Подгответе се за своето патување во Италија ...

Научете нешто од прочуените гастрономски искуства на Италијанците и изненадете ги блиските со подготовка на едно мало вкусно уживање.

Италијанците се познати по добрата храна, доброто вино, доброто кафе, добрата пица..., но и по добрите сендвичи.

Во менито на италијанските барови, кафулиња, местата за јадење на автопатите се наоѓаат сенвичи и панини (panini), трамезини (tramezzini) или кростини (crostini) кои задолжително се нарачуваат заедно со првото утринско италијанско еспресо или пак капучино кафе.

Тие често се величествени уметнички и кулинарски креации.

Полнењето зависи од регионот во кој се служат во комбинација со: локалните колбаси, разните видови кашкавали и сирења, домати, пршута, инчуни (мали солени рипчиња), туна и шкампи.

Подгответе се за својот пат во Италија, научете нешто повеќе за нивните обичаи, храна, вина, кафиња, но и за нивните секојдневни навики за појадок, кога најчесто нарачуваат вкусно парче леб (панини, кростини, трамезини) со најразлични додатоци.

Италијанците навистина се мајстори во комбинирањето на состојките, така што како резултат добивате едно несекојдневно гурманско уживање.

Salmon1

Salmone (лосос)

Мали тартини најчесто во облик на отворено филувано тесто. Намачкано со подебел слој путер на кој се наредени тенки чадени парчиња лосос во комбинација со листови од некоја сезонска зелена салата и задолжително одозгора попрскано со сок од лимон.

Arrostino e zucchini (печено месо и тиквички)

Печено месо најчесто со тенко исечени парчиња тиквички и темјан или испржени тенки ленти од тиквички за да се добие една крцкава и свежа нота.

Primavera2

Primavera (пролетни)

Италијанска верзија на класичен сендвич, трамезино направено од парчиња бел леб, обично тостирани. Овде полнењето е пршута со зелена салата.

Gorgonzola e tartufo (горгонзола и тартуфи)

Прекрасен вкус на тартуфи во спротивност на јакиот вкус на горгонзолата. Уште една комбинација е горгонзола со мед од костени.

Insalata di gamberetti3

Insalata di gamberetti (салата и шкампи)

Полнењето на овој трамезино е со шкампи и зелена салата, често со мајонез. Се сервира ладен.

Salmone e insalata (лосос и салата)

Крцкава свежа зелена салата и тенки парчиња чаден лосос се комбинираат заедно за да создадат свежа, елегантна нота.

Tonno e carciofini8

Tonno e carciofini (туна и артичоки)

Класика меѓу трамезините, со полнење од туна и средишниот дел на артичоката. Сочни и со богат вкус.

Carciofini e Wurstel (артичоки и колбаси)

Мали колбаси со италијански стил и германско име во оваа италијанска кобинација.

Spinaci e mozzarella4

Spinaci e mozzarella (спанаќ и моцарела)

Свежо моцарела сирење со сварен спанаќ, зачинето со малку свеж сок од лимон и бибер, направени за лесна закуска.

Piadina caprese

Пиадина е вид погача која потекнува од областа Ромања. Најчесто се филуваат со домати и моцарела сирење.

Carciofini e salame5

Carciofini e salame (артичоки и салама)

Ова мало багет лепче има пикантно полнење од салама со јак вкус и артичоки.

Prosciutto e formaggio (пршута и кашкавал)

Овој тип на панино е највкусен кога се јаде топол. Кашкавалот е стопен и неговиот вкус се меша со вкусот на пршутата.

Mozzarella e acciughe6

Mozzarella e acciughe (моцарела и инчуни-мали солени рипчиња)

Оваа комбинација има потекло уште од стариот Рим. Пикантноста на малите рипчиња е ублажена со финиот вкус на сирењето.

Parmigiana di melanzane (модри патлиџани и домати)

Познат јужно италијански специјалитет. Пржените модри патлиџани се печат со топлив кашкавал и домати.

Croissant al prosciutto7

Croissant al prosciutto e formaggio (кроасани со пршута и кашкавал)

Оваа комбинација на пршута и кашкавал се става во врел кроасан премачкан со подебел слој путер.

Fiore di zucca (со цветови од тиквичка)

За овој рецепт потребни се цветови од тиквичка, полнети со моцарела сирење и инчуни. Потоа тие се пржат на тесто.

Напишано од Сања сопственик на страната

www.foodplacesfun.com

Како растевме, што преживеавме и каде сме денес: 2Бона го објавија ‘94 - прв чаптер!

По неколку месеци интензивна работа, македонското дуо 2БОНА на стриминг платформите го пласираа “Chapter 1” - првиот дел од албумот со наслов ‘94 – проект кој дава старт на летото на 2025 година и внесува свежина во регионалната музичка сцена.

2Bona го претставуваат првиот чаптер од новиот албум ‘94 кој што раскажува моќна музичка приказна за генерацијата која остави трага.

Албумот „94“ е инспириран од годината на раѓање на Кун и Тони, и претставува интимен, но истовремено енергичен белег на генерациите што растат помеѓу дигиталниот свет. Секоја песна носи дел од нивното лично и музичко созревање, измешано со современи битови, улична естетика и емотивни текстови.

