Хипоталамусот – центарот за апетит во мозокот, е поголем кај луѓето со вишок килограми

Научниците од Универзитетот Кембриџ открија дека хипоталамусот, клучната област во мозокот што делува како центар за контрола на апетитот, е значително поголем кај луѓето со прекумерна тежина и оти нездравата исхрана може да предизвика воспаление во овој дел на мозокот, што води до структурни промени.

Научните испитувања биле спроведени врз 1.351 млад човек со различна тежина. Тие воспаленија, велат научниците, може „да ги наруши природните механизми одговорни за одржување стабилна телесна тежина“, што им отежнува на лицата со вишок килограми да го контролираат гладот ​​и исхраната, пишува британски „Тајмс“.

Наодите говорат дека вкупниот волумен на хипоталамичната структура во мозокот е значително поголем кај луѓето со прекумерна телесна маса.

Прочитајте кои се моќни природни андидепресиви

Во природата можеме да најдеме лекови за сите болести, а овие се одлични за појава на симптоми на депресија или оние денови кога ништо едноставно не ни е по наша желба. Успешно се борат против падот на концентрацијата, нервозата и лошото расположение.

Гинко билоба

Гинко билоба има многу позитивно влијание на нервниот систем. Луѓето кои имале проблем со протокот на крв во мозокот, по редовна употреба на ова растение, имале одлични резултати. Гинко билоба е најдобрата билка за лекување на депресија предизвикана од стареењето на мозочните клетки. Може да го користат и помладите, бидејќи позитивно делува на нервниот систем и значително го подобрува расположението.

Јасмин

Мирисот на јасминот има многу корисен ефект врз нервниот систем. Ги подобрува сонот и расположението, а носи и чувство на среќа и мир. Тој е еден од најсилните природни антидепресиви. Можете да го користите во форма на масло, или можете да го оставите сувото растение во просторијата.

Лаванда

Друг природен антидепресив е лавандата, која делува на нервниот систем така што го опушта, со што го ослободува телото од чувството на тага и сите состојби на депресија. Промовира нормален сон и добро расположение, а препорачуваме да користите масло од лаванда.

Боровинки

Освен што се вкусни, тие ни помагаат и при депресија со тоа што го подигнуваат нашето расположение и промовираат чувство на среќа и задоволство. Тие се полни со антиоксиданси кои го чистат и штитат нашето тело од штетни влијанија. Освен тоа, го штитат нервниот систем и помагаат во обновувањето на нервните клетки.

Какао

Ако изедете 2 или 3 коцки темно чоколадо, тоа благотворно ќе влијае на нервниот систем, а ќе ги подобри и концентрацијата и расположението.

Јаткасти плодови и семиња

Јаткастите плодови и семките (особено ленот и конопот) се богати извори на масни киселини, кои имаат исклучително позитивно влијание на нашиот нервен систем. Редовното консумирање на храна која е богата со омега 3 масни киселини ќе ви помогне да го зачувате вашиот нервен систем. Доколку ги консумирате редовно, шансите да заболите од депресија се многу мали.

Ова се најлошите намирници за здравјето на мозокот

Постојат многу фактори што можат да влијаат на ризикот од проблеми со здравјето на мозокот, а некои од нив се целосно во ваша контрола. Одредени фактори можат да ви помогнат да го одржите вашиот мозок во врвна форма, како што се избегнување на пушењето цигари, применување физичка активност и одржување здрава тежина.

– Да се има оптимално здравје на мозокот значи минимизирање на воспалението и изложеноста на токсини, да се биде метаболички флексибилен, да се има потпорна енергија, проток на крв, оксигенација, митохондријална функција и хранливи материи, како и да се има доволна невротрофична поддршка – вели Дејл Бредесен, истражувач за неврологија и експерт за невродегенеративни болести.

Кога станува збор за изборот на храна, добро е познато дека следењето шеми на исхрана богати со антиоксиданси како медитеранската исхрана и фокусирањето на хранливи материи како омега-3 масните киселини и витамините Б може да помогне во поддршката на природното здравје на вашиот мозок.

Високото дневно внесување овошје и зеленчук може да резултира со подобри когнитивни перформанси во споредба со оние што консумираат мали количества овошје и зеленчук во нивната исхрана. Значи, исхраната богата со хранливи материи преполна со антиоксиданси, здрави масти и микронутриенти може да ви помогне да го одржите вашиот мозок здрав. Меѓутоа, од друга страна, постојат одредени намирници што можат да дејствуваат против целите за вашето здравје на мозокот, особено ако често ги вклучувате во вашата исхрана.

Пржено пилешко

Сè што е длабоко пржено има добар вкус, а тоа крцкање што го добивате кога ќе гризете пржена храна е нешто што е тешко да се замени. Меѓутоа, јадењето пржена храна како што е прженото пилешко месо често не му прави никаква услуга на вашиот мозок. Резултатите од метаанализата објавена во списанието „Американ џрнал оф клиникал нутришн“ покажаа поврзаност помеѓу поголемо количество пржена храна и зголемен ризик од когнитивни здравствени проблеми.

Гумени бонбони

Сите ние сакаме слатко задоволство одвреме-навреме. Меѓутоа, бонбоните како гумените мечиња се речиси без ништо хранливо, бидејќи во суштина се направени од чист шеќер. Додека шеќерот во форма на гликоза е потребен како извор на енергија, преголемата потрошувачка на шеќер е поврзана со оштетување на меморијата и зголемен ризик од деменција. Затоа е подобро гумените бонбони да ги консумирате како повремено уживање и да се придржувате до слатките грицки со хранливи материи за често грицкање, како овошјето.

Брза храна

Понекогаш опасноста не е храната што ја јадете, туку она во што е спакувана вашата храна. Познато е дека обвивките за брза храна содржат пер- и полифлуороалкилни супстанции (ПФАС) или хемикалии што се поврзани со многу негативни здравствени ефекти, вклучувајќи и негативни ефекти врз нашето когнитивно здравје.

Крофни

Крофните предизвикуваат троен удар кога станува збор за храна што не го поддржува здравјето на нашиот мозок. Овие слатки обично се прават со додаден шеќер, кој, кога се консумира прекумерно, се чини дека е поврзан со пониска когнитивна функција. Крофните се исто така пржени и се сметаат за ултраобработена храна, што укажува на тоа колку нивното често консумирање може да биде штетно за здравјето на вашиот мозок.

Популарно