Едноставни трикови за правилно чистење на екрани

Посовремените телевизори и уреди кои имаат LCD или OLED екрани бараат малку поинакво одржување од старите модели на телевизори.

Според експертот за чистење на Американскиот институт за чистење Џесика Ек, за современите екрани мора да бидете многу внимателни при изборот на средствата со кои планирате да чистите.

Првото правило при чистење на екранот е да користите крпи од микрофибер, бидејќи поновите екрани се почувствителни. Материјалот на оваа ткаенина содржи микрофибер чиј притисок на екранот ја намалува можноста за гребнатини.

Овие површини исчистете ги со лесни движења, за да не се уништат пикселите, а тоа особено се однесува на аглите на уредот. Дополнително, се наведува дека крпата за чистење на уредот треба да биде исклучиво наменета за слични површини, за да не останат траги од други површини.

Кога станува збор за изборот на средства, можете да користите секакви средства наменети за чистење на екранот, но не го нанесувајте директно на уредите. Нанесете го средството на крпата и потоа исчистете ги екраните. Како последен совет се наведува дека треба да избегнувате чистење во кругови, за да не се појавуваат линии.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно