Видео: Ученичка пукаше во школо во Русија, повреди петмина и се самоуби

Во четвртокот наутро дошло до пукање во училиште во областа Брјанск во Русија, потврдија оперативните служби за руската државна новинска агенција ТАСС.

„Ученичка од осмо одделение донела огнено оружје (во училиште) од кое пукала неколку пати“, рекол изворот.

„Според првичните информации, ученичката испукала неколку истрели, при што пет лица се повредени. После тоа, девојчето се самоубило“, соопшти полицијата.

Се утврдуваат мотивите и околностите на настанот.

Јапонските власти до населението: Не правете залихи од храна поради најавите за мегапотрес

Јапонските власти побараа од граѓаните да не складираат „прекумерни залихи“ на стоки за широка потрошувачка откако најавата за можен „мегаземјотрес“ предизвика зголемена побарувачка.

Министерството за земјоделство и рибарство во порака на социјалната мрежа Х го повика населението да избегнува да прави прекумерни резерви на основни добра.

„Подгответе резерва за три дена по лице“, советуваат од министерството.

Супермаркети во Токио објавија известувања во кое им се извинуваат на клиентите за недостигот на некои производи кои се припишуваат на медиумските извештаи за земјотресот. Се додава дека има одредени ограничувања за купување и дека флашираната вода веќе е ограничена поради „нестабилноста“ на снабдувањето.

Преносливи тоалети, конзервирана роба и флаширана вода утрово беа меѓу најпребаруваните ставки на веб-страницата на најголемата јапонска компанија за е-трговија Ракутен.

Некои продавници долж брегот на Тихиот Океан, исто така, пријавија голема побарувачка за слични производи поврзани со можната катастрофа, објавија локалните медиуми.

Јапонската метеоролошка агенција  издаде предупредување по земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтер во кој беа повредени 14 лица на југот на земјата дека постои зголемена можност за нов силен земјотрес.

Тридневна жалост во Бразил по уривањето на патнички авион

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице.

– Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа – се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Х.

Патнички авион со 61 патник и членови на екипажот се урна вчера во местото Вињедо, во близина на Сао Паоло, и нема преживеани. Според информациите на превозникот „Voepass Linhas Aéreas“ се работи за турбо-лесен авион АТР-72 што се урнал меѓу Каскавел и Гуаруљос.

Автобуска несреќа во Турција, 11 загинати, 24 повредени

Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени кога патнички автобус удрил во мост во областа Полатли, округот на Анкара, јавија турските медиуми.

Автобусот удрил во колона под мостот околу 5:00 часот по локално време, во правец кон Ескишехир.

На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, медицински и спасувачки екипи.

Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, рече дека првичните информации укажуваат дека возачот заспал бидејќи нема индикации дека се обидел да закочи.

Популарно