Филмот што го направи Божиќ потопол: Како „Сам дома“ стана вечна традиција

„Сам дома“ по 35 години: Божиќната класика што одбива да остари

И по цели 35 години од премиерата, култниот филм „Сам дома“ (Home Alone) останува еден од најгледаните и најсаканите божиќни филмови ширум светот. Објавен во 1990 година, филмот одамна ја надмина рамката на обична комедија и стана вистинска празнична традиција.

Во центарот на приказната е незаборавниот Макаулеј Калкин како Кевин Мекалистер, осумгодишно момче кое случајно е оставено само дома додека неговото семејство патува за Париз. Она што започнува како детски сон – без родители, без правила и со неограничена брза храна – брзо се претвора во борба за опстанок.

Двајцата неспособни, но упорни крадци, Хари и Марв, ја избираат куќата на Кевин како лесна цел. Но, тие сериозно го потценуваат момчето кое својот дом го претвора во вистинска замка исполнета со канти за боја, жешки кваките, ледени скали и незаборавната тарантула.

Филмот е во режија на Крис Колумбус, а сценариото е дело на легендарниот Џон Хјуз, комбинација која донесе совршен баланс меѓу слепстик-комедија и емоционална приказна. Под површината на смеата се крие силна порака за семејството, осаменоста и вистинските вредности на Божиќ.

Дури и во Божиќната сезона 2025, „Сам во дома“ и понатаму доминира на празничните ТВ-програми и стриминг платформи. Во време на CGI спектакли и големи холивудски продукции како најавениот „Avatar: Fire and Ash“, овој филм потсетува дека не се потребни експлозии за да се создаде класика – туку срце.

Со својата снежна атмосфера, иконични сцени и незаборавни реплики, „Сам во дома“ останува филм што не само што ја затвора годината – туку ја дефинира.

Тошковски: „Безбеден град“ донесе 20% помалку повредени во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на седницата за пратенички прашања изјави дека досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се многу позитивни, при што за околу 20 проценти е намален бројот на повредени лица во сообраќајни незгоди.

Според Тошковски, намалувањето се забележува и преку податоците од Клиниката за трауматологија, каде што во споредба со претходниот период има значително помал број тешки пациенти кои се задржани на понатамошно лекување.

„Овие резултати се заслуга на македонските граѓани, особено на возачите, кои и покрај тоа што знаат дека во овој период нема казни туку само опомени, ја прилагодија брзината и го подобрија своето однесување во сообраќајот“, рече Тошковски.

Министерот нагласи дека проектот покажал дека државата е подготвена да имплементира европски стандарди со цел зголемување на безбедноста и намалување на бројот на жртви во сообраќајот.

Тој посочи дека сообраќајните незгоди создаваат огромни финансиски трош

Прејадувањето за празниците може да чини здравје – на што да внимавате

Внимавајте на исхраната за време на божиќните и новогодишните празници

Божиќните и новогодишните празници традиционално се поврзани со богата и калорична трпеза, но лекарите и нутриционистите предупредуваат дека прејадувањето може сериозно да го наруши здравјето. Посебно внимание треба да се обрне на масната и пржена храна, сувомесните производи, тешките месни јадења, колачите богати со шеќер, како и прекумерната консумација на алкохол и газирани пијалаци.

Прекумерниот внес на ваква храна може да доведе до проблеми со варењето, надуеност, киселини, зголемен крвен притисок, покачен шеќер во крвта, како и влошување на хронични заболувања. Кај некои луѓе, прејадувањето може да предизвика и акутни состојби кои бараат лекарска интервенција.

Здравствените експерти советуваат умереност, помали порции, редовни оброци и комбинирање на празничната храна со повеќе зеленчук, овошје и доволно течности, со цел празниците да поминат во добро здравје и расположение.

Популарно