Попладневна дремка: Одличен начин да го одморите својот ум и тело

Според National Sleep Foundation на САД, луѓето во последно време се сѐ повеќе ненаспани. Според нив, иако дремките не можат да ја надокнадат непроспиената ноќ, сепак 20-30  минутна сиеста може да го поправи вашето расположение и добросостојба.

Ова се дополнителни бенефити од дремките:

Ја зголемува енергијата и свесноста во текот на денот

Триесетминутна дремка помага да се чувствувате освежено и будно.

Ја подобрува меморијата

Подобро ќе запаметите работи кои се важни, ако сте добро одморени, а една кратка дремка во текот на денот ќе ви помогне во тоа.

Помага да правите помалку грешки

Грешките најчесто се случуваат кога не сте доволно одморени и кога фокусот и концентрацијата се на многу ниско ниво. Затоа, една кратка дремка може да ви помогне да ги избегнете грешките.

Го намалува претераниот апетит

Сте забележале како сте раздразливи кога сте ненаспани и се фрлате на храната како прво решение? А, тоа пак, не помага многу,бидејќи го отвора апетитот.

Справување со стресот

Дремките се земање мал одмор во текот на денот. Тоа ја намалува анксиозноста и стресот.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно