Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата

Изложувањето на растенијата на монотон звук ја стимулира активноста на габите, коишто пак, може да поттикнат побрз развој на растенијата, покажува ново истражување. Наодите на Универзитетот „Флиндерс“ во Аделаида, Австралија, се објавени во списанието „Бајолоџи летерс“ (Biology Letters).

Ова откритие оди во насока на потврда на можноста дека музиката може да биде корисна за побрз раст на земјоделските и градинарските култури.

– Дали може да влијаеме на микробните заедници на почвата или растенијата како целина? Може ли да го забрзаме процесот на обновувањето на земјиштето со стимулирање со природни звуци? Каков ефект може да има ова врз фауната на земјата? Има многу важни прашања што не окупираат и на што работиме, појасни водечкиот автор на испитувањата, Џејк Робинсон.

И забавно-научното ТВ-шоу „Разбивачи на митови“ (Mythbusters) своевремено ја тестираше оваа хипотеза со повеќе видови музика. Полунаучните наоди открија дека дет-металот и класичната музика (Моцарт) се наводни „малку поделотворни“ врз растенијата од другите видови музика.

Имајќи предвид дека растителниот свет денес се соочува со низа предизвици и проблеми за коишто е одговорен човекот. Имено, поради ерозијата на почвата, уништувањето на шумите, загадувањето и зголемената опасност од исчезнување на одредени растителни видови, научниците стравуваат дека иднината на светот биодиверзитетот и посевите да бидат загрозени.

Врз основа на претходни испитувања, каде што бактерија „E. coli“ била изложена на звучни бранови, австралиските истражувачи го испробаа влијанието на звукот врз растот и развојот на габата „Trichoderma harzianum“.

Оваа габа често се користи во органското земјоделство поради нејзината способност да ги заштити растенијата од патогени, да ја подобри количината на хранливи материи во почвата и да го забрза растот. Така, научниците ја изложиле флората на звукот „Tinnitus Flosser Masker на 8 kHz“. Тоа е комбинација од различни звуци на различни фреквенции што човечкото уво може да ги слушне, наменети за смирување на тинитусот (зуење во ушите) или за запивање на бебињата.

– Замислете да го слушнете звукот на старо радио меѓу каналите. Ги избравме овие монотони звуци од контролирани, експериментални причини, но можеби, разновиден или природен звучен пејзаж, би било подобар избор, изјави Робинсон.

Според едно објаснение, акустичниот бран се претвора во електрично полнење што ги стимулира печурките, и тоа е познато како „пиезоелектричен ефект“. Се работи за создавање електричен полнеж (а со тоа и електричен напон) на површината на специјално исечен кристал, којшто е еластично деформиран од надворешна сила.

А пак, друга теорија се однесува на ситните рецептори на габичните мембрани наречени механорецептори. Тие можат да се споредат со илјадниците механорецептори на човечката кожа одговорни за сетилото за допир, со што човекот одговара на притисок или вибрации.

– Ние претпоставуваме дека звучните бранови ги стимулираат овие механорецептори во габите, коишто потоа предизвикуваат верига биохемиски настани што ги вклучуваат или исклучуваат гените, како што се оние одговорни за растот, рече Робинсон.

Тој додаде дека прелиминарните истражувања посочуваат дека габите реагираат на звукот, но науката сè уште не знае дали тоа им користи и на растенијата. Тоа ќе значи оти истражувањето продолжува.

Според Фројд, ова е единствениот начин да се препознаат глупавите луѓе: Една работа веднаш ги издава, внимавајте како се однесуваат

Зигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и таткото на психоанализата, меѓу другото, ни остави генијална мудрост и универзални изреки кои се актуелни во секое време.

Меѓу нив е и лекција што секој треба да ја запомни - како да препознаете глупави луѓе?

Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам

Легендарниот психијатар многу брзо ја открил човечката глупост, а ве советува како да ја откриете во една реченица:

„Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“, рече Фројд.

Така, кога ќе се најдете во ситуација кога ќе се засрамите од туѓото однесување или изјава или ќе ве изненадат некои луди постапки - веднаш знаете со кого си имате работа.

Ако не ве ценат, не докажувајте се - само бидете свои

Не е ваш проблем, нивен е. Не ги намалувајте стандардите поради тоа и не правете што сакаат, изиграјќи кловнови. Верувај дека ќе те искористат во одреден момент, тоа е самата природа на луѓето.

Кога ќе им дадете еден прст - тие ја земаат целата рака. На крајот, и покрај се, навистина повеќе нема да ве ценат, па се што сте направиле и поминале ќе биде залудно. Ако не ве ценат, не докажувајте се - само бидете свои. Не ја намалувајте цената на вашето достоинство за да стекнете доверба, и онака нема да ја добиете.

Ако не ви веруваат - не барајте изговори за нив

Кога не сакаат да веруваат - нема да веруваат. Ќе го искористи за некои лоши намери. Доволно е и покрај се да останете верни на себе и ќе видите како работите сами ќе се променат по некое време. Но, не очекувајте промени преку ноќ. Вистинските луѓе ќе ја откријат вашата вредност порано или подоцна.

Кога ќе најдете такви луѓе, држете ги како капка вода на дланка, а останатите игнорирајте ги. Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на таквите луѓе, но штом ќе ги препознаете, не дозволувајте ништо да ве одвлекува од нив. Кога ќе станете најдобрата верзија од себе, тогаш ќе се појават луѓе чие присуство ќе стане вистинската внатрешност на заедничкиот живот. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане она што отсекогаш сте го посакувале.

Најмалото бебе на светот и понатаму води вистинска борба за сопственото здравје

По година и пол поминати во болница, најмалото бебе во Британија конечно пристигна дома. Имено, Робин Чемберс е родена со само 312 грама, а нејзините родители Даниел и Шантел велат дека сега конечно може да започне нивната бајка.

Имено, Робин веднаш по раѓањето почнала да се соочува со бројни здравствени проблеми, поради што првите 18 месеци од животот ги поминала во болница. Борбата со хипоксично-исхемична енцефалопатија од трет степен, церебрална парализа, епилепсија и тешка апнеја доведоа до тоа да таа да мора да се храни преку назогастрична цевка.

Покрај сето ова, Робин се соочи и со инфекција на белите дробови од која за малку ќе завршеше трагично, но, за среќа успешно ја надмина.

„Бевме многу возбудени кога ја донесовме дома – тоа беше како остварување на сонот“, рече нејзината мајка Шантел.

Иако таа сега е во топлото семејно гнездо, борбата на малата Робин сè уште не е завршена. Нејзините родители сега треба да соберат средства за потребните третмани, терапии и опрема која е потребна за нејзиниот развој. За овој „луксуз“ потребни им се 100.000 фунти (околу 120.000 евра) а од собраните пари планираат да ѝ купат специјална опрема како трицикли, колички и седишта кои ќе помогнат во нејзиниот развој.

„За малку ќе ја изгубивме во мај, и тоа беше многу тежок период кога ја доби инфекцијата на белите дробови, но оттогаш таа само стануваше сè посилна. Во последните три месеци таа навистина добро закрепна и стана доволно здрава за да можеме да ја однесеме дома“, изјави Шантел, пишува „Daily Mail“.

Жените над 50 години треба да избегнуваат четири видови храна

Менопаузата носи многу предизвици за жените, вклучително и хормонски промени кои можат да предизвикаат непријатни симптоми како што се топли бранови, промени во расположението и зголемување на телесната тежина. За среќа, постојат промени кои можете да ги направите за да ги ублажите овие симптоми, а исхраната игра клучна улога.

Иако постојат многу корисни намирници кои можат да ги намалат симптомите на менопаузата, важно е да се има на ум дека одредени видови храна може да ги влошат овие проблеми, особено преработената храна.

Д-р Мајкл Лахи истакнува неколку видови на храна што жените над 50 години треба да ги избегнуваат за да ги контролираат симптомите на менопаузата и да спречат зголемување на телесната тежина.

1. Слатки и газирани пијалоци

Слатките, како бонбоните и газираните пијалаци, се несомнено вкусни и честопати е тешко да им се одолее. Сепак, нивната висока содржина на фруктоза најверојатно ќе доведе до ненадејни скокови и падови на нивото на шеќер во крвта. Овој ефект може да ги влоши промените во расположението и заморот, два вообичаени симптоми на менопаузата.

„Газираните пијалоци и слатките предизвикуваат раздразливост и необичен замор, кои се толку забележливи за време на менопаузата“, предупредува д-р Лахи за SheFinds. Освен тоа, шеќерот придонесува за акумулација на масното ткиво и носи низа други здравствени ризици. Д-р Лахи препорачува свежо овошје или темно чоколадо за задоволување на потребата за слатко.

2. Преработено месо

Преработеното месо, како што се колбасите, виршлите и нарезоците, се меѓу најлошите намирници за здравјето. Оваа храна е богата со натриум и конзерванси, што може да доведе до надуеност и воспаление. „Оваа храна може да ги влоши симптомите на менопаузата со зголемување на нивото на воспаление во телото“, вели докторот.

Надуеноста е честа поплака за време на менопаузата, а вишокот натриум од преработеното месо само ја влошува ситуацијата. Д-р Лахи препорачува посни протеини, како што се пилешко без кожа, риба или опции од растително потекло како грав и тофу, кои се одлични за одржување на тежината.

3. Рафинирани јаглехидрати

Белиот леб, пецивата и другите рафинирани јаглехидрати можеби се вкусни, но за жал, за време на менопаузата и воопшто, тие прават повеќе штета отколку корист. Според д-р Лахи, „рафинираните јаглехидрати ја зголемуваат тежината и нивото на инсулин, што го отежнува слабеењето“.

Тие исто така можат да ги влошат промените во расположението и често да не остават исцрпени. За постабилно ниво на шеќер во крвта и повеќе енергија, важно е да изберете цели зрна како киноа, кафеав ориз и интегрален леб.

4. Транс масти

Транс мастите се наоѓаат во многу од најпопуларните преработени грицки и пржена храна, а за жал, тие можат да бидат лоши за симптомите на менопаузата.

„Транс мастите го зголемуваат ЛДЛ холестеролот и го намалуваат ХДЛ, што го влошува воспалението и доведува до зголемување на телесната тежина“, објаснува д-р Лахи. Овие нездрави масти, исто така, можат да ги влошат топлите бранови и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања.

Клучно е да се проверат етикетите за исхрана за транс масти, а кога готвиме дома, можеме да размислиме за користење природни, здрави масти како кокосово или маслиново масло бидејќи тие можат да помогнат во одржувањето на здрави нивоа на холестерол.

Популарно