По статијата за видовите и формите на женската вагина, на ред дојде и машкиот полов орган, односно формите и видовите, и секако нивните позитиви и негативни карактеристики.
Бурито
Станува збор за огромен пенис чиј што облик е наречен според карактеристичното мексиканско јадење бурито, поради големината. Мажите со ваков вид на „опрема“ кога пред својата идна партнерка ќе го извадат „чудовиштето“ не размислуваат за тоа каков страв предизвикува таквата големина. Иако кај многу жени бурито пенисот предизвикува непријатност и болен секс, има и такви кои ваквиот пенис го обожаваат.
Предности: Во целост ве исполнува, создаваат голем притисок и ги стимулира сите области.
Недостатоци: Мажите со таква опрема можат да бидат премногу горди на својата големина поради што можат да бидат агресивни, бидејќи неретко забораваат дека на вагината и е потребно загревање за да се растегне, за да се избегне болката. Секс со маж кој има голем пенис навистина може да биде непријатно искуство, а не се исклучува и можноста кога некои жени ќе го видат, нема да сакаат секс.
Банана
Токму како бананата, некои пенис се искривени нагоре.
Предности: Со оглед на тоа дека е искривен нагоре, има можност постојано да го стимулира горниот дел од вагината, каде што се наоѓа Г- точката. Тоа константно триење може да резултира со многу добар секс, дури и ако мажот има лоша техника.
Недостатоци: Многу мажи со ваков облик на пенис честопати се несигурни, некои дури и се извинуваат поради „грдиот“ облик на својот полов орган. Меѓутоа, ниту самите не се свесни колку всушност таквиот облик добро влијае на жените.
Кука
Слично, но спротивно од бананата, пенисот е искривен надолу.
Предности: Со маж кој има ваков облик на пенис, doggy style (кучешката поза) е одлична, бидејќи пенис искривен надолу во оваа поза одлично ја стимулира Г-точката, а добра е и позата кога партнерката е горе, со грбот свртена кон лицето на мажот.
Недостатоци: Во традиционалната мисионерска поза ваквиот пенис не ја стимулира вагината како што треба и нема начин тоа да се коригира.
Џебна ракета
Станува збор за мал пенис, кој секако не треба да се потценува.
Предности: Како прво, имајте на ум дека малите вибратори наречени „џебна ракета“ се едни од најпродаваните на пазарот. Мажите со мал пенис знаат дека имаат голема конкуренција и честопати тоа за нив е предизвик за да ги усовршат своите техники. А, што се однесува до позите, за нив се добри doggy style и мисионерската поза. Освен тоа, пожелни се за орален секс.
Недостатоци: Малиот пенис лесно излегува од вагината доколку парот не практикува адекватна поза и ако некои сексуални техники не се добро совладани. Ако се случи такво нешто, едноставно немојте на тоа да му придавате премногу значење, само продолжете онаму каде што сте застанале. Жените тврдат дека уживаат во сексот и со мажи кои имаат мал пенис.