ГАЛЕРИЈА: И славните се вклучија во борбата за права на животните

И јавните личности се вклучија во иницијативата на здруженијата за права на живоните, со свои фото пораки. Во проилог освен фотографиите ви го доставуваме и целосниот текст и барањата на овие здруженија.

ПРАВДА ЗА ЖИВОТНИТЕ - иницијатива поддржана и од нашите јавни личности!

Во Македонија, од страна на институциите (Агенција за храна и ветерина) е поднесена Предлог промена на Законот за заштита и благосостојба на животните, но истата не ги задоволува стандардите за адекватна заштита на животните. На тој предлог закон „Анима Мунди„, „Мали Херои„, „Гласот за животните„, „Асоцијација на активисти за права на животните„, „Фауна„, имаат поднесено бројни Амандмани, коментари и барања и очекуваме истите да бидат сериозно изпрерцепирани и уважени. Без уважување на барањата на здруженијата, Законот ќе ја изгуби својата основна цел и етичка димензија а тоа е заштитата на животните. Нашите предлог Амандмани се усогласени со стандардите на европската легислатива и во нивното изготвување се директно вклучени наши бројни соработници – претставници од најсилните интернационални здруженија за заштита на животните, како и правници од Европската мрежа на адвокати и комисионери за права на животните во ЕУ и финализирани од представник на ОИПА интернешнал, г-дин Едоардо Гандини (застапник/лобист за правата на животните во ЕУ и ЕК).

НАШИТЕ ОСНОВНИ БАРАЊА СЕ:

1) ЗАКОНСКА ЗАБРАНА ЗА ЕУТАНАЗИЈА НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ - (зошто над 70% од животните во Македонија се убиваат). Предлогот на институциите е да секое бездомно животно може да биде усмртено по 30 дена од неговото заловување – што е во целост неетично и неприфатливо)

2) БАРАМЕ ПОСИЛНА ЗАШТИТА НА ФАРМСКИТЕ ЖИВОТНИ И ИСФРЛУВАЊЕ НА ОСНОВНИОТ КАФЕЗЕН СИСТЕМ ЗА ЧУВАЊЕ КОКОШКИ НЕСИЛКИ ПО ПРЕОДЕН ПЕРИОД ОД ЕДНА ГОДИНА, ЗОШТО НЕ ЗАДОВОЛУВА ОСНОВНИ СТАНДАРДИ ЗА ПРИРОДНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ (кафез А4 формат, каде птиците не можат ни да ги рашират своите крилја, страдаат од трауми, вирози, болести и депресија;

3) БАРАМЕ ЗАБРАНА ЗА ОДГОЈ НА ЖИВОТНИ ЗА КОЖА И ПЕРДУВИ;

4) ЗАКОНСКИ ОВЛАСТУВАЊА И ИНВОЛВИРАЊА НА ЗДРУЖЕНИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ ВО СИТЕ ПРОБЛЕМАТИКИ КОИ ГИ ЗАСЕГААТ ЖИВОТНИТЕ (членување пред се во етичката Комисија која ќе се воспостави од институциите, зошто без инволвирањата на оние кои се залагаат за животните етичката димензија на Комисијата сериозно се доведува во прашање,

5) ЗАБРАНА/РЕДУЦИРАЊЕ НА ЕКСПЕРИМЕТИ ВРЗ ЖИВОТНИ СЕКОГАШ КОГА НЕ Е НУЖНО И/ИЛИПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА,

6) ЗАКОНСКО ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ ЗА СЕНЗИБИЛИЗАЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ОДНОС НА ЖИВОТНИТЕ И ПРОМОВИРАЊЕ НА НИВНАТА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА

7) СЛУЖБА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА, ЕВИДЕНЦИЈА И САНКЦИОНИРАЊЕ НА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖИВОТНИТЕ Ве повикуваме сите вас да не поддржите и ги направите повидливи и гласни предлог законските барања на Анима Мунди со кои животните ќе добијат конкретна заштита, а нивното мачење ќе биде осудено и санкционирано!

ПРАВДА ЗА ЖИВОТНИТЕ!!!

