Прозорците ќе светнат со овој мал трик за чистење на стакло

Можеби сте навикнати да отстранувате разни дамки од прозорците со хемикалии кои се специјално дизајнирани за тоа, но пред да ги користите, не би било лошо да пробате еден трик. Особено ќе ви одговара ако сте останало без средство за чистење стакло.

Дамките на прозорците остануваат од различни причини.

Отпечатоците од прсти, капките дожд и трагите од бришење се особено видливи во сончевите  денови.

Доколку не се користат посебни средства, за чистење најчесто се користи алкохолен оцет, но и тоа не е трикот за кој зборуваме.

Се советува да користите омекнувач за бришење на прозорците. Освен тоа, потребни ви се само вода и крпа.

Само наполнете три четвртини од поголем сад со топла вода и ставете половина капаче од омекнувачот за облека во него.

Ако течноста изгледа кремасто, слободно додадете уште вода.

За бришење најдобро би било да користите крпа од микрофибер или магична крпа. Наводно, омекнувачот го спречува лепењето на прашината на прозорците, одржувајќи ги подолго чисти.

Пилешка салата со зачински билки која може да биде и цел оброк

Состојки:

  • 200 гр пилешко филе
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици сечкани билки (босилек, мајчина душица, оригано)
  • 2 свежи домати
  • 2 млади кромидчиња
  • 5-6 листови рокула
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 1 лажица оцет
  • сол, бибер

Подготовка:

Прелив: Измешајте една лажица маслиново масло, оцетот, ситно сечканиот лук и билки. На загреаното преостанато маслиново масло пропржете го посоленото пилешко додека не порумени. Исечете го месото на коцки. Додадете домати исечени на кришки, млад кромид исечен на прстени и рукола исечена на помали парчиња. Истурете го преливот, додадете бибер и сол по вкус и измешајте. Одозгора посипете сечкан магдонос.

Меџити го повика Јовев да му биде национален советник за кардиохирургија

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија.

- Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен да побарам да се зголеми тој буџет, со цел Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат подобро и да ги зголемиме позитивните резултати и да им излеземе во пресрет на пациентите, додаде министерот.

Тој нагласи дека Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката и ќе ја има неговата поддршка во понатамошното работење.

На денешниот брифинг со новинарите, стручни лица разјаснуваа дилеми околу разрешувањето на Јовев, што предизвика реакции во јавноста.

Меџити беше прашан што ќе биде со економскиот директор.

- За организациониот директор, ние пративме инспекција, тоа ги вклучува и двата директора, тие имаат одговорности и заеднички и посебни. За првиот одлучивме, деновиве ќе излеземе и со одговор за вториот, организацискиот директор, појасни министерот.

На новинарско прашање за неговата заменичка, која не се согласувала со одлуката на министерот за смена на Јовев, Меџити одговори дека нема да коментира изјави на други лица.

На брифингот беше посочено и дека Јовев не е единствениот разрешен директор, откога Меџити е на функција министер. 

- Имаше промени во многу други здравствени установи, на медицински директори, организациски, некои си поднесоа самите оставка, а други беа разрешени, додаде Меџити, истакнувајќи дека и во иднина секаде ќе има инспекции и ќе се постапува според закон.

Меџити во понеделникот го разреши Јовев од должноста директорот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, поради како што изјави вчера „утврдени нерегуларности во работењето“, нагласувајќи дека нема политика во неговото разрешување.

Јовев од своја страна вчера побара преиспитување на одлуката за негово разрешување, истакнувајќи дека државната Клиника за кардиохирургија не се утврдени нерегуларности.

- Да ги оставиме професионалците да си ја вршат својата работа. Успесите на оваа Клиника се успеси на државата и на Министерството за здравство, порача Јовев.

Многумина ја прават оваа работа за да имаат среќа низ целата година

Денеска е Вторник по Духовден, ден кога има многу обичаи и кој сам по себе е важен и тежок ден.

И денеска се плетат венци од трева и цвеќе, а за добра среќа, љубов и напредок многумина венчињата ги ставаат во торба, во џеб или ташна.

Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата.

На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се одалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи.

Популарно