Бред Пит го прекина молкот со нови тврдења за Анџелина Џоли

Бред Пит ја обвини поранешната сопруга Анџелина Џоли дека го продала својот удел во винарницата во јужна Франција за намерно да му наштети на неговиот углед.

Поранешната двојка е заглавена во спор откога Џоли својот удел во „Шато Миравал“ му го продаде на „Тенут дел Мондо, подружница на „Столи груп“, поради што нејзиниот поранешен сопруг поведе правна постапка.

Познат како „Шато Миравал“, имотот вклучува и замок и винарница – па дури беше и местото на свадбата на парот во 2014 година.

Пит тврди дека кога ги купиле лозјето и замокот на југот од Франција, двајцата се обврзале никогаш да не го продаваат својот дел без дозвола на другиот.

Но, според судските документи до кои дојде „Дејли мејл“, а биле поднесени во Лос Анџелес минатата недела, Пит дознал од соопштението за медиуми дека Џоли тајно ја продала својата половина на руски олигарх во 2021 година. Тој наводно дознал дека има нови деловни партнери по излегувањето на соопштението.

„Како што ќе се покаже на судењето, постапките на Џоли беа незаконски, сериозно и намерно го оштетија Пит, а таа неправедно се збогати“, се наведува во документите.

Во својата ревидирана тужба Пит е дециден дека му било скратено правото да го откупи делот на својата поранешна сопруга во винарницата, а со преземањето на нејзиниот удел од страна на рускиот олигарх Уриј Шефлер брендот станал поврзан со Русија, нејзините хомофобични закони и војната против Украина, што потенцијално ќе го оцрни името на „Шато Миравал“.

Во поднесокот е наведено дека Анџелина првично признала дека може или да му дозволи на Бред да ја откупи или заеднички да го продадат бизнисот и се согласила да се подели на 68 со 38 проценти во негова корист бидејќи тој повеќе вложувал.

„Но, во летото 2021 година, во услови на жесток судски спор за старателството над децата, Џоли ги прекина разговорите и тајно продаде 50 отсто од акциите во семејниот дом и семејниот бизнис на ‘Тенут дел Мондо’“, стои во удскиот документ.

„’Тенут дел Мондо’ е дел од конгломератот за алкохолни пијалоци поврзани со ‘Столи груп’, поврзана со Русија, во сопственост и под контрола на милијардерот Јуриј Шефлер“.

„Шефлер, кого американското Министерство за финансии го означи како олигарх во Руската Федерација, претходно сакаше да го купи ‘Миравал’, а Пит го одби“.

„Пит дозна за наводната продажба на делот на Џоли на ‘Столи груп’ преку соопштението за печат, во кое стои дека ‘Столи’ е воодушевен што има место покрај Бред Пит како кустос на ‘миравал розе’“.

„Тоа било планирано: Џоли тајно соработувала со Шефлер и неговите соработници за да ја финализира наводната продажба, се потрудила Пит да не дознае ништо бидејќи ‘Столи груп’ и Џоли свесно ги прекршија договорните права и донесоа странец во семејниот дом на Пит“.

Ревидираната тужба го посочува сообвинетиот Шефлер како виновник за дестабилизација на винарницата и учество во заговор за непријателско преземање.

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно