже здравјето на срцето за само 30 секунди.

Како се прави тестот?

Прв чекор

Земете голем сад во кој може да ги ставите двете дланки и наполнете го со ладна вода. За подобри резултати, додадете малку мраз.

Втор чекор

Ставете ги рацете во садот и држете ги точно 30 секунди. Ова ќе ви помогне да дознаете како крвта ќе реагира кога ќе дојде во контакт со ледената вода.

Резултат

Ако сте направиле сè како што треба, сега е време да ја проверите состојбата на вашето срце. Ова се двата можни резултати:

1. Прстите се црвени

Ако прстите ви се црвени, ова е добар резултат. Тоа значи дека немате проблеми поврзани со оксигенација во крвта. Срцето и циркулацијата на крвта ви се во ред.

2. Прстите станале бледи или модри

Доколку прстите ви станале бледи или помодриле, постои можност да имате проблеми со циркулацијата на крвта. Ова се случува затоа што има ниско ниво на кислород во вашите крвни зрнца или затоа што имате проблем со пренесување на кислород преку крвотокот до срцето, што може да укажува на проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Во овој случај, можете да се обидете да го загреете или масирате пределот на рацете за да ја вратите нормалната боја. Ако тоа не се случи брзо, задолжително посетете лекар. Особено ако за време на тестот почувствувате отежнато дишење, болка во главата или градите, потење, вкочанетост во рамената, нозете, рацете, прстите или петите, вртоглавица, ова е знак дека треба итно да направите преглед.

Популарно