Ова се Македонците кои се најдоа на листата најбогати на „Форбс“

Петмина Македонци се најдоа на последната листа на „Форбс” за најбогатите луѓе во регионот. Сопственикот на „Макстил”, „Бетон”, „Факом” и на повеќе други фирми, Минчо Јорданов, е бизнисменот со најдлабок џеб во Македонија, пишува Портал.

bogatasi-makedonija

Зад него на листата се Штерјо Наков, сопственик на „Фершпед”, Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол”, Свето Јаневски, прв човек на „М6″, и Живко Мукаетов, директор на најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид”, објави Утрински весник.

Листата на „Форбс” за најбогатите луѓе на Балканот е составена врз основа на јавните податоци за вредноста на акциите кои тие ги поседуваат во фирмите што котираат на Берза. Во Македонија, наведува магазинот, листата може да биде и непотполна, бидејќи постои голема нетранспарентност на пазарот на капиталот. Законот за хартии од вредност не дозволува објава на имињата на акционерите, кои имаат помалку од 5 отсто удел во компаниите.

Најбогатиот бизнисмен во нашата земја, Минчо Јорданов, според процените на магазинот, кој во составувањето на своите листи ги анализира вредноста на акциите што котираат на Берза, тежи 27 милиони евра. Во „Макстил”, директно или преку други компании, Јорданов контролира акции вредни 18,7 милиони евра. Во „Факом” неговите акции вредат 6 милиони евра, а во градежната компанија „Бетон”, има удел со вредност од 2,4 милиони евра. Во 2012 година фирмите на Јорданов имале 50 милиони евра приходи, а 730.000 евра чист профит. Тој е сопственик и на винарската визба „Стоби” во која досега има вложено над 20 милиони евра, на приватната клиника „Ремедика” и на македонскиот шампион во ракомет, клубот „Металург”.

Штерјо Наков, сопственикот на шпедитерската компанија „Фершпед”, хотелот „Александар палас”, винарницата „Сковин” и други фирми, е вториот на листата најбогати македонски бизнисмени. „Форбс” за него вели дека е тајкун во сенка, кој пред неколку години бизнисите им ги предал на синовите. Има удели во „Ферршпед” кои вредат околу 3 милиони евра, а преку оваа фирма контролира акции во други компании, вредни 10 милиони евра. Наков има удел и во фабриката „Европа”, кој се проценува на 2,3 милиони евра. Неговите фирми во 2012 година имале приходи од 76 милиони евра, за разлика од 2011 година кога приходите им биле повисоки за 6 милиони евра. Сепак, и покрај намалениот бизнис, фирмите на Наков имале поголем профит лани отколку во 2011 година.

Претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол”, Андреја Јосифовски, преку фирмата-ќерка, „Оилко”, ги контролира најголемиот дел од акциите во компанијата. На Берза тие вредат 5,4 милиони евра. Фирмата лани имала приходи во висина од 399 милиони евра, пет милиони евра помалку од 2011 година. Јосифовски, наведува „Форбс”, е еден од ретките бизнисмени во Македонија кој не ја крие платата, која изнесува 140.000 евра годишно.

Свето Јаневски долги години беше директор на Пиварницата во Скопје, а неговата компанија „М6″ во 2011 година им ги продаде акциите на „Кока-Кола Хеленик” и „Хајнекен” за 34 милиони евра. Јаневски е и сопственик на винарницата „Тиквеш”, каде што поседува акции вредни 6,9 милиони евра. Годишно во „Тиквеш” се преработуваат околу 55 милиони килограми грозје и се произведуваат околу 35 милиони литри вино. Голем дел од асортиманот на винарницата е наменет за извоз, а најмногу се продава во земјите од регионот. „М6″ има акции и во „Охрид турист” со вредност од милион евра.

