TnT it market со нов продажен салон во ГТЦ!!!

Компанијата TnT it market официјално го објави отварањето на својот нов продажен салон во ГТЦ. Од денес, сите потрошувачи ќе можат да го посетат на истото, добро познато место на приземје во Градски Трговски Центар, со тоа што ќе пронајдат модерен ИТ центар со уште повеќе квалитетни производи и компетентно опслужување од професионалната екипа на компанијата.

unnamed (5)

„- Отварањето на нашиот нов, проширен продажен салон во ГТЦ е уште еден чекор во успешниот пат кој со години го поминуваме. ТнТ ит маркет постои веќе 8 години на македонскиот пазар и за тој период успеавме да се докажеме како компанија која го нуди најдоброто на своите потрошувачи. Тие освен што се наши клиенти, се и наши пријатели, бидејќи кај нас секогаш можат да најдат одговор на прашањата кои ги имаат. Огромно задоволство ни е тоа што од денес ќе нудиме уште подобра услуга и производи во овој модерен продажен салон. А за сите кои се фанови на онлајн шопингот, ја нудиме можноста да ги купуваат најдобрите ИТ производи и преку нашиот веб сајт: http://tnt.net.mk.” изјави Бобан Тотовски – управител на TnT it market.

unnamed (6)

Освен тоа, г-дин Тотовски дополни дека сите потрошувачи кои денес и во периодот на Велигденските празници ќе го посетат новиот продажен салон на TnТ it market, ќе добијат изненадувачки попуст и многу подароци.

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно