(Фото) Бремената сопруга на Огнен Амиџиќ со стравична објава: Мајка ти те научила да земаш туѓи мажи и татко на дете

Српскиот водител Огнен Амиџиќ и неговата избраничка Мина Наумовиќ за неколку месеци ќе го добијат првото свое заедничко дете, а планираат и да се венчаат.

За нивната врска се дозна неколку месеци по разводот на водителот со убавата Македонка Данијела Димитровска со која го има синот Матиј, а Мина сега објави на Инстаграм какви лоши коментари добива од луѓето кои мислат дека таа е одговорна за разводот на Амиџиќ.

-Тоа што го носиме од дома, тоа нас ни е се. Потоа се низ животот само го надградуваме. Среќна сум што подобри темели не ни можев да имам, сподели Мина на својот Инстаграм профил, а потоа го добила и следниов коментар:

„Убаво те воспитала мајка ти да растуриш туѓи бракови, да заведеш туѓи мажи и татковци на деца, секоја чест. Браво за родителите и воспитувањето“, стои во пораката до неа.

Аца Лукас во Скопје заедно со Мира Шкориќ на спектакуларниот пред-новогодишен концерт

Најголемата балканска и регионалана ѕвезда Аца Лукас на големо се подготвува за скопскиот спектакл закажан за 25 декември во салата Борис Трајковски.

Опремата за концертот веќе е во Македонија, а како што најавуваат од продукцијата задолжена за настанот, Аца Лукас покрај големиот бенд и гостите, најавува и најсофистицирана аудио и видео опрема која ќе го надополни пред-новогодишниот амбиент.

Она што е ново, тој на социјалните мрежи ја објави и неговата специјална гостинка Мира Шкориќ која заедно со него ветуваат мега забава и предновогодишно загревање...

- Со Мира ќе биде лудо. Многу се радувам што доаѓа во Скопје, затоа што ќе биде вистинска забава. Кој ја слушал знае, плус со мене е тоа е веќе нешто за што ќе се зборува. Жал ми е што неможе да ме придружува на секој концерт, ама еве за Скопје ми се посреќи и едвај чекам да дојде 25 декември– изјави Лукас.

 

Тој пред македонската публика со својот оркестар ќе ги отпее добро познатите хитови, но ќе ги изведе и новите песни кои секоја недела ги промовира по објавувањето на филмот Покидан а кои се во функција на загревање пред новогодишните празници.

 

Целиот концерт е замислен како

предновогодишна забава, а на располагање се вип карти и билети за следење на спектаклот кои веќе можат да се набават преку https://mktickets.mk/event/aca-lukas-skopje/


Познавајќи го Лукас журката на 25 декември во Борис Трајковски ќе биде загарантирана..

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ во костим за капење од 2.500 денари

Анастасија Ражнатовиќ по венчавката во Србија замина на заслужен одмор, а вистинска полемика настана околу цената на костимот за капење што го носеше.

Имено, одредени страници на Инстаграм дознале дека костимот за капење чини околу 2.500 денари.

По оваа објава, луѓето почнаа да коментираат дека очекувале таа да носи многу поскапи костими за капење.

-Жената покажа дека е без никакви комплекси. Многу ми е драго што е ваква и што е добар пример за младите како треба да се однесуваат, се само дел од коментарите на социјалните мержи.

(Видео) Младиот Мустафа кој живееше под мост ја измамил Марија Шерифовиќ: „Тој е лажго, коцкар, алкохоличар и преварант“

Во јуни минатата година повеќе медиуми пишуваа за хуманиот чин на Марија Шерифовиќ, која му помогна на Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој спиеше под мост.

Марија Шерифовиќ застана зад него, му најде работа на градските базени, му плаќаше кирија за стан за една година, но и три оброци дневно во блискиот ресторан.

Сега се појави вест дека Мустафа бил избркан од станот, за кој Марија му ја платила киријата, а се огласила и сопственичката на станот која тврди дека Мустафа е обичен измамник.

Салиха не штеди лоши зборови, па тврди дека снимањето на Мустафа под мостот било чиста глума, со која сакал да добие сожалување и донации од луѓето. Таа го окарактеризира Хрустиќ како безделник, лажго, коцкар и алкохоличар, а кажала и дека е многу неуреден.

Да потсетиме, Марија минатата година на Мустафа му ја плати киријата за станот за следната година. Дала и пари за сметките, а менаџерот на пејачката по посетата на Марија го однел Мустафа во блискиот ресторан во родната Зеница, каде што додека тој сакал, ќе има бесплатни оброци.

– Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници вакви пример, изјави тогаш Марија.

Популарно