Петтиот меѓу најбогатите Македонци и најмладиот на оваа листа на милионери е Живко Мукаетов, сопственик на „Алкалоид”. Тој во компанијата поседува акции со вредност од 7,3 милиони евра, а неговата сестра Билјана има акции од 5,1 милиони евра. „Алкалоид” во последните години е меѓу најуспешните компании во Македонија, која има 13 претставништва надвор од земјата и 1.250 вработени. Приходите во 2012 година биле 110 милиони евра, компанијата секоја година бележи раст, а нејзините акции се едни од најатрактивните на Македонска берза.

Како си поминавме на Brainster Job Fair?

Со задоволство учествувавме на второто издание на Brainster x Brainster Next факултет Job Fair – настан кој не само што го исполни просторот со ентузијазам, туку и со надеж за нови почетоци. 💯

Веднаш се почувствува возбудата кај посетителите: безброј млади и талентирани кандидати, полни со идеи и мотивација, кои се подготвени да направат храбар чекор напред во својата професионална приказна. 🤩

Разговаравме со нив за нивните размислувања околу пазарот на труд, за праксите и можностите кои ги гледаат за себе – а ние, како KARIERA.mk, со задоволство споделивме совети и насоки за тоа како да ја пронајдат вистинската можност и како ние можеме да им помогнеме на тој пат.

Посебно ни беше драго што на саемот се сретнавме со голем број наши соработници и реномирани компании кои, исто како и ние, беа таму со истата мисија – да отворат врати за нови таленти и да ја збогатат професионалната сцена со свежа енергија и нови перспективи. 👏

Голема благодарност до Brainster за одличната организација и за тоа што повторно создадовте платформа за поврзување, инспирација и раст. 💌

Со нетрпение ги очекуваме следните настани и новите прилики да бидеме таму каде што младите таленти го прават првиот чекор во својата кариера. 🚀

Кој на која фотелја ќе седне и зошто?

Во дискусиите за реформата на јавната администрација, кои се чини дека секогаш се актуелни, сѐ повеќе се зборува за мерит принципот (или принципот на заслуга) при именувањето на функционери, односно за професионализацијата на раководните позиции во јавната администрација (што би значело дека нив треба да ги пополнат лица со соодветни компетенции и програми). Различни субјекти и организации говорат на оваа тема од различни перспективи.

Домашните стручњаци и невладините организации бараат поголема имплементација на принципот на мерит. Странските експерти често нѐ советуваат како да ги измениме законите за да добиеме посоодветни директори, а меѓународните организации нѐ уверуваат дека тоа ќе нѐ доведе поблиску до интеграција во Европската Унија.

Опозицијата (независно кој ја сочинува) често критикува дека се именуваат некомпетентни лица на раководни функции. Власта, пак, независно кои партии ја сочинуваат во даден временски период, се чини дека не сака да ги напушти повеќедецениските практики да ги именува директорите, членовите на управните и надзорните одбори и слично исклучиво според сопствените преференции и партиската припадност, занемарувајќи ги професионалните компетенции.

Следствено, во епизодата „Кој на која фотелја и зошто?!“ зборуваме за примената на принципот на заслуги во јавната администрација во Република Северна Македонија. Кои позиции треба да се пополнуваат исклучиво според принципот на заслуги? Постојат ли позиции за кои, освен компетенции, е потребна и блискост до програмските определби и политиките на Владата? Како да се осигураме дека едно директорско место или друга функција ќе ја пополни соодветно лице? Може ли да важат истите правила за сите директори (на класичните органи на државната управа, на јавните претпријатија, на јавните установи)? Треба ли да постојат управни одбори во органите на државната управа и јавните претпријатија? Зошто претходната Влада од 2018 до крајот на мандатот го најавуваше Законот за висока раководна служба, но тој не се усвои? Потребен ли е ваков закон? Како се злоупотребува можноста за именување на в.д. директори?

На овие теми дискутираме со проф. д-р Ана Павловска-Данева од Правниот факултет „Јустинијан Први“, воедно и уставен судија, и со Јулијана Караи која е Виш истражувач во Институтот за Европска политика – ЕПИ.

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

Популарно