Народни верувања и обичаи за најголемиот Христијански празник - Велигден

Велигден е најголемиот христијански празник, кој го одбележува и слави Христовото воскресение. Празникот се одбележува на нешто поинаков начин и обично на различни датуми (стар и нов календар), кај православието и останатите христијански вери.

Празникот на воскреснувањето на Господ Исус Христос се празнува секоја година во различно време и еден е од т.н. подвижни празници. За датумот на Велигден се зема првата недела по полна месечина на ден на пролетната рамнодневица или веднаш по неа. Кај припадниците на православната вера Велигден секоја година паѓа во период од 4 април до 8 мај.

Главното обележување на Велигден се вапцани јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал. Иако Велики Петок е најтажниот ден за сите христијани во светот, Велигден веднаш по Божик се смета за најрадосен христијански празник.

На ден Велигден, велигденскиот Понеделник и Вторник, кои се по него, православните христијани во светот се поздравуваат со Христос Воскресе и се одговара со Ваистина Воскресе.

Христијаните се радуваат на Велигденските обичаи, а посебно децата. Во разни делови на земјата важат различни обичаи. Па така некој вапца јајца на Велики Четврток, некој на Велики Петок, или пак Велика Сабота. Некои ги вапцаат јајцата само во црвена боја или со кромид, а некои ги шараат на најразлични можни начини. За вапцање на јајцата задолжена е домаќинката на куќата, која во зависност од навиките, ги бојадисува јајцата сама или со децата. Во многу краишта, таа прво се прекрстува се помолува на Бога, а потоа во тенџере во кое се варат Велигденските јајца истура малку светена вода и тоа главно таа која е светена во текот на Велигденскиот пост. Според обичајот, првото јајце се вапца со црвена боја и се смета за чувар на куќата. Тоа се чува се до следната година. Во некои краишта ланското јајце чувар на куќата се става кај стоката, додека во некои се затрупува во мравјалник.

Според некои верувања црвената боја ја означува божествената природа, додека сината ја означува човековата. Затоа во некои краеви јајцата се вапцаат во овие две бои.

Во текот на Велика Сабота, домаќинките главно подготвуваат храна за Велигден. А за денот Велигден се станува порано и се легнува навечер порано. Домаќинката подготвува вода за миење на семејството во која се става чуварот на куќата, дрен, босилек и здравец.

Во многу места обичај е секој од домашните да присуствува на Велигденската литургија, а по враќањето дома да се омрсат прво со велигденски јајца. Сите од семејството се кршат со шарени јајца и се води сметка за избор на јајцето, бидејќи во некои куќи се води сметка за победникот.

Ако Велигден се паѓа во време пред уште некој голем православен празник, Ѓурѓовден, тогаш во некои краишта за Велигден не се јаде јагнешко месо.

За Велигден се меси погача, која се украсува со плетенки и во која се прават вдлабнатини, во кои се ставаат велигденски јајца. И овој обичај варира од место во место. Па некаде се месат повеќе плетени погачи и потоа се разменуваат со пријателите.

За децата во некои краишта се кријат колачи и јајца во домот и во дворот, а тие почнуваат да ги бараат веднаш по Велигденскиот појадок.

Во градските средини се украсува домот со разни нови украси како пластични јајца и разни декорации кои денес можат да се купат во специјални продавници. Во селските средини куќата се украсува пред се со цвеќе.

Кој на која фотелја ќе седне и зошто?

Во дискусиите за реформата на јавната администрација, кои се чини дека секогаш се актуелни, сѐ повеќе се зборува за мерит принципот (или принципот на заслуга) при именувањето на функционери, односно за професионализацијата на раководните позиции во јавната администрација (што би значело дека нив треба да ги пополнат лица со соодветни компетенции и програми). Различни субјекти и организации говорат на оваа тема од различни перспективи.

Домашните стручњаци и невладините организации бараат поголема имплементација на принципот на мерит. Странските експерти често нѐ советуваат како да ги измениме законите за да добиеме посоодветни директори, а меѓународните организации нѐ уверуваат дека тоа ќе нѐ доведе поблиску до интеграција во Европската Унија.

Опозицијата (независно кој ја сочинува) често критикува дека се именуваат некомпетентни лица на раководни функции. Власта, пак, независно кои партии ја сочинуваат во даден временски период, се чини дека не сака да ги напушти повеќедецениските практики да ги именува директорите, членовите на управните и надзорните одбори и слично исклучиво според сопствените преференции и партиската припадност, занемарувајќи ги професионалните компетенции.

Следствено, во епизодата „Кој на која фотелја и зошто?!“ зборуваме за примената на принципот на заслуги во јавната администрација во Република Северна Македонија. Кои позиции треба да се пополнуваат исклучиво според принципот на заслуги? Постојат ли позиции за кои, освен компетенции, е потребна и блискост до програмските определби и политиките на Владата? Како да се осигураме дека едно директорско место или друга функција ќе ја пополни соодветно лице? Може ли да важат истите правила за сите директори (на класичните органи на државната управа, на јавните претпријатија, на јавните установи)? Треба ли да постојат управни одбори во органите на државната управа и јавните претпријатија? Зошто претходната Влада од 2018 до крајот на мандатот го најавуваше Законот за висока раководна служба, но тој не се усвои? Потребен ли е ваков закон? Како се злоупотребува можноста за именување на в.д. директори?

На овие теми дискутираме со проф. д-р Ана Павловска-Данева од Правниот факултет „Јустинијан Први“, воедно и уставен судија, и со Јулијана Караи која е Виш истражувач во Институтот за Европска политика – ЕПИ.

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Популарно