Повеќе фотографии на официјалната страна на здружение за заштита на животните Анима Мунди

„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука

Јана Стојановска е наш претставник на овогодинешниот интернационален Ѓурговденски Фестивал во Бања Лука кој оваа година го има своето 31 во издание. Дваесетина изведувачи од Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Литванија и Македонија донесуваат нови композиции за кои организаторот се надева дека ќе станат дел од секојдневието на генерацијата која расте и сака да расте заедно без никакви граници и препреки. Токму таква е и пораката која ја испраќа песната,, Наша Песна" која ја изведува нашата  единаесетгодишна Јана. 

Јана е ученик во V одделение при основното училиште Кузман Јосифовски - Питу во Скопје и од 2023 та е член е на хорот Златно Славејче. Автори на композицијата на Јана се Ристо Самарџиев и Давор Јордановски. 

Гласајте за „Наша песна" реден број 14 на нашата Јана ОВДЕ.

На чекор од историја: Cafe De Anatolia номинирани на Beatport Awards за “Hype Label of the Year”!

Македонскиот музички бренд Cafe De Anatolia продолжува да освојува глобални признанија, а најновата потврда доаѓа од Beatport Awards 2025, каде што нивниот подбренд Cafe De Anatolia LAB е номиниран запрестижната титула „Hype Label of the Year“ (LINK: https://www.beatportal.com/articles/826178-hype-label-of-the-year-2025

Македонската електронска сцена на светската мапа

Оваа номинација е историски момент за македонскатаелектронска музика, бидејќи досега ниту еден македонски издавач или артист не бил номиниран на глобално ниво за ваква престижна награда. Со овој успех, Cafe De Anatoliaу ште еднаш докажува дека македонските уметници имаат што да понудат на светската музичка сцена.

Што значи номинацијата за Beatport Awards?

Beatport, како една од највлијателните дигитални платформи за електронска музика, преку своите годишни награди ги препознава најиновативните и највлијателни издавачки куќи. Категоријата „Hype Label of the Year“ е резервирана за лејбли кои покажуваат исклучителна креативност, оригиналност и глобално влијание. Доделувањето на наградите ќе се одржи наскоро, а македонската електронска заедница со нетрпение го очекува исходот. Без разлика на резултатите, ова признание е јасен доказ за успехот, посветеноста и визијата што ја носи Cafe De Anatolia.

“Оваа номинација за нас претставува голема чест и признание за целата работа, љубов и страст што ја вложуваме во музиката. Но пред сè, ова е признание за нашата земја – малечка по големина, но голема по душа. Горди сме што нашата визија и музика допрела до толку многу луѓе низ целиот свет. Оваа номинација не е само наша, туку и на сите млади уметници од овој регион кои сонуваат големи соништа.“ - велат од Cafe De Anatolia.

Глобален успех и соработка со луксузни брендови

Препознаени од Forbes, Entrepreneur и други светски реномирани медиуми, Cafe De Anatolia е основоположник на жанрот Organic House, поставувајќи нови стандарди во електронската музика.

Издавачката куќа не само што создава музика што го освојува светот, туку и соработува со некои од најпрестижните брендови, како што се Giorgio Armani и Four Seasons Hotels, докажувајќи дека нивниот звук е повеќе од тренд – тоа е начин на живот.

Наследство на креативност и страст

Зад оваа успешна приказна стои долгогодишна работа, иновативен пристап и страст за музика. Cafe De Anatolia, кој го обликува електронскиот звук со уникатна фузија на органски звуци, ориентални мелодии и модерни електронски ритмови, со години гради своја препознатливост.

Издавачката куќа, која денес е светски бренд, беше основана од Зоран Илиев (Billy Esteban), Моника Илиева, Никола Илиев (Nickarth/Rialians On Earth), кои заедно со своите уметници создаваат нешто безвременско.

Големо признание за македонската електронска сцена

Номинацијата за Beatport Awards 2025 не е само успех за Cafe De Anatolia, туку и големо признание за Македонија како дел од светската електронска музичка сцена. Овој успех е резултат на долгогодишната посветеност на тимот и артистите, кои со својот автентичен звук освојуваат слушатели од целиот свет.

Доделувањето на наградите ќе се одржи наскоро, а македонската електронска заедница со нетрпение го очекува исходот. Без разлика на резултатите, фамилијата Илиеви веќе го остави својот печат во музичката историја.

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

Популарно