Пронајден убиецот на 76 годишниот маж од Крива Паланка

На 05.12.2023 од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово - ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д.(27) од   Крива Паланка. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д.(76) од Крива Паланка, предвидено и казниво по чл.123 од Кривичниот законик.

Имено, на 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт, по што веднаш се преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело.

За случајот сочинета е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно