Што не треба да се јаде пред спиење - ова се најштетните закуски

Закуска пред спиење му годи на телото, особено по долг, напорен ден. Сепак, она што се јаде пред спиење може или да го поддржи или да му наштети на човековиот метаболизам.

Погрешна закуска може да го наруши варењето, т.е. да ги забави процесите на согорување на маснотиите, но влијае и на сонот. Во оваа смисла, според стручњаците, трите најопасни вечерни „вкусни задоволства“ се сладоледот, чипсот и крекерите.

Сладоледот е една од најомилените идеи за убивање на гладот пред легнување. Сепак, се наведува, тоа не е толку добро за метаболизмот, сонот, а ни за тежината. Тоа, зашто сладоледот е полн со шеќер и масти, што може негативно да влијае.

Чипсот и крекерите се уште еден лош избор за пред спиење. Многу од ваквите грицки обично се направени со рафинирани јаглехидрати, нездрави масти и високо ниво на натриум. Токму последново доведува до задржување вода, што пак, води кон надуеност. Нивото на шеќер во крвта се зголемува поради јаглехидратите што може да го забават метаболизмот, и тоа многу брзо.

Овие производи обично содржат многу преработени и нездрави јаглехидрати. Тие можат да предизвикаат воспаленија во телото и нарушување метаболизмот.

Недоволниот сон во бременоста влијае врз невро-развојот кај детето

Бремените жени кои не спијат доволно може да предизвикаат поголема опасност од подоцнежен невро-развој кај детето, посочува ново истражување на Медицинскиот универзитет на Анхуј во Хефеј, источна Кина.

Кај мајките кои во бременоста спиеле во просек помалку од седум часа навечер, влијанието врз невролошкиот развој на бебето бил особено очигледен кај момчињата. Тоа, пак, има последици околу емоционалните, бихејвиоралните, моторните, когнитивните или говорните вештини кај бебињата и е поврзано со нивоата на Ц-пептид во крвта од папочната врвца, како и со лачењето инсулин, се вели во трудот.

Краткото спиење при бременоста претходно беше поврзувано со повисока нарушена толеранција на гликоза, отпорност на инсулин и гестациски дијабетес, што само по себе може да влијае на развојот на бебињата, според истражувачите.

- Со расветлување на врската меѓу сонот на мајката во бременоста и невро-развојот на децата, нашиот труд ги охрабрува семејствата и носи знаење што може да обликува поздрави навики за време на бременоста и за благосостојбата на следното поколение, изјави д-р Пенг Жу, одговорен за истражувањата.

Научниот труд сепак не може да докаже дека лишувањето од сон директно предизвикува доцнење во невро-развојот. Сепак, се знае дека гликозата кај мајката за време на бременоста може да влијае на секрецијата на феталниот инсулин, што е познато дека има влијанија на невролошкиот систем кој штотуку почнува да се обликува.

Пристигнаа 11.520 вакцини за Ковид - вакцинацијата во Скопје ќе се одвива во една поликлиника

Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против ковид-19.

Станува збор за 11.520 дози кои во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови. За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом. Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника Бит Пазар. 

Инаку, вакцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.

Потсетуваме дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања.

Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со ковид-19.

Не го чувајте чоколадото во фрижидер

Чувањето чоколадо во фрижидер придонесува тоа да придобие лош вкус. Според стручњаците и познавачите, тоа е лошо од неколку причини, пишува порталот „Индекс“.

Имено, чоколадото лесно може да ги апсорбира вкусовите на другите намирници во ладилникот, па тоа, се чини, е главна причина за губење на слаткиот вкус. Промената на бојата е уште еден проблем што се јавува кога влагата во фрижидерот влијае врз шеќерот во чоколадото, којшто се јавува на површината и тоа добива „бледа“ боја.

Се препорачува чоколадото да се чува на место каде што температурата е меѓу 12 и 18 Целзиусови степени.

Популарно