Македонија се најде на линија на огнот: Кој ќе победи САД или Русија?

Македонија е во сериозна политичка криза неколку месеци. Бомби, блеф, преговори и надворешен фактор стануваат секојдневие. Хаосот се всели и стана нормален начин на функционирање, а излезот не е блиску колку што јас би сакал. Поразително е што при секој конфликт или незадоволство на некоја политичка структура во Македонија, веднаш каниме надворешен фактор да ни помогне. Во таква ситуација сме и сега, па главна тема на дел од стручњаците е на чија страна се ЕУ и САД.  За кого навива Хан, а за Кого Бејли и зошто?

Cold-War-610x356

Во светот на политиката и моќта не постојат симпатии и пријателства. Нема добри и лоши, пријатели и непријатели на Македонија. Ниеден светски политичар не го симпатиШе Груевски или хејта Заев и обратно, од свои лични побуни. Во политиката, поготово во светската, постојат само ИНТЕРЕСИ и ПАРИ!!! Ништо друго не е важно. НИШТО!

Смешни беа тврдењата на некои проопозицикси новинари дека Хан бил наклонет кон Груевски затоа што бил потплатен. Уште па и излегоа со сума од 5 милиони евра! Само не објаснија како би ја оправдал Хан својата одлука пред ЕУ и САД. Уживај братче ќе ти пуштам 100.000 и на тебе?!!!! Не оди тоа така кога цената и битката во Македонија е за нешто многу поголемо.Искрено немав намера да пишувам на темава, мислејќи дека сево ова е општо познатоно, но бев разубеден во истото, па решив барем на кратко да ве потсетам на некои работи.

Јужен Тек - Турски Тек

Најпрво беше Јужен Тек и сето тоа требаше да изгледа вака:

juzen tek

Но,  еден бугарски медиум почна да емитува прислушкувани телефонски раговори на премиерот Борисов. Во меѓувреме 350.000 гласачки ливчиња беа пронајдени во печатницата „Мултипринт“ во градот Костинброд, па иако Борисов е голем фаворит на предвремените избори, тој ја губи трката и фотељата. Новиот премиер на Бугарија, Сергеј Станишев веднаш ги прекинува преговорите за Јужен тек и потпишува договор за снабдување со гас со САД.

По ова, Русија мора да најде алтернатива за снабдување на големиот европски пазар со гас, па од Јужен се префрла на Турски Тек.

juzni-790x497

Новата, на фотото сина, лина ја заобиколува Бугарија, на сметка на Турција, Грција и Македонија. Следи, Таксим и крв во Турција. Над 100.000 Турци излегуваат на улица за секоја најмала причина. Најкрваво беше за плоштадот на кој беа исечени неколку дрва. Токму така, за 100 тина квадрати дрва Турција изгуби свои синови. Но, како и многу пати до сега Турција издржа. Ердоган уживаше огромна подршка кај својот народ, па иако изгуби дел од симпатизерите тој остана на власт. САД како и секогаш го прогласи за диктатор, но доживеа пораз.

96685-136059

Следна на патот беше Грција, но таму Американците одамна немаат моќ. Грците кои се веројатно на врвот за надворешна политика во светски рамки одолеваа на сите напади, иако државата им е пред банкрот. Интересно е што банкротот не го дозволи Германија. Најсиланата европска економија застана зад Грција и ги плати сите сметки на размазените Грци. Зошто? Ќе одговорам подолу.

По Грција, Македонија се најде на линијата на огнот. Сценариото веќе видено. Прислушкувања (како и во Бугарија) со логистичка и теренска помош на амбасадорот на САД, Бејли. (Доколку не знаевте, истиот тој Бејли беше амбасадор на САД во Турција за време на немирите и жртвите на улиците во Турција.) Сепак за да не биде се copy-paste, а со оглед на специфичноста на нашата држава, се организираше Куманово и нападот на терористите во „Диво насеље“. Рецепт кој успеа во 2001 година во Македонија.

Истиот ден кога во Куманово се водеше војна, Србија на границата донесе огромна сила и се понуди за помош. Не, не е тој потег затоа што Србите ни се браќа, туку повтроно интерес. И Србите знаат дека тие се следни по патот на рускиот гас. САД веќе работи и во Србија, како што тоа веќе се случува во Унгарија. Амриканците веќе го прогласија премиерот на Унгарија, Орбан за диктатор.

