KARIERA.mk дел од настанот „Global Digital City 2026“ во организација на ABSL North Macedonia и SEEU

KARIERA.mk имаше чест да биде дел од настан организиран од ABSL North Macedonia и South East European University (SEEU). Голема благодарност до организаторите и целиот тим за поканата и одличната организација.

Настанот обедини претставници од реномирани компании, како и професионалци од различни индустрии, а фокусот беше ставен на темата „Global Digital City 2026“ – визија за дигитален развој, иновации и иднината на пазарот на трудот. Присутните имаа можност да дискутираат за трендовите во дигиталната трансформација, потребните вештини за иднината и улогата на младите кадри во модерната економија.

Меѓу компаниите што земаа активно учество беше и KARIERA.mk, со цел да им се приближи на студентите и младите професионалци и да им помогне полесно да го направат првиот чекор кон својата кариера.

Во рамки на настанот се одржа и кариерна работилница, каде студентите имаа можност да се запознаат со MojaKARIERA картичката преку кратка презентација, како и да поставуваат прашања и да добијат конкретни совети поврзани со нивното CV и процесот на вработување.

Студентите активно се вклучија во дискусијата околу тоа како да се издвојат на пазарот на трудот.

Што добивате со активирање на МојаКАРИЕРА картичката?

🔹 BASIC – Препорака до компании

Вашето CV ќе биде директно препорачано до компании каде што вашиот профил соодветствува на нивните потреби. KARIERA.mk има изградено одличен партнерски однос со бројни компании во државата, што значително ја забрзува вашата потрага по идеалното работно место.

🔹 PRO – Професионална проверка на CV

Со PRO картичката добивате персонализирана проверка на вашето CV од страна на професионалниот тим на KARIERA.mk, кој секојдневно анализира голем број апликации. Ќе добиете конкретни сугестии и корекции со цел вашето CV да биде јасно, професионално и конкурентно претставено пред потенцијалните работодавци.

Погледнете дел од атмосферата

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата од настанот преку галерија од фотографии.

KARIERA.mk останува посветена на поддршка на младите таленти и градење мост помеѓу студентите и компаниите.

KARIERA.mk го најавува Global HR Vision – HR настан што поместува граници

Како водечка платформа за кариерен развој и вработување во Македонија, ние од KARIERA.mk со огромно задоволство го најавуваме нашиот најнов и најзначаен проект за оваа година – Global HR Vision.

Овој настан е нашата мисија да ги обединиме HR професионалците, лидерите и менаџерите кои не само што ги следат промените, туку сакаат да бидат нивни предводници. Во свет кој постојано се трансформира, нашата цел е да ви овозможиме пристап до знаење и стратегии кои ќе ги направат вашите организации посилни и поуспешни.

Што подготвивме за вас на Global HR Vision?

На 23-ти Април, во конференциската сала на Marriott Hotel во Скопје, подготвивме агенда која нуди одговори на најактуелните предизвици во индустријата.

На сцената ги носиме најдобрите меѓународен експерти, кои доаѓаат со реални искуства од светски рамки:

  • Peter Spannagl – Senior Manager Global Learning and Development
  • Nadina Tyropolis – Generative Leadership Coach и основач на Data Impact
  • Harbir Singh Rissam – Global Human Resources Business Partner
  • Ilona Popczyk – Chief People Officer & Data Protection Officer
  • Majda Berislavić – Head of Learning and Development, People & Culture

Зошто да ни се придружите?

Ова не е само уште една конференција. Global HR Vision е место каде што:

  • Учиме од практичари: Не само теорија, туку конкретни стратегии за лидерство, развој на таленти и иднината на HR.
  • Разменуваме идеи: Можност за вмрежување (networking) со колеги и лидери од сите индустрии во Македонија.
  • Градиме иднина: Нови перспективи кои ќе ви помогнат да изградите здрава и мотивирана организациска култура.

"Нашата цел со Global HR Vision е да донесеме светски знаења на домашен терен. Сакаме да им помогнеме на македонските компании да ги разберат новите текови и да создадат работни средини во кои луѓето ќе напредуваат," 

🎟️ Резервирајте го вашето место!

Картите за настанот се веќе достапни. Бидете дел од заедницата која ја гради иднината на работата во Македонија.

KARIERA.mk меѓу најдобрите е-продавници за услуги во Македонија

Со голема чест и гордост споделуваме дека KARIERA.mk е добитник на награда на E-commerce Awards 2025, каде што го освоивме третото место во категоријата „Е-продавница за услуги“. Ова признание претставува важна потврда за нашата работа и посветеност кон развој на квалитетни дигитални услуги за компаниите и кандидатите на пазарот на труд.

E-commerce Awards се организираат со цел да се препознаат и наградат најдобрите компании и платформи во областа на е-трговијата и дигиталните услуги во Македонија. За нас, ова признание претставува дополнителна мотивација да продолжиме со унапредување на нашата платформа и да создадеме уште подобро искуство за сите корисници.

Во изминатите години, KARIERA.mk континуирано работи на подобрување на услугите и поврзување на компаниите со вистинските кандидати. Освоеното трето место е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и дека нашата работа е препознаена како дел од развојот на дигиталниот пазар во земјата.

Им благодариме на сите компании, кандидати и партнери кои ни ја даваат довербата и се дел од нашата приказна. Ќе продолжиме и понатаму да работиме со иста посветеност за да создадеме уште подобри можности за вработување и развој на кариера.

Популарно