ЈАРЕЦТаа е отворена со јасен поглед, сака забава и друеwе, но е и прагматична и рационална, и скоро никогаш не губи глава, не бара помош од никого, чувствата за нејзе се брак, кон кого има идолатриски побожен однос.
Тој е практичен, снаодлив, планер, може да издржи се или речиси се, има проблем најчесто во искажувањето на чувствата, па затоа делува нечуствително што не е вистина. Ги сака жените, не признава заљубеност, тиранин и деспот во љубовта, авантурите ги крие како змијата нозете.
ТАА-ТОЈ
ЈАРЕЦ-ЈАРЕЦ
Секако реалистична цврста и комбинација која ветува постојаност и трајност. Иако навидум слишни по барањата гопоѓицата Јарец е далеку постраствена од нејзиниот машки пандан. проблемот е во критичноста која ниту едниот ниту другиот неможат да ја поднесат.
ЈАРЕЦ-ВОДОЛИЈА
Оваа врска е тешак и за воспоставување и уште потешка за одржување, бидејќи се работи за сосема два различни карактера. Со еден збор убаво би било да се заборави постоењето на можност за некаков ваков спој.
ЈАРЕЦ-РИБИ
Врска која најчто успева токму поради различитоста на карактерите. Таа секогаш ќе биде силен мотив и подршка тој да успее, но би требало да се внимава да не се посомнева дека е искористена.
ЈАРЕЦ-ОВЕН
Можна но не и среќна комбинација. И двата знака се прилично саможиви и егоистички настроени а, во оваа комбинација, овие својства можат само да се зајакнат. Врска која никако не се препорачува, освен ако се немаат садо-мазо особености.
ЈАРЕЦ-БИК
Ова е уште една од посакуваните комбинации на два знака кои секој од своја гледна точка тежнее кон сигурноста и остварувањето на своите его пориви во материјалната сфера. И едниот и другиот уживаат во материјалните добра и секс.
ЈАРЕЦ-БЛИЗНАЦИ
Оваа врска никому не му носи добро, ниту на Јарецот ниту на Близнаците. Толку различни карактери можат меѓусебно да се полудат. Како не би дошло до тоа дереџе подобро да се избегнуваат ваквите врски. Иако Близнакот може да биде приблешен од убаво наместените коски на Јарецот.
ЈАРЕЦ-РАК
Ова не е баш најсреќна комбинација, подобра е онаа инаквата. Зато оваа, исто така, би требало да се избегнува, бидејќи рационалниот момент на Јарецот е пресилен за чувствителниот и романтичен Рак
ЈАРЕЦ-ЛАВ
Ова е уште една одлична врска , ама никако сентиментална туку пријателска. Но, како се работи за два различни пола, Лавот секако ќе се обиде да ја заведе жената Јарец и ќе се изненади од количеството на страсти која таа го поседува. Но на подолги патеки страсти бргу ќе спласнат. Ако се има взаемна почит може и да успеее
ЈАРЕЦ-ДЕВИЦА
Ако се поскаува практична реалистична врска во која нема многу страсти да не речам ги нема ич, тогаш оваа врска може и да функционира иако ќе е монотона, апатична и неинспиративна или со други зборови, моѝе и одлично да функционира ако се пронајдат заеднички интереси
ЈАРЕЦ-ТЕРЕЗИЈА
Овие два знака по ништо не се согласуваат, антагонистички се расположени и во зодијачкиот круг и зошто би биле и во реалниот живот поинаку. Иако секако постојат вакви комбинации лично сум ги сретна исклушително ретко. Ми изгледале како два странца во желесничка чекалница.
ЈАРЕЦ-СКОРПИЈА
Ова е една од почестите комбинации и може да биде мотивирачка и инспиративна. Јарецот подоста ќе научи за страстите и љубовта од Скорпијата, а таа пак за реалноста, посебно за реалноста на планирањето, и постапноста на реализацијата
ЈАРЕЦ-СТРЕЛЕЦ
Никако не ја бива оваа комбинација и да е обратна работата. Ова во зодијакот е една од најнепосакуваните врски и секако треба да се избегнува. Едноставно премногу се работите со преднзак ,,не,, оттколку оние другите.