Во сето ова се вклопуваат и изјавите на подршка или критика на соседите. Албанија и Бугарија се на страната на Заев. Токму оние кои немаат ќар од Турскиот Тек, сега ја критикуваат владата на Груевски и бараат пад на „режимот“. Од друга страна тука се подршката од Србија и зачудувачки неутралниот став на Грција. Јужниот сосед како никогаш досега не ја користи ситуацијата во Македонија за оцрнување на нашата држава. Токму сега по 9 години пауза во Македонија ќе пристигне грчкиот министер за надворешни работи. Ова уште еднаш докажува дека во политиката нема непријатели, туку пари и интерес. Затоа по дваесет и пет години Македонија стана редовна тема во изјавите на Путин, за кој до пред една година не бевме сигурни дали знае дека постоиме.

Токму интересот на Европа ја донесе одлуката на Хан. Уште пред предлогот на еврокомесарот, опозиционерите знаеа дека нема да биде во нивна корист. Европа зависи од Рускиот гас, а Украина веќе не е стабилна и во секој момент може да падне единствениот извор на ефтин гас за европските индустрии. Всушност ова е единтсвената причина за германските евра во касата на Грција. Меркел со тие пари си плаќа ефтин гас во иднина, токму како и Хан и таа се залага за мирен расплет во Македонија.

Можеби сето ова ви звучи како теорија на заговор, но ова не е единствениот конфликт за цевки на гас во светот.  Гасот индиректно ја запали и Украина, а војната во Сомалија исто така е за гасоводот кој минува низ неа. Најголемите две светски сили, Русија и САД војуваат за доминација во Европа, светот трепери, а ние се занимаваме со тоа дали Јелена Жугиќ е најдобрата актерка во Македонија и си играме „камп“ низ Скопје, па уште се фалиме колку сме патриоти или револуционери.

Автор: Пацифист

7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Со огромна гордост објавуваме уште еден значаен успех, 7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Овој успех не е само бројка, туку доказ за довербата што ја градиме со години заедно со македонската бизнис заедница. KARIERA.mk денес е многу повеќе од платформа за огласи тоа е целосен HR екосистем кој ги поврзува компаниите и барателите на работа.

Во изминатиот период, континуирано инвестиравме во иновации и нови решенија:

  • HR scanner - стратешка и аналитичка алатка која го трансформира управувањето со човечки ресурси
  • KARIERA AI - паметни технологии за побрзо и попрецизно пронаоѓање кандидати
  • KARIERA настани - eдукативни работилници каде што експерти од индустријата споделуваат знаењa, искуства и практични стратегии
  • KARIERA Hub - центар за знаење, ресурси и кариерен развој
  • MojaKARIERA - платформа за физички лица што овозможува полесно поврзување, вмрежување и пристап до нови кариерни можности

Секој чекор напред е резултат на заедничка визија модерен, ефикасен и поврзан пазар на труд.

Зад оваа бројка стои силна заедница:

  • Илјадници реализирани вработувања
  • Континуиран раст на активни огласи
  • Вмрежување на компаниите и физичките лица на едно место
  • Поддршка во секој чекор од кариерниот пат

Нашата мисија останува иста да бидеме мост помеѓу компаниите и талентите, но и да создадеме простор каде што можностите и луѓето се среќаваат.

Голема благодарност до сите 7000 компании и илјадниците корисници кои се дел од KARIERA.mk. Ова е заеднички успех!

Продолжуваме уште посилно со нови алатки, повеќе можности и уште подобро вмрежување помеѓу компаниите и луѓето. 

KARIERA DAYS vol.3 Агенда: Целосна програма за 15 и 16 мај во East Gate Mall

Подготвени сте за кариерен пресврт? На 15 и 16 мај, East Gate Mall се трансформира во динамичен лавиринт каде секоја патека води до нови професионални хоризонти. Оваа агенда не е само распоред на часови, туку твоја лична мапа за навигација низ најдобрите можности на пазарот на труд.

Погледни што те очекува и планирај го твоето време паметно:

📅 ДЕН 1 | Петок, 15 Мај: Први чекори и инспирација

13:00 – 18:00 | Посета на штандови

Ова е твоето време за директен контакт. Искористи го целиот попладневен термин за разговор со претставниците на водечките компании, дознај ги нивните внатрешни култури и информирај се за активните огласи во живо.

14:00 – 15:00 | Кариерни совети: Твојот професионален компас

Приклучи се на сесиите за советување каде експерти ќе ти помогнат да го средиш твоето CV и да добиеш насоки како да се претставиш во најдобро светло пред работодавците.

16:00 – 16:30 | Тркало на среќата: Награди за храбрите истражувачи

Малку адреналин и многу изненадувања! Заврши го првиот ден со позитивна енергија и вредни подароци.

