(ВИДЕО) Ова племе ги убива своите деца, а причината е шокантна

Јарава е племе кое живее на островот Андаман, нема контакт со надворешниот свет, и има страшен обичај да убива деца кои имаат посветол тен, бидејќи се верува дека таквите деца имаат татко надвор од таа заедница.

Убиството на 5-месечно бебе на далечниот остров во Индискиот океан отворило дебата за владеењето на правото во едно од најпримитивните племиња на светот.

andaman-jarawa-pleme-ubiistvo-bebe-01

Злосторството се случило на место каде живее групата од 400 номади, кои претежно се занимаваат со лов и собирање на храна. Бебето имало посветол тен во однос на остатокот од племето, па се претпоставувало дека таткото е некој од надворешниот свет. Затоа било убиено според ритуалните обичаи на ова племе.

Во минатото индиските власти сакале да имаат и помал контакт со абориџинската култура, и ја вртеле главата од ваквите убиства. Покрај тоа, од контакт со надворешниот свет се заштитени и со законите на Индија.

И навистина, 200 години откако британската империја изградила колонија на овој остров, ниедно лице од племето Јарава не било ниту осомничено за злосторство.

Но, полицијата отворила истрага откако владините службеници задолжени за ова племе поднеле кривична пријава. Во злосторството се вмешани и двајца мажи кои се дел од заедницата бегалци од Бангладеш, кои се населени на овој остров. Еден е обвинет дека обезбедил алкохол за убиецот од племето пред да го убие детето. Другиот е обвинет дека е татко на убиеното бебе.

Во меѓувреме, убиецот од племето Јарава, кој е виден дека влегол во шаторот на мајката вечерта пред да биде убиено детето, сè уште е на слобода.

"Засега полицијата не може да го уапси човекот од тоа племе", рекол Денис Џил, уредник на Андаман хроника.

"Индиската влада мора да одлучи кои и какви закони за надворешниот свет може да имплементира во племето Јарава", додал тој.

Самир Ачарја, локален активист, за New York Times рекол дека Јарава има право да ја одржува чистотијата на својата раса.

andaman-jarawa-pleme-ubiistvo-bebe-03

Баланс меѓу работа и живот: Кога можете да побарате скратено работно време?

Во брзиот свет во кој живееме, балансирањето помеѓу професионалните обврски и личниот живот станува сè поважно. Скратеното работно време е еден од начините како вработените можат да го постигнат овој баланс - а тоа не е само добробит за работниците, туку и за општеството во целина.

Кога имате право на скратено работно време?

Во Македонија, правото на скратено работно време е регулирано со Законот за работни односи. Вработениот има право да побара скратено работно време во следниве ситуации:

  • Трудничко или породилно отсуство (и по неговото завршување, заради продолжување на грижа за детето).
  • Родител на дете до 3-годишна возраст или дете со посебни потреби.
  • Лица со утврдена инвалидност или хронична болест, ако тоа го препорачува лекар.
  • Грижа за болен член на потесното семејство, според лекарски доказ.

Секое барање мора да биде поткрепено со соодветна документација, а работодавачот е должен да го разгледа и да даде одговор во законски рок.

Кои се бенефитите од скратеното работно време?

За вработените:

  • Подобро ментално здравје - Помалку работни часови значат повеќе време за одмор, семејство, пријатели и хобија.
  • Зголемена продуктивност - Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат пократко, често се поефикасни во работното време.
  • Поддршка за родители - Мајките и татковците имаат реална можност да бидат повеќе присутни во животот на своите деца.
  • Поголема флексибилност - Работниците можат полесно да менаџираат приватни обврски (на пр. лекари, училишни активности и сл.)

За работодавачите:

  • Повисока лојалност од вработените - Кога компанијата покажува разбирање, вработените се помотивирани.
  • Помал отсутен кадар - Скратеното работно време често резултира со помалку боледувања и стрес.
  • Позитивен имиџ на пазарот на труд - Компаниите кои нудат флексибилност се попривлечни за нови таленти.

За општеството:

  • Поддршка за семејства и раѓање деца - Младите семејства полесно се одлучуваат на потомство кога имаат реална поддршка.
  • Инклузија на ранливи групи - Лица со здравствени предизвици полесно остануваат или се враќаат на работа.
  • Намалување на иселувањето - Со подобри работни услови, граѓаните имаат повеќе причини да останат и да придонесуваат дома.

Како да побарате скратено работно време?

  • Проверете дали спаѓате во некоја од законски утврдените категории.
  • Соберете ја потребната документација (на пр. лекарско мислење, извод од матична книга на родени итн.)
  • Поднесете барање до работодавачот во писмена форма.
  • Чекајте одговор од работодавачот, кој е должен да одговори во разумен рок.

Скратеното работно време не е само привилегија тоа е алатка за подобар живот. Со негова примена, се гради порамнотежено општество во кое човекот не е само работна сила, туку и родител, граѓанин и поединец со лични потреби. Со повеќе поддршка и информираност, и работниците и работодавачите во Македонија можат да добијат не губејќи продуктивност, туку градејќи стабилност.

Се уште не можете да ја пронајдете вашата идеална кариера, прочитајте и за: Водич за избор на професија според вашите вештини и интереси

Како си поминавме на Brainster Job Fair?

Со задоволство учествувавме на второто издание на Brainster x Brainster Next факултет Job Fair – настан кој не само што го исполни просторот со ентузијазам, туку и со надеж за нови почетоци. 💯

Веднаш се почувствува возбудата кај посетителите: безброј млади и талентирани кандидати, полни со идеи и мотивација, кои се подготвени да направат храбар чекор напред во својата професионална приказна. 🤩

Разговаравме со нив за нивните размислувања околу пазарот на труд, за праксите и можностите кои ги гледаат за себе – а ние, како KARIERA.mk, со задоволство споделивме совети и насоки за тоа како да ја пронајдат вистинската можност и како ние можеме да им помогнеме на тој пат.

Посебно ни беше драго што на саемот се сретнавме со голем број наши соработници и реномирани компании кои, исто како и ние, беа таму со истата мисија – да отворат врати за нови таленти и да ја збогатат професионалната сцена со свежа енергија и нови перспективи. 👏

Голема благодарност до Brainster за одличната организација и за тоа што повторно создадовте платформа за поврзување, инспирација и раст. 💌

Со нетрпение ги очекуваме следните настани и новите прилики да бидеме таму каде што младите таленти го прават првиот чекор во својата кариера. 🚀

Добијте бесплатно стакло за телефон во Ледиком!

Познатиот бренд за продажба, сервис и галантерија на телефони Ледиком од денеска отвори дуќан во Капитол мол во Аеродром. Во новиот салон во оваа скопска населба можете да купите нов телефон од речиси сите брендови за најниски цени во државата, а доколку имате потреба за поправка на стариот телефон веќе не мора да одите во Чаир или во Рамстор во Центар истото можете да го направите во Капитол мол.

Ледиком како добри домаќини за сите посетители во дуќанот во Капитол мол денеска на 2 јуни нудат промена или ново заштитно стакло за нивните телефони. Наскоро најавуваат и нов дуќан во уште еден скопски мол

Популарно