Афера го сруши бракот на Милан Калиниќ

Нови детали за разводот на популарниот актер Милан Калиниќ излегоа на виделина. Како што пренесуваат медиумите причината за крајот на 18-годишниот брак со сопругата Сандра е тајна љубовна афера.

Имено, пријателите на актерот го информирале дека неговата сопруга во тајност имала врска со сопственик на белградски ресторан. Иако се шпекулираше дека разводот е последица на опуштениот начин на живот на Калиниќ, вистината е многу поболна.

Ова откритие доаѓа како шок за јавноста која долго време го сметаше Калиниќ за пример за стабилен брак. Актерот моментално се опоравува од болката, додека неговата поранешна сопруга го продолжила животот со новиот партнер.

Еве неколку совети како да не си направите проблеми во бракот

Преголемите очекувања од брачниот живот може да бидат причина за многу проблеми по кажувањето на судбоносното ДА.

Еве неколку совети како да не си направите проблеми во бракот:

– Не одете на спиење лути еден на друг. Ова може да донесе катастрофални последици. Не ги слушајте советите на т.н. експерти кои велат дека проблемот треба да се остави да преспие, тоа едноставно не е точно.

– Не се задолжувајте уште на почетокот од бракот. Прекумерените долгови се една од главните причини за кавга. Не го правете тоа уште од почетокот на бракот.

– Немојте да претпоставувате што сака и што не сака вашиот партнер. Претпоставката води кон неволји. Разговарајте и оставете да се изрази партнерот самиот за она што го сака.

– Избегнувајте стереотипи на почетокот на бракот. Немојте да ги делите работите на машки и женски. Разговорот и договарањето може многу повеќе да ви помогне.

– Не ги бројте победите и поразите. Во бракот нема победник и поразен. Не му ја препишувајте вината на партнерот ако нешто не е во ред. Не плашете се од дискусија, играјте фер игра.

– Немојте да мислите дека бракот е прекрасен цело време. Како и животот, така и во бракот има и успеси и падови. Оние кои мислат дека бракот е розов, за кратко време ќе бидат разочарани. Во секој успешен брак партнерите знаат, или учат како да се справат со ситните секојдневни проблеми.

– Никогаш не го лажете партнерот и не ветувајте работи кои не може да ги исполните. Многу бракови завршуваат заради нешто ветено, а неисполнето, затоа што на тој начин се нарушува довербата.

Седум јасни знаци дека не им се допаѓате на луѓето и дека не можете ништо да сторите во врска со тоа

Постојат јасни знаци дека одредени луѓе не ве сакаат. Кога некој не ве сака или едноставно му одите на нерви, еве како се однесува…

1. Одбегнува контакт очи в очи

Контактот со очи е една од најосновните форми на човечка комуникација. Го користиме за да изразиме интерес, сочувство или разбирање. Ако некој постојано одбегнува контакт очи в очи со вас, тоа може да укажува на ненаклонетост. Иако срамежливоста и социјалната анксиозност, исто така, може да бидат фактор, ненадејното одбегнување на контакт со очи од страна на вообичаено самоуверена личност е причина за загриженост.

2. Започнува површни разговори

Кога некому му се допаѓате, сака подобро да ве запознае и се интересира за вашиот живот. Но ако разговорите со некоја личност секогаш остануваат на површно ниво, тоа може да биде знак дека таа не е заинтересирана за вас. Во вакви ситуации, темите на разговор обично се ограничени на временските услови или на општи прашања, без обид да се навлезе во лични детали.

3. Има затворен говор на тело

Говорот на телото честопати кажува многу повеќе од зборовите. Вкрстувањето на рацете, одбегнувањето на погледот и желбата да постави физичка бариера меѓу вас се знаци на непријатност или неволност за комуникација. Ако ваквите гестови станат редовни, тоа е јасен сигнал дека личноста не чувствува симпатии кон вас.

4. Ретко започнува комуникација

Кога некој не се интересира за вас, комуникацијата станува еднострана. Ако морате постојано да покренувате комуникација, а другата личност не покажува желба да го одржи контактот, тоа може да биде знак дека не ѝ се допаѓате. Иако понекогаш луѓето си имаат свои причини, ако ова се случува постојано, вреди да размислите за причините.

5. Не се труди да ве разбере

Кога некој не се обидува да ги разбере вашите чувства или ги игнорира вашите мисли, тоа може да биде знак на рамнодушност. Ако не покажува интерес за вашите искуство, ги прекинува или ги отфрла вашите зборови, тоа е јасен сигнал дека не е заинтересиран да гради подлабока врска со вас.

6. Никогаш не е среќен што ве гледа

Ако никогаш не покажува радост кога ќе ве види, тоа е знак дека не му се допаѓате некому. Кога некој навистина ви се допаѓа, средбата со таа личност носи радост. Ако тоа не е обострано, јасно е дека вашиот однос е од поинаква природа.

7. Не го почитува вашето време

Почитувањето на туѓото време е основата на здравите односи. Ако некој постојано доцни, ги откажува средбите во последен момент или ве принудува да го чекате, тоа е знак дека не ве цени ниту вас ниту вашето време.

Недоволниот сон во бременоста влијае врз невро-развојот кај детето

Бремените жени кои не спијат доволно може да предизвикаат поголема опасност од подоцнежен невро-развој кај детето, посочува ново истражување на Медицинскиот универзитет на Анхуј во Хефеј, источна Кина.

Кај мајките кои во бременоста спиеле во просек помалку од седум часа навечер, влијанието врз невролошкиот развој на бебето бил особено очигледен кај момчињата. Тоа, пак, има последици околу емоционалните, бихејвиоралните, моторните, когнитивните или говорните вештини кај бебињата и е поврзано со нивоата на Ц-пептид во крвта од папочната врвца, како и со лачењето инсулин, се вели во трудот.

Краткото спиење при бременоста претходно беше поврзувано со повисока нарушена толеранција на гликоза, отпорност на инсулин и гестациски дијабетес, што само по себе може да влијае на развојот на бебињата, според истражувачите.

- Со расветлување на врската меѓу сонот на мајката во бременоста и невро-развојот на децата, нашиот труд ги охрабрува семејствата и носи знаење што може да обликува поздрави навики за време на бременоста и за благосостојбата на следното поколение, изјави д-р Пенг Жу, одговорен за истражувањата.

Научниот труд сепак не може да докаже дека лишувањето од сон директно предизвикува доцнење во невро-развојот. Сепак, се знае дека гликозата кај мајката за време на бременоста може да влијае на секрецијата на феталниот инсулин, што е познато дека има влијанија на невролошкиот систем кој штотуку почнува да се обликува.

Популарно