Маж загина во тешка сообраќајка помеѓу мотор и автомобил во валандовско

На 06.06.2023 во 13.50 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А-1, делница село Удово – село Марвинци, општина Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од М.К.(68) од село Пирава, валандовско и патничко возило „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(36) од село Јосифово, валандовско.

Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал од лекар од Здравствен дом Валандово. А.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од Полициската станица Валандово.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно