Пожар кај населба Лисиче, гори трева, нема опасност по околните куќи и згради

Во пожарот кој пред малку изби во Скопје на ул. Тодор Чангов во населба Лисиче, спроти Рагуза, гори трева, соопшти ЦУК.

-Го гаснат две цистерни на скопската Против - пожарна бригада со осум пожарникари и не претставува опасност за околните куќи и згради. Пожарот е под контрола, наведуваат од ЦУК.

Пожарот избил околу 18.25 часот, и досега има повеќе пријави на 112.

Градски паркинг-Скопје утре нема да наплаќа за паркирање во зоните А, Б, Ц и Д

ЈП Градски паркинг-Скопје соопшти дека утре, на празникот Свети Климент Охридски, нема да се наплаќа зонско паркирање на јавните површини со кои стопанисува ова јавно претпријатие односно на  зоните А, Б, Ц и Д. 

Како што информира, редовна наплата ќе се врши на паркиралиштата:  Зона А0- Водно, катни гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните паркиралишта „Кочо Рацин, „Треска“, Градска болница, „Нова Македонија“, АМСМ, „Народен фронт“ и Клинички центар „Мајка Тереза“.

Општина Центар: Препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Општина Центар по повод трагичната смрт на 14-годишната Вања Ѓорчевска, ученичка во 9-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ со препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката.

– Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, се вели во соопштението од Општина Центар.

Во основното училиште каде учеше Вања денеска е отворена книга на жалост.

Вања беше пријавена за исчезната во понеделникот, а нејзиното беживотно тело беше пронајдено вчера во близина на Скопје.

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје денеска на прес-конференција изнесоа детали според кои Вања била грабната во влезот на зградата во која живее, врзана на рацете и нозете и покриена со вреќа за спиење била ставена во багажникот на возилото „цитроен“ и однесена на локација во близина на Скопје каде е убиена истиот ден кога е грабната. Според првичните сознанија, информацијата за нејзиното движење, сторителите ја добиле од нејзиниот татко.

Првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, кој е организатор и извршител на делото, е во бегство, а на тројца им е изречена мерка притвор во траење од 48-часа. Вчера на распит бил и таткото на девојчето.

Сеуште се трага по ученичката од Песталоци која исчезнала на пат кон училиште

Изгубено е девојче во Скопје кое последен пат е видено во Дебар Маало на патот кон Песталоци. Нејзината мајка преку објава на фејзбук бара апел за помош.

Таа утрово во 7:20 излегла за на училиште и оттогаш и се губи секаков траг.

Сеуште не е пронајдена никаква трага и се очекува во потрагата да се вклучи и полицијата.

Популарно