Луѓето со одредени крвни групи полесно се справуваат од маснотиите

Луѓето со одредени крвни групи потешко се ослободуваат од масните наслаги, според нутриционистката Сима Кана од Њу Делхи, Индија.

Наводите, имено, говорат дека оние луѓе со крвна група АБ или АБ позитив вообичаено имаат доста тешкотии да ги симнат несаканите килограми, пишува „Тајмс оф Индија“.

Причината е тоа што луѓето со овие крвни групи тешко ги менуваат прехранбените навики. Од друга страна пак, луѓе со крвни групи 0 позитив и Б позитив, на пр., полесно би се ослободиле од несаканите масни наслаги.

– Луѓето со Б позитив имаат повисока базална стапка на метаболизам, со што потешко се здебелуваат. А пак, оние со крвна група А, напротив – поподложни се на дебелеење и тоа не зависи од Вашата генетика, објасни д-р Сима.

Натуропатот Питер Џ. Дадамо предлага одделна диета за секоја крвна група и тврди дека храната што се внесува има меѓусебна зависност со човековата крв и со самото варење на храната. Дополнително, на овој начин – со правилен избор на исхрана може да се спречат разни болести, па со следењето на планот за секоја крвна група, вели тој, лесно може да се постигне саканата тежина и така да се продолжи животниот век.

Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер

Во 1956 година, научниците од американското Национална служба за диви животни на Мидвеј Атол - остров во Тихиот Океан којшто служи како живеалиште за птици албатроси, забележале женка како се гнезди во таа област. Потоа ѝ ставиле ознака на ногата за да ја следат. Овој вид почнува да се размножува на возраст од околу пет години, па научниците претпоставиле дека таа птица е родена околу 1950 година. Ја нарекле Виздом (Мудрост).

Според научните проценки, таа единка сега има 74 години и се смета за најстарата дива птица во светот. Досега извела дури 60 јајца, а последниве четири години, Виздом мистериозно останала и без својот долгогодишен партнер, па и не несела јајца.

Но, оваа година, набљудувачите открија дека Виздом нашла нов партнер.

„Таа повторно го направи тоа. Најстарата позната дива птица во светот, Виздом има нов партнер и само што снесе уште едно јајце“, соопшти американската служба.

Атолот Мидвеј се наоѓа северозападно од Хаваите, и е дом и засолниште на илјадници морски птици коишто тука доаѓаат да ги снесат своите јајца. Благодарение на проектите за заштита, оваа област нуди безбедно засолниште за Виздом и многу други птици како неа.

8 години од смртта на кралицата на ромската музика Есма Реџепова

Пред осум години, на 11 декември 2016 година, по кратко и тешко боледување на 73 годишна возраст почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска.

Таа во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем број хуманитарни акции.

Неколку месеци пред смртта, поточно во мај, беше промовирана нејзината монографија.

Таа беше музички активна 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали и манифестации низ светот. Есма беше вистински музички амбасадор на Македонија во светот.

За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12 000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа. Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со еминентни музички светски имиња.

Денеска се слави Св. великомаченица Екатерина

Денес ја славиме Св. Великомаченица Екатерина, а именден празнуваат: Катерина, Ката, Катица…

Житието раскажува дека светата великомаченица Катерина потекнува од царско семејство од градот Александрија.

Живеела кон крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. Мајка ѝ била христијанка, но поради тоа што христијаните биле прогонувани, таа тоа свое верување не го кажувала јавно. На 18-годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и образована девојка со познавање на филозофијата, литературата, а особено ги совладала медицинските науки.

Многу богати кнезови сакале да се оженат со неа, но на сите што ја убедувале да се омажи им одговарала дека ќе се омажи тогаш кога ќе ѝ најдат момче што ќе биде рамно на неа со богатство, убавина и образование. Но такво момче немало. Имало и богати и образовани, но убави и мудри како неа немало.

Во близината на градот живеел еден праведен човек кој Катерина ја упатил во тајните на христијанството. Тој ѝ зборувал за чудесното раѓање на Исус од Пресвета и пречиста Дева Марија, која поради својата светост и чистота станала мајка на Спасителот, а подоцна била однесена на небото каде што ангелите ја служеле и ѝ се поклонувале како на царица. Подоцна Катерина ја сонувала Божјата мајка со својот син и го прифатила христијанството со сета своја душа и разум.

Еднаш кога царот и останатите пагани принесувале жртви и се молеле на паганските идоли Катерина му се обратила со зборовите. „Царе, нели ти е срам што се молиш пред гнасните идоли. Зошто не го запознаете вистинскиот Бог, кој слегол на земјата и зел човечка форма поради нашето спасение. Тој не сака жртви, туку само да живееме според неговите заповеди“. За ова Катерина требало да биде жестоко казнета, но поради нејзината убавина царот посакал да ја придобие за жена, ветувајќи ѝ раскошен живот и богатство, но и да ја оттргне од христијанството.

Но, Катерина сето тоа го одбила со гнасење. Кога царот помислил дека е недостојно за еден цар да се расправа со една жена, повикал педесетина мудреци кои требало да ја разубедат убавата девојка. Но, мудрата Катерина сите нив и многу народ убедила во вистинската Христова вера и ги придобила за христијанството. Поради тоа била осудена на смрт и пратена на губилиште. Главата ѝ била отсечена со меч на 18-годишна возраст на 7 XII/24 XI 305 (според други 310) година.

Преданието раскажува дека подоцна ангелите ѝ го однесле телото на Синајската планина.

Популарно