Докторот направил царски рез, и не може да го најде бебето, кога тоа почнало да плаче, тие ја сфатиле грешката!

carski-rez-greska-foto-topratedviral-1456861443-854917

Породувањето е нешто прекрасно, и за многу луѓе, денот кога бебето конечно пристигнува обично е најсреќниот ден од нивните животи. Сепак, оваа мајка дефинитивно посакувала да има друг доктор за време на породувањето ...

Една мајка упатила жалба до болницата каде што таа го родила своето четврто дете кога открила дека нејзиниот лекар направил царски рез откако веќе на природен начин го родила своето дете.

carski-rez-greska-foto-topratedviral-1456861344-854915

21-годишната Амбер Хјуз, видела поглед на целосен шок на лицето на партнерот, кога нејзиниот лекар се обидел да го породи нејзиниот син, Оли, со царски рез во 30-тата недела.

carski-rez-greska-foto-topratedviral-1456861443-854917 (1)

"Беше страшно. Очекував да ми ја дадат 'мојата радост', но наместо тоа, видов паника на лицето на докторот", вели мајката.

Партнерот на Амбер, Даниел (25), бил престрашен кога докторот го отворил нејзиниот стомак само за да види дека нема бебе.

carski-rez-greska-foto-topratedviral-1456861545-854919

"Не добив дури ни извинување. Докторот само објасни дека моето бебе е веќе во породилниот канал, кога бев отворена и тоа беше многу чудна ситуација", се сеќава Амбер.

"Сега имам видливи лузни кои не беа потребни и се уште се опоравувам од царскиот рез."

carski-rez-cudo-foto-ilyke-1456861651-854921

"Јас буквално имав нервен слом, каде е моето бебе? Не е можно туку така да исчезне", рекла Амбер.

"Одеднаш слушнав нешто. Тогаш го најдоа Оли под чаршафите, се родил по природен пат."

carski-rez-greska-foto-topratedviral-1456861784-854923

Оли е предвремено роден, но тој и неговата мајка биле ослободени од болницата 5 недели подоцна.

"Благодарна сум што моето бебе е добро, но јас никогаш нема да го заборави денот кога докторите не можеа да го најдат моето бебе".

Гените се чудо: 4 работи кои детето ги наследува исклучиво од својот татко

Децата се вистинско мало чудо кое претставува минијатурна верзија од своите родители.

И додека по игра на случајност, некои работи ги наследуваат од своите мајки, а други од своите татковци, постојат четири карактеристики кои на детето му се пренесуваат директно и исклучиво од таткото. 

Пол

Во моментот кога сперматозоидот ќе ја оплоди јајце клетката, се одредува полот на детето. За тој избор е одговорен исклучиво сперматозоидот, бидејќи јајце клетката носи два Х хромозоми, додека машката ќелија носи еден Х и еден Y хромозом. Полот на детето зависи од тоа дали јајце клетката ќе биде оплодена со X или Y хромозом.

Доколку е во прашање Х, ќе имате девојче, а доколку е Y – пристигнува наследник на машкиот пол.

Рефлекс на кивање поради светлина

Доколку секој пат кога ќе погледнете во сонцето ви доаѓа да кивнете, тоа сте го наследиле од вашиот татко. Ваквиот феномен во кој луѓето киваат кога се изложени на сонце или изненадна светлина е наследна особина.

Отпечатоци од прсти

Иако отпечатоците на прстите се нешто што е потполно единствено и никој нема исти отпечатоци на светот, сепак отпечатоците на децата се послични со отпечатоците на татковците отколку на мајките.

Далтонизам

Далтонизмот е ретко пореметување во кое лицето не ги распознава боите јасно, туку распознава само контрасти (црно-бело). Овој термин често се меша со пореметувањето во кое лицето не распознава црвена и зелена боја. Околу 5 отсто од светската популација пати од овој синдром, од кои поголемиот дел се мажи кои природно го носат тој дефект со себе, а тие најчесто го пренесуваат и на своите потомци.

ФОТО: Момче со рак во терминална фаза го теши својот брат

Фотографијата од 15-годишно момче со рак во терминална фаза како го теши својот расплакан брат стана вирална.

Во 2019. година, на тинејџерот Иан му бил дијагностициран остеосарком. По операцијата и неколкумесечната хемотерапија, дознале дека е излечен. Но, во ноември 2021. година, болеста се вратила и се проширила низ телото. На Јан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека ќе умре.

Кога Јан ја споделил страшната вест со својот помлад брат Питер, тој се расплакал и липал. Иан силно го прегрнал, да го утеши и му се извинил што не можел да го победи ракот.

Потресната фотографија од трогателниот момент меѓу двајцата браќа на Фејсбук ја објави Бенџамин Елиот од Орегон.

„Иан реши сам да им каже на своите пријатели и помалиот брат дека ракот неизбежно ќе го убие. Мислам дека оваа фотографија го покажува доброто за кое Иан сакаше и се веруваше дека ќе биде споделено. Дури и со катастрофални прогнози, Јан е тој што ги теши другите. Вистината е дека тој одбива да живее за себе. Избра да живее за другите до моментот кога ќе го земе последниот здив“, напишал Елиот.

Стотици ја коментирале фотографијата и признале дека сцената ги скршила.

„Мразам рак“, „Срцето ми е скршено“, „Неверојатен пример за љубов и понизност. Моите молитви се со ова момче и неговото семејство“, напишале некои.

Рецепт за денешен ручек

Рибина чорба

Одберете некое поголемо парче риба или две помали. Ако има во неа икра уште поубаво, ќе ја ставите и неа во чорбата. Рибата исчистете ја, пресечете ја на половина и ставете ја во тенџере со вода на оган, само да ја фати еден клуч, да можете да ја исчистите.

Потоа внимателно исчистете ја од коските. Tаму каде можете, на пр. од долниот дел оставајте поголеми парчиња, не ја ситнете многу. Тргнете го месото настрана. Кромидот изрендајте го и ставете го во тенџерето каде ќе ја варите чорбата.

Таму ставете го и другиот зеленчук. Јас секој од нив го сечкам различно, морковот на тркалца, целерот на ситни коцкички, пашканатот на подолги лентички, лукчето ситно исечкано. Сето ова со малку масло ставете го да се запржи. Потоа турете вода, компирот на најситно изрендајте го и ставете го и него, ставете ја рибата, зачинете и варете се додека не се свари зеленчукот. На крајот прелијте ја чорбата со малку црвена запршка, (ако не ви е доволно густа може и малку брашно да ставите во запршката) и исечкајте го магдоносот. Уживајте, ова ми е една од омилените чорби, особено во зимско време. 

Популарно