Денес се слават овие светители

Преподобен Максим Исповедник

Цариграѓанин по род и најнапред висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено: како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и на патријархот. Но не се исплаши туку докрај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји соодветно на двете природи. На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите. Страдањето на Свети Максим за Православието е неописливо: малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван, затваран, а најпосле му ги отсекоа јазикот и раката и го осудија на доживотно прогонство во земјата Скитска, каде што три години помина во затвор, па Му ја предаде својата света душа на Бога во 666 година.

Тропар

Од младоста своја Вистината возљубувајќи ја, Патот во животот те хранеше со слободата, о Максиме, свет подвижниче, војнику свет на Богомајката, столбу непоколеблив пред Пресвета Троица, исповедниче на животот во вечноста, моли се, преподобен учителу на Љубовта, срцата да ги исполниме со светлината Христова, душата по твоите свети молитви да биде помилувана од Пресвета Троица.

Блажениот Максим Грк

Роден е во Грција, од каде што го повикаа на дворецот на рускиот цар Василиј Јованович за царски библиотекар и преведувач. Многу работеше, но многу и страдаше за вистината. Долго време помина во затвор, каде што го напиша познатиот Канон кон Светиот Дух, којшто до денес се употребува во Црквата. Се упокои во Господ во 1556 година.

Тропар

Пламените љубов за вистината, и ревноста твоја за Божјата слава, ја подигнаа душата твоја вис небеса, о Максиме Божји угодниче. Духот Свети Утешител се приви до срцето твое, а тоа за Него прозборе оставајќи ни зборови, за радост на ангелите и утеха на верните. Радувај се, оче свети, и за нас моли се, од Христа да бидеме примени по твоите свети молитви.

Светиот маченик Неофит

Родум од Никеја. Уште како дете вршеше големи чуда со благодатта Божја. Изведе вода од камен, ја воскресна својата мртва мајка. Беше одведен од бел гулаб на гората Олимписка, каде што од една пештера го истера лавот и се насели во нејзината внатрешност. Во неговата петнаесетта година беше мачен за Христа во времето на царот Диоклецијан, и тоа во Никеја. Никако не сакаше да се одрече од Христа. После биење и затварање го фрлија во оган, но Бог го сочува жив. Тогаш го ставија пред гладен лав, но лавот се умилкуваше околу Неофит. Во тој лав светителот го препозна истиот оној лав во чијашто пештера се подвизуваше, па го помилува и му нареди пак да си оди во својата пештера. Тогаш Свети Неофит го прободија со копје и тој се пресели во дворовите Господови.

Тропар

Преку тебе кој Го прослави изворот на животот Христа Господа, Он изведе вода за напојување на страдалниците, закрепнување на ожалостените, надеж на прогонетите. Младоста на животот и храната ангелска во исповедништво те поведоа, за слава Божја а посрамување на заблудените, затоа за нас моли се денес и секогаш ти, кого Христос Спасителот го овенча со маченички венец непобедлив.

Светата маченичка Агнија

Тринаесетгодишно девојче, за верата во Христа фрлено во оган, па убиено со меч. Пројави голема чудотворна моќ за време на животот и после смртта. Пострада во времето на Диоклецијан, во 305 година.

Тропар

Немоќни зборови имаме, за да ја допреме радоста твоја, о Агнио, јагне Божјо, на средба со Вечниот Женик на твојата душа, но бескрајна благодарност денес ти принесуваме, а преку тебе и на Христа Бога, за верата искажана, мудроста непоматена и молитвите за нас принесени, пред Вечнопостоечкиот, Кој преку тебе ја обновува девственоста на душите наши.

За Василица се крши погача со златник, велат од Бигорскиот манастир

Некои семејства лепчето со паричката го поделија за Бадник, други се подготвуваат тоа да го сторат за Василица која се слави следната недела. Секој крај си има свој обичај. 

Во се­ко­ја ку­ќа се ме­си крав­ја­че, пи­та или по­га­ча во ко­ја се ста­ва па­ра.

Си­те при­сут­ни во сво­јот дел од крав­ја­че­то ја ба­ра­ат па­ра­та и тој што ќе ја нај­де се сме­та за нај­среќ­ни­от во го­ди­на­та што прет­стои.

Некои од цр­ков­ни­те ли­ца се сог­ла­су­ва­ат де­ка за Бад­ник тре­ба да си до­ма. Но, ве­лат, леп­че­то со па­ри­че­то оста­ве­те го за Ва­си­ли­ца. Оби­ча­јот на Бад­ник да сед­не­ме на ма­са и да кр­ши­ме леп­че со па­рич­ка не е цр­ко­вен, ту­ку фолк­ло­рен оби­чај. 

Зошто на празникот на Св. Василиј се става златник или паричка, а не на Бадник? Одговор и детално појаснување за верниците за ова прашање пред неколку години дадоа надлежните од Бигорскиот манастир. 

- Свети Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на Свети Василиј, 1. јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија, појаснуваат оттаму. 

Сепак на луѓето им останува да си го направат својот избор, дали лепче со паричка ќе има на Бадник или пак на Василица. 

Православните христијани го слават Бадник

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.

Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2025, а здравичар е Атанас Петров, кој на платото пред Соборниот храм ќе ја каже здравицата во пресрет на Божик. 

Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората и чајот, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.

Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“, Христовото раѓање напладне во Скопје и други градови низ земјава,  ќе го најават децата со бадникови поворки, пеејќи ја „Вечниот Бог“.

Во Скопје се очекува да биде формирана досега најдолгата бадникова поворка, а за дечињата се подготвени повеќе од 3.500 коледарски пакетчиња.

Поворките ќе тргнат пред Музејот на Град Скопје, со движење низ улицата „Македонија“, а ќе завршат на Плоштадот во Скопје, каде што ќе се одржат голем Божикен концерт, креативни работилници за децата на кои секое дете ќе може да изработи своја ѕвезда и да ја зачува за следната година, драмски претстави за сите возрасти, како и традиционално дарување од градоначалниците, кои ќе ги пречекаат дечињата, како најрадосни предвесници на Христовото раѓање.

На плоштадот во Скопје уште претходно беше поставена пештера на Христовото раѓање, создадена од врвни уметници и волонтери.

- Бадниковите поворки и во 2025 година ќе внесат весела празнична атмосфера во домовите на сите православни христијани, ширум земјава и странство. Затоа, ајде сите заедно да ја пренесеме божикната радост во секој град, секое населено место, во секој дом и да го почувствуваме благословот на Христовото раѓање, порачаа од Здружението „Бадникови поворки“.

Поради одбележувањата на Бадник, денеска на подрачјето на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. 

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Денеска е Зачнување на св. Ана

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 декември.

Денеска е Зачнување на св. Ана.

Денес Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог. Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана. Црквата ги нарекува богоотци.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Франциска Кабрини.

Според службените статистики од 1876 до 1914 година, 14 милиони Италијанци поради неповолните животни услови, ги напуштиле родните градови и заминувале во странство, а најчесто во Америка. Покрај тешката работа, единствената утеха на луѓето, им биле италијанските свештеници. Во тешките услови Господ, им ја испратил света Ивана Кабрина.

Таа неуморно работела со своите сонародници, охрабрувајќи ги во новата татковина. Затоа ја нарекувале Мајка на италијанските иселеници, бидејќи живеела за нив. Поради нејзиното несебично работење и светост, папата Пио Дванаесетти, 28 години по нејзината смрт, ја прогласил за светица.

Популарно