Го молев Филип да не ме носи во нејзината куќа: Пријовиќ проговори за вистината за односот со Лепа Брена, не бил ист од првиот ден!

Еден од најпопуларните брачни парови на српската естрада се Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.

Таа на самиот почеток на блескавата кариера, а тој израснал во семејство на спортски и шоубизнис суперѕвезди, тие привлекувале внимание со секоја своја постапка или изјава веднаш штом почнале да излегуваат.

Нивната венчавка, да потсетиме, беше најследениот медиумски настан во летото 2018 година, а сите пишуваа и за најмалите детали од нивната врска.

Не ретко се случува јавно да се коментира врската на Александра Пријовиќ и Лепа Брена. Иако отсекогаш негувале хармоничен однос, изјавите на Александра повремено предизвикуваат сомнеж за нејзиниот однос со Брена.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Александра Пријовиќ и Лепа Брена во последно време се честа тема на медиумите, а нивната врска се карактеризира како нарушена. Сепак, Пријовиќ за „Свет“ откри дека сега се сложуваат подобро од кога било.

– Сега имам врска со неа како со мајка ми. На почетокот не беше така, а поради неа ми беше срам, искрено – објаснува Александра.

-Брена и Боба ги познавам со години, пеев на нивните приватни прослави и сега наеднаш сум тука, во врска. И тогаш, кога дојдов за првпат, сакав земјата да ме проголта. Се чувствував како да сум направил нешто погрешно. Филип ми вели да одам кај него, а јас го молам да не ме носи таму“, искрена беше Прија.

Иако неколкупати истакна дека Брена не и е свекрва, туку дека тоа е Зорица Накиќ, мајката на Филип, таа никогаш не криела дека негува љубезен и почитуван однос со Брена, како и благодарност за секој совет што го добила од неа.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно