Пилешка салата со зачински билки која може да биде и цел оброк

Состојки:

  • 200 гр пилешко филе
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици сечкани билки (босилек, мајчина душица, оригано)
  • 2 свежи домати
  • 2 млади кромидчиња
  • 5-6 листови рокула
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 1 лажица оцет
  • сол, бибер

Подготовка:

Прелив: Измешајте една лажица маслиново масло, оцетот, ситно сечканиот лук и билки. На загреаното преостанато маслиново масло пропржете го посоленото пилешко додека не порумени.

Исечете го месото на коцки. Додадете домати исечени на кришки, млад кромид исечен на прстени и рукола исечена на помали парчиња. Истурете го преливот, додадете бибер и сол по вкус и измешајте. Одозгора посипете сечкан магдонос.

Усните како аларм: Знаци за овие четири болести кои можеме да ги откриеме на усните

„Нашите усни можат да ни испраќаат сигнали за здравјето на телото“, предупредил стоматологот Бернард Хенеси.

Како што открил за британски „The Sun“, знаците на дури 4 болести се откриваат токму на усните. Тој вели дека нашите усни минуваат низ различни промени во текот на животот, а понекогаш можат да укажуваат на одредени болести“.

„Некои од овие промени може да укажуваат на медицински проблем, па затоа не треба да ги игнорираме доколку ги забележиме“, тврдел Хенеси.

ХИВ

Во случај да се појави необјаснив чир во или од внатрешната страна на нашите усни кој не исчезнува, може да биде знак за ХИВ. ХИВ (вирусот на човечка имунодефициенција) го напаѓа имунолошкиот систем на телото и, во ретки случаи, може да доведе до СИДА. Не постои лек за ХИВ, но постојат лекови кои им овозможуваат на лицата со овој вирус да живеат долг и здрав живот, под услов да се открие навремено.

Пневмонија

Секој добива испукани усни од време на време и тоа обично не треба да биде причина за грижа. Но, во некои случаи, особено кај децата, лупењето на усните може да биде знак за пневмонија. Според „NHS“, состојбата обично започнува со треска, кашлица, проблеми со дишењето и слаб апетит.

Рак

Рана на усните која не зараснува може да биде знак за карцином, објаснил стоматологот. Стапките на орален карцином, вклучително и ракот на усните, се двојно поголеми во последните 20 години – покажуваат податоците на „Фондацијата за орално здравје“.

Во 2021 година биле дијагностицирани околу 8.864 случаи, што е зголемување за 34% во однос на пред 10 години.

Ракот на усните се јавува на кожата на усните, но најчест е на долната усна. Според клиниката „Мајо“, повеќето карциноми на усните се сквамозни карциноми, прилично лесни за лекување. Ракот на усните може да биде предизвикан од прекумерно изложување на сонце и пушење.

Синдром на иритирани црева

Испуканите усни, особено во аглите на усните, може да се поврзат со синдром на нервозно дебело црево. Кожна состојба позната како ангуларен хеилитис предизвикува суви, црвени дамки на аглите на устата кои можат да пукнат. Неколку студии покажале дека 60% од луѓето со „IBS“ може да страдаат од орални здравствени проблеми, од кои еден е ангуларен хеилитис.

Пиете вода во текот на оброците? - Тоа не е добра идеја

Распространета е навиката меѓу луѓето да пијат вода за време на оброците, меѓутоа, експертите истакнуваат дека таа може да биде бескорисна, па дури и штетна за дигестивниот процес.

Водата има многу придобивки за нашето здравје – го поддржува варењето, ја одржува кожата хидрирана, помага при слабеење и обезбедува енергија. Се препорачува да се консумираат најмалку два литра вода дневно за да се одржи оптимално хидрирано телото. Сепак, важно е да се одвои внесот на вода од оброците.

Експертите предупредуваат дека комбинирањето на вода со храна за време на оброкот може да ги разреди дигестивните ензими кои се клучни за варење на храната. Ова може да резултира со дигестивни проблеми, вклучително и запек. Покрај тоа, пиењето вода за време на оброците може да предизвика зголемување на нивото на инсулин, што го зголемува ризикот од складирање на маснотии во телото и може да доведе до дебелеење.

Експертите препорачуваат да не се консумира вода половина час пред оброк и најмалку час по оброкот за да се избегнат потенцијални дигестивни проблеми. Доколку се чувствувате непријатно додека јадете и сакате да испиете голтка вода, подобро е тоа да го правите постепено, во мали количини, наместо да пиете големи количини вода за време на оброкот. Овој пристап може да помогне во одржување на ефикасно варење и одржување на добро здравје

Популарно