Hов тренд во годишните патувања

Во светот има нов тренд на патувања којшто во англоамериканскиот „сленг“ се нарекува „Coolcation“… Во слободен превод на македонски, тоа би звучело како „свеж одмор“, бидејќи се однесува на туристите кои бараат – постудена клима за својот годишен одмор.

Со високите летни температури деновиве, сѐ повеќе луѓе, на пр. – од Средна и Јужна Европа патуваат во Холандија, Скандинавија итн. Во таа смисла, порталот „Евроњуз Србија“ го издвојува градот Имео во Шведска. Со своите 17 Целзиусови степени во јули, мирната и тивка атмосфера и отсуството на сообраќаен метеж, Имео сѐ повеќе се истакнува како многу посакувано туристичко место, а посетителите пристигнуваат во сѐ поголем број.

Во тој контекст, Шведска, исто така, забележа раст на купувачи на домови од други држави, низ целата земја, којашто инаку има околу 10,5 милиони жители.

Климатските промени се уште една значајна причина за ова. Секако, климата не е единствената приказна зад експанзијата на скандинавскиот туризам. Стабилноста на валутите во Норвешка и Шведска, исто така, ги прави тие земји привлечни за странците. Ова подрачје има корист и здравствените, безбедносните, политичките и други предуслови за живот.

Островите во Грција сезонава поевтини од краците

Грција, несомнено, е една од омилените летни туристички дестинации за голем број Македонци. Од година во година, цените за туристичките услуги растат, но сепак е полна со туристи. Најмногу ги има од Србија, Бугарија, но и од бројни европски земји меѓу кои најмногу од Романија, Унгарија, Русија, Германија...

Цените на храната и пијалоците во маркетите, рестораните и кафулињата сезонава го следат европскиот тренд на раст, па оваа сезона тие се малку повисоки од минатата година. Она што може да се забележи е дека сезонава се погласни се коментарите на туристите дека цените на првиот и вториот крак се повисоки за разлика од цените на островите во Грција.

- На островите, цените за основните работи се поевтини. Секое лето летуваме низ делови на Грција и мислам дека на првиот и вториот крак цените се повисоки. На островите поскапи се луксузите, ноќните излегувања за младите, споделува еден турист.

Цените за сместување, по апартман, се движат од 50 евра нагоре по ноќ. Лежалките и чадорите во сопственост на кафулињата се бесплатни доколку нарачате пијалок, а во некои од нив оваа поволност можете да ја користите цел ден. Некои кафулиња имаат правило дека не мора да плаќате за лежалка и чадор ако нарачате една пијачка наутро, а друга попладне.

Сепак, сепак постои и опцијата да си поставите ваши лежалки, столчиња и чадори на некоја од поодалечените плажи кои се сметаат како диви, и каде има помалку метеж.

Цената на грчкото кафе во повеќето кафулиња и ресторани се движи од 1,80 до 2,50 евра, еспресото и капучиното се меѓу 2 и 3 евра, а нес кафето е околу 3 евра. Најниската цена за половина литар пиво е четири евра, за толку може да се испие чаша вино, додека за жестоки пијалоци треба да потрошите најмалку пет евра.

Омилената храна на туристите кои летуваат во Грција е гирото, а летово пита со гиро чини меѓу 4 и 5 евра, додека порцијата во ресторан е до 10 евра. За оние кои сакаат да јадат нешто „од нозе“ има и хот-дог кој чини од 2,50 до 3,50 евра. Топка сладолед чини две евра, за две топки треба да платите 3,50 евра, а за три 4,50 евра.

(Фото) Игор Џамбазов го прославува својот 61-ви роденден и се присеќа: „Татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена“

Оригинални честитки и срдечни желби пристигнуваат од сите страни по повод роденденот на Маестро Игор Џамбазов, нашиот познат актер, пејач и шоумен кој го нарекуваат „Жива легенда“.

Џамбазов е роден е на 15 јули 1963 година во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко. 

Игор на својот Инстаграм профил сподели фотка со бројката 61:

- На денешен ден, пред точно 61 година мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол баш премногу околу тоа, ама татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена. Другото е историја...и по малку театар и музика, порача Џамбазов. 

Популарно