Ова се последните седум збора на Исус пред да биде распнат

Ова се последните зборови на Исус Христос кои ги изговорил пред да биде распнат на крст. Овие реченици има подлабоко значење, затоа прочитајте ги и запомнете ги!

Оче прости им, не знаат што прават! Со оваа реченица Христос покажал милост и кон своите непријатели и со тоа докажал дека извршителите на злочини никогаш не знаат што прават. Исмејувајќи го распнатиот Хростос, не биле свесни дека се смеат на самите себе и се претвораат во свињи. Со оваа реченица Бог ни порачува да не се светиме и да не посакуваме лошо дури на на своите непријатели т.е на оној кој не осудува, не оговара и ни се потсмева, бидејќи токму тој е оној кој ја пропушта Божјата милост и знаење и универзалната љубов која Бог ја пружа кон сите. Простете им бидејќи не знаат што прават!

Навистина ти велам – денес и ти ќе бидеш со мене во Рајот. Оваа Христова реченица е посветена на разбојникот кој исто така бил распнат на крст до него. Иако распнат, Исус својата мисија ја врши и во последниот час и миг. Тој ќе ги спаси и оние кои покажуваат и најмала волја да бидат спасени.

Жено, ете го син ти. Овие зборови Исус ги изговара на својата мајка која стоела под крстот на својот распнат син. Со овие зборови тој покажал грижа за своите родители што секој од нас мора да биде свесен за жртвата која родителите ја поднесуваат заради нас.

Боже, Боже мој, зошто ме остави? Со оваа реченица е искажана човековата немоќ бидејќи човекот страда. Оваа реченица го разбива и ересот, а тоа е дека боженството страдало на крст. Но, синот се престорил во човек за да може да умре за луѓето.

Жеден сум! Жеден за што? Вода или љубов? Оставен и распнат на крстот исмејуван од повеќето војници и понижуван ги изговара овие зборови. Затоа внимавајте како се однесувате кон своите ближни и дали правилно се однесувате кон нив, за да не ожеднат и тие поради недостаток на љубов.

Оче, во твоите раце го предавам Духот свој. Го предава својот дух во рацете на оној од каде што дошол. И да се знае каде ќе одат и нашите души, во рацете на спасителот наш.

Се заврши. Ова значи дека мисијата е завршена и искупен е човековиот род. Се завршува со смртта на синот Божји, се завршува маката, а животот почнува…

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по повод празникот Голема Богородица ќе чиноначалствува со богослужбата во манастирот во Матка

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот кај Матка утрово во 8:30 часот ќе се одржи богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан.

Традиционално на овој ден во манастирот се одржува општонароден собир и крводарителска акција.

Синоќа во пресрет на еден од најголемите христијански празници кај народот познат како Голема Богородица се одржа вечерна богослужба и сеноќно бдеење.

На овој ден илјадници скопјани и жители од други делови на земјата, христијани, но и муслимани доаѓаат во манастирот да се помолат за здравје пред Мајката Божја.

„Господи Исусе Христе помилуј нѐ“ – Благословот на Петолебието: Чин на вера и благодарност

Петолебието е длабоко значаен обред во православната вера, каде преку едноставни лепчиња и молитва, верниците ја изразуваат својата благодарност кон Бога за сите благослови во животот.

Оваа служба, која потсетува на Христовото чудо на нахранување на 5000 луѓе со пет леба, се изведува на вечерните богослужби за време на Великиот пост и други посебни прилики. Лебовите се подготвуваат со голема посветеност, придружени со молитвата „Господи Исусе Христе помилуј нѐ“, и по осветувањето, се делат меѓу верниците.

При подготовката на петолебието, верниците ги приложуваат и имињата на своите блиски, за да бидат спомнати на светата богослужба. Овој обред не е само чин на благодарност, туку и израз на длабока вера и духовна врска меѓу верниците и Бога. Лебот, иако материјално едноставен, носи непроценлива духовна вредност откако ќе биде осветен на светиот олтар. Верниците не треба да бидат пасивни набљудувачи, туку активно да учествуваат и да ги приложуваат своите молитви, создавајќи посебна духовна атмосфера во храмот.

Подготовката на петолебието е чест за домаќинката, која со свои раце замесува пет лепчиња кои ќе бидат осветени на светата богослужба. Оваа практика е важна за одржување на духовната врска и учеството во верските обреди. Црковното членство има обврска да ја одржува оваа традиција и да го пренесува значењето на петолебието на помладите генерации.

Со голема посветеност и со изговарање на молитвата „Господи Исусе Христе помилуј нѐ“, верниците го носат својот дар во црквата, изразувајќи ја својата вера и благодарност кон Бога. Петолебието не е само обред, туку и начин на духовно зближување и заедништво меѓу верниците.

За повеќе детали и рецептот за подготовка на петолебието, посетете го линк

Денес се слави летна света Петка, заштитничка од несреќи и болести

На 8 август, православните христијани го одбележуваат денот на Преподобната маченичка Параскева, позната во народот и како Летна света Петка. Почитта кон оваа светица е широко распространета меѓу македонскиот народ, кој ја смета за заштитница од различни несреќи и болести, па затоа често и ја нарекуваат мајка Параскева.

Денеска, на овој ден, својот именден го празнуваат сите со имиња како Петко, Петкана, Параскева, Пенка и други. Ова е првиот од трите празници посветени на света Петка, и денес се чествува Преподобната маченица Параскева Римјанка.

Во житието за неа се вели дека нејзините родители биле Римјани, а дека таа се родила како единствена ќерка по долги и искрени молитви кон Бога. Параскева се замонашила рано, а настрадала заедно со голем број христијани во време на царувањето на Антонин. Императорот присуствувал на нејзиното мачење, а кога светицата била фрлена во котел со врело масло и катран, нејзиното тело останало неповредено, а од течноста му прснало во очите на императорот, по што тој ослепел. Параскева, по ова му се помолила на Бога и императорот оздравел, а гледајќи го ова чудо голем број луѓе потоа ја примиле христовата вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка држи чинија со очи.

Додека овој ден не е означен со црвени или црни букви во православниот календар, сепак се смета за значаен празник, особено популарен кај жените. Верувањето е дека треба да се посвети на молитва и дека христијаните треба да избегнуваат тешки физички активности. Порано, се сметало дека во овој ден не треба да се вршат домашни работи како месење, перење, изнесување на пепел или шиење.

Популарно