(Фото) Луна Џогани ги разнежни фановите со оваа фотографија

Луна Џогани чека второ дете со својот избраник Марко. Таа пред две години роди девојче кое се вика Миа.

Поранешната пејачка и учесничка во „Задруга“ секојдневно покажува дека ужива во бременоста, а на својот Инстаграм сподели фотографија од трудничкиот стомак и ги разнежни своите следбеници.

Луна реши да им признае на медиумите дека чека девојка чие име ќе започнува со буквата „Л“.

Џенифер Лопез го промовира својот бренд коктели во бикини

Џенифер Лопез ги воодушеви своите следачи на социјалните мрежи во четвртокот со нови фотографии за да ја промовира сопствената линија пијалоци „Делола“.

Џенифер (54) – која моментално се релаксира на брегот на Амалфи во Италија – позира во бикини и го рекламира  својот нов бренд коктели Delola.

Мегаѕвездата позира на лежалка за сонце, покажувајќи ја својата беспрекорно затегната фигура во бели бикини со врвки.

Изгледот го дополни со златен накит – обетки со мали обрачи и долг ѓердан.

Лопез, која е во брак со оскаровецот Бен Афлек, во описот на својата објава напиша ‘Back in my element’ („Повторно во свој елемент“).

Иако е позната по силната работна етика, Џенифер дава приоритет на рамнотежата во животот, а помеѓу музичките и актерските проекти, секогаш наоѓа време за семејството и пријателите. Кога е време за дружење, Џенифер станува Лола, прекар кој го има уште од детството, а кој ја открива нејзината разиграна и безгрижна страна. Во тие периоди, Лола ужива во чаша розе, шампањ или лесен коктел, а едно од омилените места за тоа е италијанскиот брег, каде што го открила шприцерот.

Инспирирана од убавите моменти во Италија, кога е опуштена и одморена, латино-дивата, која има и свој бренд на козметички производи, реши да создаде своја освежителна линија на вкусни шприцери и коктели кои не содржат вештачки бои и глутен и, содржат помалку шеќер и алкохол. Пијалоците се на растителна основа и во убаво дизајнирани шишиња.

Со овој потег, таа им се придружи на познатите колеги кои имаат свои алкохолни пијалоци, меѓу кои Бред Пит, Камерон Дијаз, Сара Џесика Паркер, Кејт Хадсон, Џорџ Клуни, Џаред Лето, Кендал Џенер, Тревис Скот, Мелоун, Дрејк.

(Фото) Девојката на Бака Прасе во провокативно издание

Српската инфлуенсерка Ања Благојевиќ, девојката на јутјуберот познат како Бака Прасе, се фотографираше во провокативно издание во Египет. Го истакна своето убаво тело и се соблече по бикини. 

Фотографиите ги објави на социјалната мрежа Инстаграм и веднаш привлече илјадници коментари и допаѓања. 

Инаку, Ања е една од најпознатите инфлуенсерки во Србија, која на Инстаграм има повеќе од 800.000 следбеници и многу соработки со познати брендови.

Нејзината врска со јутјуберот Бака Прасе постојано го привлекува вниманието на српските медиуми.

(Фото) Ќерката на Здравко Чолиќ мами воздишки

Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна, годинава ќе го прослави својот 22-ри роденден.

Таа мами воздишки каде и да се појави, а активна е и на социјалните мрежи каде објавува фотографии од себе.

Уна сега ужива на одмор, а по фотографиите кои ги објави очигледно ќе уживаат и момците кои ја “следат“ на Интаграм.

Таа позира во црн костим за капење, кој е разголен на најпримамливите делови.

Популарно