Во овој прв дел може да се слушнат и видат 6 песни и 6 видео записи за истите - “Еверест”, “Ради реда”, “Лето”, “Еурека”, “Сука” и “Мозаик”

Мнозинството од песните од овој чаптер се колаборации со македонски артисти вклучувајки ги Тајзи, Барбара Поповиќ и младите артисти на Горила ТВ - Шаро, Инсерта, Фико, Муфи и Вански.

Во продукцијата учествуваа продуцентите Лазар Цветковски, Иле Спасев, Марио Јелиќ - Кун и Филип Андреев кои овој албум го обележаа со уникатен и квалитетен звук. 

„Со ‘94’ сакавме да ја раскажеме нашата приказна – како растевме, од каде почнавме, што преживеавме, и каде се наоѓаме денес. Овој албум не е само за нас, туку за секоја генерација која се бори да остави белег,“ – велат Кун и Тони. 

Албумот е достапен на сите стриминг платформи, вклучувајќи Spotify, Apple Music, YouTube Music и Deezer

Со „94“, 2Бона сакаат да пренесат јасна порака дека музиката може да биде и вистинска уметност но, и глас на генерацијата. 

Уживајте во првиот Chapter 1:

Баланс меѓу работа и живот: Кога можете да побарате скратено работно време?

Во брзиот свет во кој живееме, балансирањето помеѓу професионалните обврски и личниот живот станува сè поважно. Скратеното работно време е еден од начините како вработените можат да го постигнат овој баланс - а тоа не е само добробит за работниците, туку и за општеството во целина.

Кога имате право на скратено работно време?

Во Македонија, правото на скратено работно време е регулирано со Законот за работни односи. Вработениот има право да побара скратено работно време во следниве ситуации:

  • Трудничко или породилно отсуство (и по неговото завршување, заради продолжување на грижа за детето).
  • Родител на дете до 3-годишна возраст или дете со посебни потреби.
  • Лица со утврдена инвалидност или хронична болест, ако тоа го препорачува лекар.
  • Грижа за болен член на потесното семејство, според лекарски доказ.

Секое барање мора да биде поткрепено со соодветна документација, а работодавачот е должен да го разгледа и да даде одговор во законски рок.

Кои се бенефитите од скратеното работно време?

За вработените:

  • Подобро ментално здравје - Помалку работни часови значат повеќе време за одмор, семејство, пријатели и хобија.
  • Зголемена продуктивност - Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат пократко, често се поефикасни во работното време.
  • Поддршка за родители - Мајките и татковците имаат реална можност да бидат повеќе присутни во животот на своите деца.
  • Поголема флексибилност - Работниците можат полесно да менаџираат приватни обврски (на пр. лекари, училишни активности и сл.)

За работодавачите:

  • Повисока лојалност од вработените - Кога компанијата покажува разбирање, вработените се помотивирани.
  • Помал отсутен кадар - Скратеното работно време често резултира со помалку боледувања и стрес.
  • Позитивен имиџ на пазарот на труд - Компаниите кои нудат флексибилност се попривлечни за нови таленти.

За општеството:

  • Поддршка за семејства и раѓање деца - Младите семејства полесно се одлучуваат на потомство кога имаат реална поддршка.
  • Инклузија на ранливи групи - Лица со здравствени предизвици полесно остануваат или се враќаат на работа.
  • Намалување на иселувањето - Со подобри работни услови, граѓаните имаат повеќе причини да останат и да придонесуваат дома.

Како да побарате скратено работно време?

  • Проверете дали спаѓате во некоја од законски утврдените категории.
  • Соберете ја потребната документација (на пр. лекарско мислење, извод од матична книга на родени итн.)
  • Поднесете барање до работодавачот во писмена форма.
  • Чекајте одговор од работодавачот, кој е должен да одговори во разумен рок.

Скратеното работно време не е само привилегија тоа е алатка за подобар живот. Со негова примена, се гради порамнотежено општество во кое човекот не е само работна сила, туку и родител, граѓанин и поединец со лични потреби. Со повеќе поддршка и информираност, и работниците и работодавачите во Македонија можат да добијат не губејќи продуктивност, туку градејќи стабилност.

Се уште не можете да ја пронајдете вашата идеална кариера, прочитајте и за: Водич за избор на професија според вашите вештини и интереси

Како си поминавме на Brainster Job Fair?

Со задоволство учествувавме на второто издание на Brainster x Brainster Next факултет Job Fair – настан кој не само што го исполни просторот со ентузијазам, туку и со надеж за нови почетоци. 💯

Веднаш се почувствува возбудата кај посетителите: безброј млади и талентирани кандидати, полни со идеи и мотивација, кои се подготвени да направат храбар чекор напред во својата професионална приказна. 🤩

Разговаравме со нив за нивните размислувања околу пазарот на труд, за праксите и можностите кои ги гледаат за себе – а ние, како KARIERA.mk, со задоволство споделивме совети и насоки за тоа како да ја пронајдат вистинската можност и како ние можеме да им помогнеме на тој пат.

Посебно ни беше драго што на саемот се сретнавме со голем број наши соработници и реномирани компании кои, исто како и ние, беа таму со истата мисија – да отворат врати за нови таленти и да ја збогатат професионалната сцена со свежа енергија и нови перспективи. 👏

Голема благодарност до Brainster за одличната организација и за тоа што повторно создадовте платформа за поврзување, инспирација и раст. 💌

Со нетрпение ги очекуваме следните настани и новите прилики да бидеме таму каде што младите таленти го прават првиот чекор во својата кариера. 🚀

Популарно