📅 ДЕН 2 | Сабота, 16 Мај: Акција и нови почетоци

12:00 – 18:00 | Продолжување на потрагата (Посета на штандови)

Ако пропушти некоја компанија првиот ден, денес е шансата да го надополниш тоа. Лавиринтот е отворен за сите нови конекции.

13:00 – 13:30 | Тркало на среќата: Прва доза изненадувања

Започни го вториот ден со нова шанса за добивка пред да се впуштиш во најинтензивниот дел од денот.

14:00 – 15:30 | Speed Interview: Брза патека до работа

Ова е „срцето“ на лавиринтот! Искористи ги овие 90 минути за кратки, но клучни интервјуа со работодавците. Биди концизен, биди подготвен и остави впечаток за само неколку минути.

16:00 – 17:00 | Кариерни совети: Финални стратегии

Заврши го твоето патување со дополнителни консултации и одговори на сите дилеми кои ти се појавиле за време на настанот.

Зошто да бидеш дел од KARIERA DAYS vol.3?

Ова не е класичен настан за вработување ова е интерактивна платформа каде човечкиот контакт е во центарот. Без разлика дали бараш прва работа, промена на кариерата или само сакаш да ја почувствуваш пулсацијата на пазарот, „Лавиринтот на можности“ е местото каде треба да бидеш.

Влези во лавиринтот и пронајди го својот излез кон успехот!
Регистрирајте ја вашата компанија ТУКА 

Успешно реализиран настанот Global HR Vision во организација на KARIERA.mk

Настанот Global HR Vision, во организација на KARIERA.mk, кој се одржа на 23 април во престижниот Skopje Marriott Hotel, беше успешно реализиран и уште еднаш потврди дека HR заедницата во регионот има силен капацитет за развој, иновации и меѓусебна соработка.

Овој настан претставуваше значајна платформа за поврзување на HR професионалци, менаџери и лидери од различни индустрии, со цел размена на знаење, искуства и најдобри практики. Програмата беше внимателно креирана за да одговори на актуелните предизвици со кои се соочува современиот пазар на труд од трансформацијата на работните места под влијание на технологијата, до градењето одржливи организациски култури и привлекување и задржување на таленти.

Особена вредност на настанот му дадоа врвните говорници: Nadina Tyropolis, Majda Berislavić, Harbir Singh Rissam, Peter Spannagl и Ilona Popczyk. Со својата експертиза, професионален пристап и инспиративни излагања, тие понудија длабоки увиди и практични насоки кои учесниците ќе можат директно да ги применат во своето работење. Нивниот придонес беше клучен за креирање на динамична и ангажирачка атмосфера, која поттикна дискусии и отвори нови перспективи за иднината на HR функцијата.

Воедно, би сакале да изразиме искрена благодарност до нашите партнери и спонзори: Motivi Employments, Titan Usje, Pikasa Analytics, Sparkasse Bank AD Skopje, Croatia Osiguruvanje, Alkaloid AD Skopje, Grand Kafa, Štark, Vineto HR и A1 Macedonia. Нивната доверба, поддршка и посветеност беа од суштинско значење за квалитетната организација и реализација на настанот.

Global HR Vision не е само настан, туку иницијатива која има за цел да ја поттикне трансформацијата на HR индустријата и да придонесе кон создавање поиновативна, поинклузивна и поефикасна работна средина. KARIERA.mk и понатаму ќе продолжи активно да инвестира во вакви проекти, со цел да обезбеди континуиран развој на професионалната заедница и да создава можности за вмрежување, учење и раст.

Им благодариме на сите учесници што беа дел од ова искуство и придонесоа Global HR Vision 2026 да биде настан кој ќе се памети: EVN, Van Hool, WIK Macedonia, Raguza, Varus, Produkcija Perspektiva, UNIJA ETL ACCOUNTING, ASEE BSS, KIEL Macedonia, Law Office Tošić & Jevtić, Foxit, Alkaloid, A1, OIP, Makpetrol, Evrotip, TRIGLAV Insurance, Women in Tech, USJE, Halkban, Novo Nordisk Pharma, ATLANTIC ŠTARK, Grand Kafa, Eko Logistic Service, Silk Road Bank, Kromberg & Shubert, Maliqi Group, Vega, Special Eye Hospital DENICA, Via Pharm, Nova High School, Studio Moderna Tikvesh Vinary, Sparkasse Bank, Croatia Insurance, TTK Banka, Leoron, Motivi, Pikasa, AUE FON.

Ви благодариме за присуството и позитивната енергија!

Погледнете дел од атмосферата во продолжение, се гледаме на следниот настан!

Во прилог галерија од фотографии:

Популарно