„Најубави песни“, прв компилациски албум на Каролина Гочева

„Најубави песни“ е насловен на новиот албум на македонската поп дива Каролина Гочева, кој содржи 12 нејзини најубави песни со бонус од четири песни. Станува збор за прво компилациско ЦД на Каролина.

На прес-конференција по повод промоцијата на албумот, Каролина Гочева, изразувајќи задоволство од неговиот изглед истакна дека на албумот се наоѓаат оние песни за кои таа и „Авалон“ сметале дека се најубави.

- Направивме избор од 16 песни. Останаа и многу други песни кои сметаме дека можеби требаше да се најдат на албумот, но оставаме простор и за втор дел најубави песни понатаму за неколку години, рече Гочева.

На прес-конференцијата беше презентиран новиот спот за песната „Тој“, а беше најавен и концертот, кој Каролина Гочева ќе го одржи на 22 декември во Универзалната сала во Скопје.

Главно сум преокупирана, посочи Гочева, со подготовките за концертот.

- Искрено не се сеќавам некогаш толку со нетрпение да сум очекувала мој концерт, рече Гочева и додаде дека за концертот за некои песни има нови аранжмани.

Бобан Милошевски од „Авалон“ истакна дека како продукција се многу задоволни од визуелниот изглед на албумот.

- Се одлучивме тој концерт да биде акустичен првпат во кариерата на Каролина. Подготовките за концертот се во тек, посочи Милошевски.

Албумот „Најубави песни“ се продава по цена од 499 денари.

(Фото) Кога ќе видите како изгледа сопругата на Салах ќе ви стане јасно зошто му падна незгодно покрај оваа фудбалерка со деколте

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах неодамна потполно занеми кога застана до една од најзгодните фудбалерки на светот, Алекс Морган.

Сексапилната фудбалерка се појавила во црвено одело без градник на себе и длабоко деколте, а многумина прокоментираа дека изразот на лицето на Салах говори дека тој поцрвенел од срам, бидејќи неговата жена изгледа сосема спротивно на ова и е човек исто како и фудбалерот што ги следи религиските принципи и традиција.

Имено Салах е оженет и ги следи религиските обичаи, па затоа неговата сопруга носи хиџаб на сите јавни места.

(Фото) „Севиџ екс Фенти“ разголени се и креирани од Ријана

Модната дизајнерка Ријана ги претстави своите нови разголени „Севиџ екс Фенти“ пижами, сите во нејзин, провокативен стил – токму во пресрет на празниците.

Се работи за линија пижами – еден машки дизајн и два женски пара – еден со куси ногавици и со градник во иста шара и – долги т.н. „Ass-ential“ пижами со разголен задник. Цената на кој било комплет, е 49,95 долари.

„Отворените пижами“ доаѓаат во сите големини.

Меган Маркл извојува правна победа против британски весник

Издавачот на „Мејл он сандеј“ ја загуби правната битка за да ја поништи пресудата на Високиот суд дека ја нарушил приватноста на Меган Маркл со објавување делови од писмо што таа му го напишала на својот отуѓен татко.

Војвотката (40) го тужеше Associated Newspapers Limited (ANL), исто така издавач на „Мејл онлајн“, поради пет написи кои репродуцираа делови од „лично и приватно“ писмо до Томас Маркл (77) во август 2018 година.

Таа го доби случајот претходно оваа година кога судија на Високиот суд донесе одлука во нејзина корист без потреба од судење. Но, ANL поднесе жалба со образложение дека треба да има судење поради тврдењата на Меган.

Апелациониот суд во Лондон денес наутро ја отфрли жалбата.

Отфрлајќи ја жалбата, судиите на апелациониот суд сер Џефри Вос, Викторија Шарп и лорд Џастис Бин ја потврдија одлуката на лорд Џастис Ворби да донесе пресуда по скратена постапка, и пресудија дека војвотката има „разумно очекување за приватност“ во содржината на писмото.

„Тие содржини беа лични, приватни и не беа прашања од легитимен јавен интерес“, рече сер Вос во резимето на пресудата прочитана на глас.

Популарно