ШОКАНТНО: Почна производство на генетски модифицирани луѓе - родени 30 ГМО бебиња!

Првата генерација генетски модифицирани луѓе е одгледана во САД, соопштено е синоќа. Станува збор за 30 здрави бебиња кои се резултат на низа екперименти на генетски инжинеринг, што предизвика големи дебати во САД, пишува Дејли мејл.

bebe-610x400

Засега извршени се испитувања на две денес едногодишни бебиња и кај нив се пронајдени гени од тројца „родители“, тоа се луѓето чиј генетски материјал е земен за создавање на тие суштества. Во двата случаи, станува збор на генетски материјал од две жени и еден маж. Таа комбинација тие ќе ја пренесат на своето потомство.

15 ГМО бебиња се родени за време на минатите три години и тие се експеримент на Институтот за репродуктивна медицина и наука Сент Барнабас во Њу Џерси. Сите се наменети за жени кои не можат да имаат бебе по нормален пат.

Генетичарите кои се противат на генетско модифицирање на луѓе велат дека вака, практично, се создава нова вештачка раса. На тоа секако се противат и верниците на сите религии, кои сметаат дека Бог го создал човекот онаков како што треба да биде и дека луѓето не треба да се мешаат во Божја работа.

Потенцијално опасен астероид мина крај Земјата на далечина 300.000 километри

Потенцијално опасниот астероид за Земјата, „2024 МК“ мина крај нaшaтa планета на оддалеченост од околу 300.000 километри, соопшти Институтот за применета математика „Келдиш“ при Руската академија на науките.

Инаку, „2024 МК“, релативно голем астероид што ѝ припаѓа на групата Аполо, беше следен од телескопски мрежи додека минуваше околу 300.000 километри покрај Земјата, пренесоа руските медиуми.

Според Европската вселенска агенција, астероидот првпат е откриен на 16 јуни, а неговата големина се проценува меѓу 120 и 260 метри во ширина.

Американскиот врховен суд: Трамп има право на имунитет

Врховниот суд на САД пресуди дека поранешните претседатели имаат право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, со што се намалува веројатноста дека федералната кривична постапка против Доналд Трамп (по обвинение дека планирал да го запре трансферот на власта на 6 јануари) ќе продолжи пред изборите во 2024 година.

Врховниот суд пресуди дека поранешниот претседател Доналд Џеј Трамп има право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, пишува„ Њујорк Тајмс“.

Гласањето беше шест против три, поделено според тоа кој која партија ја фаворизира.

Трамп тврди дека има право на апсолутен имунитет од гонење.

Пониските судови ги отфрлија тврдењата на Трамп, но одлуката на Врховниот суд може доволно да го одложи случајот, толку многу што Трамп ќе успее целосно да го отстрани сето тоа доколку победи во ноември.

Судиите рекоа дека Трамп е имун од гонење за службените дејствија преземени за време на неговото претседателствување, но има клучна разлика помеѓу службеното и приватното однесување.

Случајот се враќа на понизок суд, кој ќе одлучи дали дејствијата на Трамп биле службени или приватни.

Поранешниот претседател се соочува со три точки од обвинението за заговор и едно обвинение за попречување на службените постапки, сите поврзани со неговите напори да остане на претседателската функција по поразот на изборите во 2020 година.

Болест што го „јаде“ човечкото месо се шири во Јапонија

Смртоносната бактерија која предизвикува синдром на стрептококен токсичен шок (STSS) брзо се шири во Јапонија, а главниот град Токио стана жариште, јавува Анадолија.

Националниот институт за заразни болести (НИИД) соопшти дека земјата имала 977 случаи оваа година, надминувајќи го претходниот рекорд од 941 инфекција во 2023 година.

Пријавено е дека болеста е предизвикана од бактеријата „streptococcus pyogenes“ и често се поврзува со болки во грлото, што подоцна може да доведе до некроза на екстремитетите и откажување на повеќе органи.

Се пријавуваат сè повеќе случаи на инфекција предизвикана од повеќе смртоносни и заразни видови бактерии, особено во регионот Канто во пошироката метрополитенска област Токио.

Министерот за здравство, труд и социјална заштита, Такеми Кеизо, нагласувајќи ја важноста од спроведување на основните мерки на претпазливост за инфекција, рече:

„Сметаме дека е неопходно да се продолжи со следење на трендовите на инфекција“.

Инфективниот специјалист др. Кикучи Кен исто така изјави дека раните на стапалата се особено подложни на стрептококна бактериска инфекција.

Опишувајќи ги малите рани како плускавци и спортско стапало како „можни влезни точки“ за бактериите, Кикучи истакна дека кај постари пациенти, времето од инфекција до смрт може да биде 48 часа.

Наведувајќи дека високата температура придружена со делириум и брзото отекување на раните се опасни знаци, Кикучи нагласи дека во таква ситуација веднаш треба да се побара лекарска помош.

Во екстремни ситуации, бактериите од групата А стрептокок може да станат инвазивни, продирајќи длабоко во меките ткива и мускулите преку исеченици и рани. Овој феномен потоа резултира со некротизирачки фасциитис.

Симптомите на оваа болест што јаде месо се треска или болки во мускулите и низок крвен притисок, а по 48 часа може да следи откажување на органи и септичен шок. Исходот може да биде фатален ако пациентот брзо не прими антибиотици.

Популарно