25-годишник силувал 81-годишна баба

Маж на 25-години од село Косевица, Македонска Каменица вчера е уапсен од страна на полициските службеници. Тој се сомничи дека силувал 81-годишна баба, известија од Министерството за внатрешни работи.

„На 13.09.2023 во 22.30 часот во струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. 

Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко“, изјавија од МВР. 

Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно