Овошје што може да ви предизвика надуеност

Консумирање на одредени овошја понекогаш се поврзува со надуеност. Диететичарите тврдат дека постојат три вида на овошје чијшто внес треба да биде ограничен доколку страдате од овој проблем.

Јаболка

Иако можеби се најпопуларното овошје, јаболката се богати со влакна, што може да предизвика надуеност кај оние со чувствителен дигестивен систем. Исто така, јаболката содржат пектин, кој е тешко сварлив за некои луѓе и може да предизвика гасови и надуеност.

Лубеница

Лубеницата е омилено летно уживање со причина. Полна е со витамини и минерали, но и вода, што понекогаш може да доведе до привремена надуеност.

Манго

Мангото има многу хранливи материи, но и влакна и фруктоза, што може да биде причина за надуеност кај луѓето со чувствителен стомак. Природните шеќери и влакна во мангото може да ферментираат во дигестивниот систем, што доведува до гасови и надуеност.

Кора од лубеница го враќа сјајот на кожата и ја хидрира

Кората од лубеница може да направи чуда на вашата кожа. Освен што третманот со замрзнати коцки од кората ќе ја направи вашата кожа мека и сјајна, ќе помогне и при проблеми со акни.

Наместо да ја фрлите кората од лубеница, можете да ја користите за смути, десерт, па дури и да ја киселите. И додека ова овошје е одлично по својот вкус и својства за нега на кожата, неговата кора исто така е полна со придобивки.

Значи, следниот пат кога ќе сакате да фрлите кора од лубеница, запомнете дека можете да ја користите така што ќе ја исечете на коцки, ќе ги замрзнете и ќе ѝ пружите освежувачки третман на вашата кожа.

За почеток, ќе треба да ја исечете лубеницата и да го отстраните делот за јадење (т.е. да го јадете). Потоа исечете ја кората на парчиња, ставете ја во блендер и направете паста од неа. Потоа истурете ја смесата во здела со мраз и чувајте ја во замрзнувач неколку часа. Извадете една коцка и нежно тријте ја во пределот на лицето и вратот. Повторете го ова секој ден.

Оваа постапка е навистина многу едноставна, и веројатно се прашувате зошто мора да има коцки мраз. Имено, коцките мраз, генерално, се одлични за кожата. Тие го одржуваат вашето лице свежо и подмладено, а исто така можат да помогнат при акни, болни мозолчиња, црвенило и иритација на кожата. Исто така коцките мраз се одлични за одржување на младешко лице. Тие можат да помогнат при предвремено стареење и појава на брчки.

Една коцка мраз пире од лубеница дневно треба да биде доволна за да ѝ даде природен сјај на кожа.та Кората од лубеница ја прави кожата мека и сјајна и совршено ја навлажнува. Исто така, делува како природен тоник.

Покрај тоа, ако имате мрсна кожа и сте повеќе склони кон појава на акни, кората од лубеница во форма на коцка мраз може да го елиминира вишокот маснотии од површината на кожата и да ги исчисти порите. На тој начин вашето лице може да стане чисто редовно користејќи ја оваа рутина, пишува The Indian Express.

Една чаша од овој напиток пред спиење го топи салото

Мастите околу стомакот и нозете најтешко се елиминираат, поради различни фактори, а многумина поради тоа се очајни.

После држење на макотрпни рестрикциски диети и слабеење од 10-тина килограми, сепак и натаму остануваат мастите на стомакот и на некои несакани делови од телото.

Рецептот за овој напиток се појави на Интернет и многумина го пробаа и се задоволни. Еве како тој делува:

Телото ги согорува мастите навечер кога ќе си легнете да спиете. Затоа, најдобро е да спиете осум часови, зошто со секое скратување на вашиот сон, вие не само што го кратите овој процес, туку дополните придонесувате за таложење на нови слоеви масти.

Телото во текот на сон од 8 часови ги закрепнува и развива мускулите, но ништо не прави со мастите. За да се активира овој процес за топење на мастите и да се забрза метаболизмот, потребно е телото да продолжи да ги согорува калориите и додека спиете.

Овој напиток токму тоа го прави. Искуствата велат дека ако не јадете ништо неколку часови пред спиење, а потоа го испиете овој напиток, може да согорите барем половина килограм. Но, тоа не е сè, ќе си го погледнете своето тело утрото кога ќе станете! Најпрво погледнете ги своите нозе и стомакот како се “издишани” и спласнати.

Еден час пред спиење треба да го консумирате следниот напиток:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 лимон
  • 1 китка магдонос
  • 1 јаболко (*ако не сте вечерале)
  • 1 полна лажичка цимет
  • 1 лажица јаболкова киселина
  • 1 мала лажичка рендан ѓумбир
  • 1 мала лажичка мед
  • 1 чаша вода

ПОСТАПКА:

Лимонот исцедете го, па заедно со измиениот магдонос ставете ги во блендер. Доколку не сте вечерале можете да додадете и половина или цело јаболко, во спротивно исклучете го од рецептот.

Додадете ги и останатите состојки. Со постепено додавање на водата миксајте додека да добиете изедначена смеса.

Уште подобро доколку наместо вечера го испиете овој напиток.

Луѓе што го пробале тврдат дека иако за појадок јаделе печиво, за ручек месо со ориз, па дури и малку чоколадо, а потоа наместо вечера го пиеле овој напиток, сепак следниот ден биле за половина килограм послаби од претходниот ден.

Популарно