Најмалку 280 мртви во вчерашната трагедија во Индија

Најмалку 288 потврдени жртви во вчерашната катастрофална несреќа во сурди на возови во градот Баласор во источната индиска држава Одиша.

Бројката на повредени стигна и над илјада, а според спасувачите бројката на жртви ќе се зголеми, бидејќи сеуште има луѓе заглавени под вагоните.

Причината за несреќата сеуште е непозната.

ВИДЕО: Автомобили влетаа во луѓе на божиќен пазар во Германија

Грозоморен терористички напад се случи денеска на божиќниот пазар во Магдебург, Германија. Страшна сцена од автомобили кои со полна брзина удрија во група луѓе кружи на социјалните мрежи, пренесуваат медиумите.

Досега се пријавени 11 загинати и 60 повредени.

Според информациите од медиумите, возачот влегол во толпата и предизвикал паника.

Пазарот веднаш беше затворен, а организаторите ги поканија посетителите да го напуштат центарот на градот. Возачот набрзо бил уапсен, а полицијата трага по можни експлозивни материјали во тој дел од градот, пренесува Билд.

Министерот, претседателот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Ерих Хаселоф (ЦДУ) е на пат кон местото на несреќата.

Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во интервју за „Тајм“ (Time) ја критикуваше Украина поради употребата на американски ракети со долг дострел врз територијата на Русија.

-Тоа што се случува е лудост. Тоа е лудо. Категорично не се согласувам со испраќање ракети стотици километри во Русија. Зошто го правиме ова? Ние само ја ескалираме војната и ја влошуваме. Ова не требаше да се дозволи – посочи Трамп во интервјуто објавено на денот кога беше прогласен за личност на годината од магазинот „Тајм“.

Трамп, запрашан дали ќе ја напушти Украина, истакна дека ќе ја искористи американската помош за Киев како алатка против Русија во преговорите за ставање крај на војната.

-Сакам да постигнам договор- наведе Трамп, додавајќи дека „единствениот начин на кој може да се постигне договор е да не се напушти (Украина)“.

За време на кампањата, Трамп неколку пати изјави дека доколку биде избран, во рок од 24 часа ќе постигне мировен договор помеѓу Русија и Украина. Подоцна призна дека е покомплицирано отколку што мислел.

Тој во интервјуто за „Тајм“ посочи и дека сака да стави крај на војната во Појасот Газа и оти тоа го знае и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Трамп истакна дека за својот став го известил Нетанјаху во телефонски разговор за време на претседателската кампања. Но, на прашањето дали му верува на Нетанјаху, новоизбраниот американски претседател истакна дека „не верува никому“.

Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд

Кибер експерти на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) воспоставиле контрола врз веб-серверите на веб-страницата на руската Државна дума и Уставниот суд, пренесува Укринформ, повикувајќи се на извор од украинскиот разузнавачка служба.

-По повод официјалниот државен празник на Руската Федерација – Денот на Уставот, кој се одбележува денеска, кибер експерти на ГУР поставија транспарент на веб-страницата на Државната дума на Руската Федерација со порака „Русија не постои“, а веб-страницата на Уставниот суд на Руската Федерација беше блокирана и корисниците не можеа да пристапат до неа, пишува Укринформ.

Според изворот на украинската државна новинска агенција, кибер нападот врз овие руски веб-ресурси „целосно ја парализирал нивната работа и ги оневозможил серверите.

Популарно