Избегнувајте ги продавниците кои не дозволуваат со платежна картичка да купите шише вода

Да ги игнорираме продавниците и трафиките кои немаат терминали за плаќање со картички и оние што не дозволуваат плаќање со картичка кога сакаме да купиме весник или шише вода, со образложение дека мора да направиме сметка од најмалку 200 – 300 денари, велат банкарите.

Според нив, сите банки кои имаат лиценца за прифаќање картички, уредите ги даваат без надомест, а волја на малопродажниот објект е дали ќе ги прифати или не.

-Многу е едноставно. Сите банки кои имаат лиценца за прифаќање картички, односно за работење со посттерминали, уредите ги даваат без надомест. Таа цела инвестиција е од страна на банките. Волјата на крајниот клиент, во конкретниот случај, малопродажниот објект, е дали ќе ги прифати или не. Народната банка со Законот за платежни услуги ја ограничи висината на заменските надоместоци меѓу банкарските провизии што една банка ги наплаќа на друга и реално цената на трансакциите е симната. Оттука, желба на самиот малопродажен објект е дали ќе го прифати или не или ако е расипан, дали ќе се јави веднаш да го поправат или не. Ограничување од аспект на сума нема никогаш, ниту за каква било трансакција. И јас лично имам видено – за цигари не може, за ова е вака, минимум 300 денари, но ниту една банка за тоа нема дадено такви, ниту формални, ниту неформални инструкции. Најдобар лек за тоа е да ги игнорираме тие продавници, односно да одиме во продавниците каде нашите навики ќе бидат соодветно задоволени и ќе има посттерминал да си платиме и да си купиме едно шишенце вода за 22 денари, истакна денеска Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка АД Скопје.

Одговорајќи на новинарски прашања по работилницата „Дигитализација на финансиските услуги и нивна примена во банкарскиот сектор“ што ја организира Народната банка за медиумите, Чадиковски потенцира дека нема никакво ограничување од страна на банкарскиот сектор, туку дека се работи за лична волја на малопродажните објекти. 

На работилнбицата беше истакнато дека граѓаните полека ги менуваат навиките и ги прифаќаат електронските услуги на банките. Иако 73 отсто од малопродажните плаќања во рамки на ЕУ се уште се во кеш, расте интересот за користење платежни картички и електронски трансакции.

„Сакам да станам психолог - Словенија ми ја отвора таа врата“

Елена и Јана Тунтевски се близначки, кои неодамна завршија прва година во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола. За кратко, заминуваат во Словенија со своите родители. Двете се извонредни и инспиративни млади девојки, двете со свои желби и планови, и двете се активни на сите полиња кои им се достапни за нивната возраст.

Инклузијата на учениците кои имаат одредена попреченост е вистински предзивик за образовниот систем, за наставниците, за родителите и учениците.  Според бројните истражувања, во моментов Словенија им нуди најдобро услови на учениците кои се соочуваат со одредена попреченост за да можат да имаат активен социјален живот и да се вклучени активно во него.

Елена е девојка која инспирира, мотивира. Всушност такво е целото нејзино семејство. Кога некој се соочува со попреченост, важна е поддршката од семејството.

После читањето на интервјуто – слободно можеме да се запрашаме: Каде се наоѓаме ние, кои можеме со леснотија да пресокнеме неколку скали? На што се жалиме?  За што сме благодарни? 

Читајте…може ќе откриете нешто што не сте знаеле за вас.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА

Ова растение треба да го има во секоја куќа - носи среќа и пари

Ова е едно од најпопуларните растенија за во затворен простор, расте брзо и лесно, а долго трае, но има една работа на која треба да внимавате доколку го украсува и вашиот дом.

Дрвото на пари (лат. Crassula ovata) е домашно растение кое лесно се одржува, а се верува дека носи среќа и пари.

Красула треба да биде поставена во близина на влезната врата бидејќи се верува дека носи пари во куќата.

Ова растение е познато и како растение на пријателството, па затоа често се подарува на саканите, верувајќи дека на тој начин му покажувате благодарност на пријателот, на тој начин им покажувате дека сакате да го споделите богатството со нив.

Се состои од гранки кои личат на мали стебла и месести, овални лисја. Токму поради тоа што се смета за симбол на среќа, дрвото на пари е одличен избор за подарок.

Ова растение се нарекува и јапонско или кинеско дрво на пари.

Ова се растенија кои припаѓаат на родот Crassula и може малку да се разликуваат едно од друго. Најпопуларен вид е Crassula ovata.

Како да се одржува растението?

Бидете внимателни доколку имате мачка или куче. Дрвото на пари треба да биде поставено далеку од нив, бидејќи сите делови од растението се токсични за животните.

Дрвото на пари треба редовно да се полева, но треба да внимавате да не го полевате премногу често. Почвата во која се наоѓа дрвото не смее целосно да се исуши, па најдобро е да ја полевате кога ќе почувствувате дека горниот слој на почвата е сув под прстот.

(Фото) Познат милијардер импресионирал значително помлада сопруга

Медиумскиот магнат Руперт Мардок во саботата се ожени по петти пат, пишува британскиот таблоид Сан.

Споменатиот таблоид, кој е во сопственост на Мардок, објави фотографии од 93-годишниот австралиски милијардер заедно со неговата 67-годишна сопруга, пензиониран молекуларeн биолог Елена Жукова.

Свадбената церемонија се одржала на неговото лозје во Бел-Ер, Калифорнија.

Жукова е мајка на руско-американската колекционерка Даша Жукова, поранешна сопруга на рускиот олигарх Роман Абрамович. Со децении, Мардок седеше на чело на Fox Corporation и News Corp, две медиумски компании кои ги вклучуваат Wall Street Journal, New York Post и Fox News.

Мардок, кој има нето богатство од 9,77 милијарди долари според индексот на милијардери на Блумберг, во ноември 2023 година објави дека ќе се повлече од функцијата претседател на двете организации, предавајќи ја позицијата на својот син Лахлан.

Со Жукова почна да се забавува минатото лето, а двојката ја објави свршувачката во март.

Мардок неодамна беше во брак со поранешниот супермодел Џери Хол со која се разведе во 2022 година.

Популарно