Секоја боја во пастата за заби има своја улога

Многу луѓе ја опишуваат пастата за заби како тробојна смеса што се става на четка за заби. Изборот на бои не е случаен, т.е. производителите со причина ги полнат тубите со бел, бело-сино-црвен производ или сосем друга комбинација.

 

Секоја боја има различни состојки со одделни ефекти врз забите. Се чини, поради некоја причина, велат познавачи, производителите на пасти за заби не се потрудиле доволно да им објаснат на потрошувачите зошто нивните пасти имаат одредена боја.

Белите пасти, на пр. содржат супстанции кои го отстрануваат плакот и спречуваат појава на кариес.

Црвената лента во смесата главно има активни состојки неопходни за нега на непцата, а пак, сината лента служи за освежување на здивот. Покрај тоа, сините пасти содржат и состојки со антимикробно дејство.

Има и пасти со зелена, наместо сина линија.

Некои истражувања, сепак, посочуваат дека во некои случаи боите немаат никаква врска со ефектите, туку тоа е рекламно-маркетиншки потег бидејќи е откриено дека луѓето купуваат повеќе пасти со три бои. 

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно