ВИДЕО: Погледнете како ќе изгледа новиот ПЕТ Центар во Скопје

Во ПЕТ центарот може да се открие ако пациентот има и само една малигна клетка. Ќе се користи за рано откривање на многу болести и ќе се дава точна дијагноза. Во него ќе се следи и дали е ефикасна терапијата која им се дава на болните од рак. Ќе се третираат и пациенти од хематологија, кардиологијата,неврологијата, и деца со тешки заболувања. Ќе се произведуваат и радиозотопи.

-Се вели ПЕТ ЦТ или ПЕТ компјутер, тоа значи дека имате хибриден систем кој ви дава морфолошка промена, имате метаболна промена и во исто време може точно да го идентификувате и местото и промената која се наоѓа внатре. Затоа е многу важно да се следи терапијата. Тоа значи да се следи ефикасноста на терапијата и за рано дијагностицирање на многу болести меѓу кои првенствено ситно клеточниот карцином на белите дробови, додаде националниот координатор на проектот професор Емилија Јаневиќ-Ивановска.

Македонија ќе биде првата земја од Атина до Виена која ќе добие ПЕТ Центар. Ќе биде сместен во кругот на градската болница 8-ми септември. Во него ќе има најсовремена опрема.

-Опремувањето на ПЕТ Центарот се одвива во три фази. Циклотронот и една ПЕТ-ЦТ камера се веќе нарачани, а се очекува да бидат доставени во втората половина од следната година, рече Никола Тодоров, министер за здравство.

Првото производство на изотопи се планира за во август 2015. Со ова државата ќе се вброи во земјите со високоразвиена фармација и дијагностика. Ќе стане регионален центар не само за лекување на странски пациенти туку и за едукација на лекари од соседните земји. Објектот ќе го гради австриска компанија, а ќе биде под мониторинг на Меѓународната агенција за атомска енергија.

-Ќе направиме да ги исполниме високите барања на инвеститорот и посакуваме одличен успех,рече Франц Бургшталер, извршен директор на австриската компанија Страбаг АГ.

-Овој проект, додаде Боски, е од витална важност не само за земјата, туку и за целиот регион, рече Стефано Боски, претставник на МААЕ.

Целиот проект за ПЕТ центарот чини околу 6 милиони евра. Во него ќе работат околу 50 лица кои ќе поминат посебна обука во вакви центри во Европа.

ФОТО: Како за две години не користење Салата во ОУ Круме Кепески е толку руинирана?

Ова е салата за настава по физичко во О.У Круме Кепески во Кисела Вода.

Целосно е реновирана пред почетокот на учебната 2018/2019 година. Од тогаш, досега заради корона кризата е многу малку користена. Како е можно да е во ваква состојба?

Сноси ли некој одговорност во државава?

Испратено од загрижен родител

ВИДЕО: Во скопско Ѓорче Петров и Сарај воздухот е толку загаден дури пече на очи

Жителите од Ѓорче Петров 2 и Дексион се жалат дека на есен секој ден воздухот во нивната населба е толку загаден што кога ќе излезете надвор пече на очи како да е фрлен солзавец.

Велат дека не ги пуштаат децата да излегуваат надвор за да не мора да го вдишуваат загадениот воздух. Како потврда за истото ни испратија фотографии и снимки од актуелната состојба. Според нив димот доаѓа од населбата Сарај, пријавиле кај институциите, но велат со години никој не превзема ништо.

Сепак тие сакаат да останат анонимни

Популарно