Вработување во Еast Gate Mall, УНИБанка, МТЕЛ!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Жито маркети располагаат со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО СКОПЈЕ (ЃОРЧЕ ПЕТРОВ)
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Фејдом е светски производител на гарнитури произведени во Македонија, од кои 95% се за извоз во Европа, Канада и Америка. Повеќе од 15 години е препознаен по својот модуларен и прилагодлив дизајн, како и високиот квалитет.

Моментално вработува:

РАБОТНИК СО ИСКУСТВО ЗА ГУРТНИРАЊЕ
ЛЕПАЧ (М/Ж)
ПОЛНЕЊЕ НА ПЕРНИЦИ

Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина

Моментално вработува:

PRODUCTION ENGINEER

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - EAST GATE MALL
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОНТРОЛИНГ И ИЗВЕСТУВАЊЕ

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ГЕВГЕЛИЈА

Компанијата МТЕЛ, дел од групацијата на Телеком Србија, започнува со работа со добивањето лиценца во јули 2021 година како трет телекомуникациски оператор на територијата на РС Македонија.

Моментално вработува:

АГЕНТ ВО ПРОДАЖЕН САЛОН ШТИП

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА И РАБОТА НА КАСА ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ТЕТОВО

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата

Денеска во 02.30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 25.07.2024 околу 20.50 часот пред влез од зграда на подрачјето на Центар, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н.(57).

Toj ја оштетил и влезната врата од зградата.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени

Околу 50 луѓе се повредени откако комбе во кое се превезувале имигранти се преврте на магистралниот пат Пирот – Ниш кај наплатната рампа Бела Паланка, јавија белградските медиуми.

Потешко повредените се транспортираат во нишкиот клинички центар, а полесно повредените во Општата болница Пирот. Истрагата е во тек.

Апсење на Средно Водно: Полицијата уапси млад дилер

Млад скопјанец уапсен на Средно Водно за поседување дрога.

На 25.07.2024 во 20.10 часот на патот кон Средно Водно во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Популарно