Кејт Мидлтон ја пие оваа напивка секое утро и затоа нема ни грам вишок: Ги топи маснотиите и му годи на целото тело!

Кејт Мидлтон отсекогаш била исклучително вита, затегната и здрава, па поради тоа вечно се водат полемики како успева да го одржи тоа. Нејзината вита става е производ на здравиот живот, тренингот, но и балансираната исхрана.

Луѓе блиски на принцезата откриваат дека Кејт со години ги нема сменето навиките, секое утро го јаде истиот појадок: овесна каша богата со протеини, јаглехидрати и влакна. Долго ја држи сита и ѝ дава доволно енергија за сите обврски околу трите деца и кралските должности.

Ви го откриваме рецептот!

Состојки:

200 мл кокосова вода

половина авокадо

1 круша

1 лажица свежо цеден лимонов сок

1 грст спанаќ

1 см исечкан корен од ѓумбир

2 свежи коријандера

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро изматете.

извор: убавина и здравје

Усните како аларм: Знаци за овие четири болести кои можеме да ги откриеме на усните

„Нашите усни можат да ни испраќаат сигнали за здравјето на телото“, предупредил стоматологот Бернард Хенеси.

Како што открил за британски „The Sun“, знаците на дури 4 болести се откриваат токму на усните. Тој вели дека нашите усни минуваат низ различни промени во текот на животот, а понекогаш можат да укажуваат на одредени болести“.

„Некои од овие промени може да укажуваат на медицински проблем, па затоа не треба да ги игнорираме доколку ги забележиме“, тврдел Хенеси.

ХИВ

Во случај да се појави необјаснив чир во или од внатрешната страна на нашите усни кој не исчезнува, може да биде знак за ХИВ. ХИВ (вирусот на човечка имунодефициенција) го напаѓа имунолошкиот систем на телото и, во ретки случаи, може да доведе до СИДА. Не постои лек за ХИВ, но постојат лекови кои им овозможуваат на лицата со овој вирус да живеат долг и здрав живот, под услов да се открие навремено.

Пневмонија

Секој добива испукани усни од време на време и тоа обично не треба да биде причина за грижа. Но, во некои случаи, особено кај децата, лупењето на усните може да биде знак за пневмонија. Според „NHS“, состојбата обично започнува со треска, кашлица, проблеми со дишењето и слаб апетит.

Рак

Рана на усните која не зараснува може да биде знак за карцином, објаснил стоматологот. Стапките на орален карцином, вклучително и ракот на усните, се двојно поголеми во последните 20 години – покажуваат податоците на „Фондацијата за орално здравје“.

Во 2021 година биле дијагностицирани околу 8.864 случаи, што е зголемување за 34% во однос на пред 10 години.

Ракот на усните се јавува на кожата на усните, но најчест е на долната усна. Според клиниката „Мајо“, повеќето карциноми на усните се сквамозни карциноми, прилично лесни за лекување. Ракот на усните може да биде предизвикан од прекумерно изложување на сонце и пушење.

Синдром на иритирани црева

Испуканите усни, особено во аглите на усните, може да се поврзат со синдром на нервозно дебело црево. Кожна состојба позната како ангуларен хеилитис предизвикува суви, црвени дамки на аглите на устата кои можат да пукнат. Неколку студии покажале дека 60% од луѓето со „IBS“ може да страдаат од орални здравствени проблеми, од кои еден е ангуларен хеилитис.

Пиете вода во текот на оброците? - Тоа не е добра идеја

Распространета е навиката меѓу луѓето да пијат вода за време на оброците, меѓутоа, експертите истакнуваат дека таа може да биде бескорисна, па дури и штетна за дигестивниот процес.

Водата има многу придобивки за нашето здравје – го поддржува варењето, ја одржува кожата хидрирана, помага при слабеење и обезбедува енергија. Се препорачува да се консумираат најмалку два литра вода дневно за да се одржи оптимално хидрирано телото. Сепак, важно е да се одвои внесот на вода од оброците.

Експертите предупредуваат дека комбинирањето на вода со храна за време на оброкот може да ги разреди дигестивните ензими кои се клучни за варење на храната. Ова може да резултира со дигестивни проблеми, вклучително и запек. Покрај тоа, пиењето вода за време на оброците може да предизвика зголемување на нивото на инсулин, што го зголемува ризикот од складирање на маснотии во телото и може да доведе до дебелеење.

Експертите препорачуваат да не се консумира вода половина час пред оброк и најмалку час по оброкот за да се избегнат потенцијални дигестивни проблеми. Доколку се чувствувате непријатно додека јадете и сакате да испиете голтка вода, подобро е тоа да го правите постепено, во мали количини, наместо да пиете големи количини вода за време на оброкот. Овој пристап може да помогне во одржување на ефикасно варење и одржување на добро здравје

Популарно