Тројцата осомничени во случајот со убиената Вања се сами во посебни соби во Шутка, за да не се соочат со револтот на другите притвореници

Тројцата осомничени за случајот со киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, кои завршија зад решетки и добија 48-часовен притвор се сместени секој сам и во посебни простории во Шутка, неофицијално пренесува „Фокус“.

Порталот повикувајќи се на нивни информации, штипјанецот Влатко Кешишов, велешанецот Велибор Манев и валешанецот Боре Видоевски се ставени секој посебно, за да не бидат мета на револтот на другите притвореници. Дел од нив се жалеле и на здравствени проблеми, но немале некои поголеми потешкотии.

Видео: Запалени возило и гаража во Кавадарци

Возило и гаража биле запалени доцна синоќа во Кавадарци, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи. 

Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари. 

За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

- Оштетено е едно возило ,,голф" четири, трактор и дел од гаражата. Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната. Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа, нагласуваат од Кабинетот на градоначалникот. 

Почина легендата на југословенскиот филм

Познатиот доајен на југословенскиот и српскиот театар, Илија Ика Башиќ почина на 91-годишна возраст.

Илија беше еден од основачите на Друштвото на филмски и телевизиски работници на Војводина.

Ќе остане запаметен по бројни епизодни улоги, меѓу кои се и некои многу култни продукции како што се „Кожаре“, „Појадок со ѓаволот“, „Чувари на плажата во зима“ и „Тито и јас“.

Имаше и многу забележителна професионална улога во основањето на филмската продукција во САП Војводина.

Погребот на Ика Башиќ ќе се изврши во сабота на 24-ti февруари во 10:30 часот на Градските гробишта во Нови Сад.

Исчезнатиот Александар пронајден мртов на „Топташ“, телото предадено на обдукција

Четириесет и шест годишниот прилепчанец Александар Јошески, по кого вчера се трагаше, како што објави неговото семејство пронајден е починат.

Од МВР изјавија дека  пријава дека лицето е пронајдено починато добиле во 20:15 часот.

„Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Популарно