Марија: Имам 24 години и 2 години постаро момче, но го изневерувам со татко му!

Исповед како од филм. 24 годишната Марија има момче, кое е прекрасно кон неа и е во врска со него три години, но го изневерува со неговиот татко!

“Тука нема чувства, но сексот е феноменален. Меѓутоа, минатата година прекинав со момчето двапати, бидејќи понекогаш ме зема здраво за готово и поминува повеќе време со неговото друштво отколку со мене. Сепак во последно време многу повеќе се труди, открива Марија.

Таа открива и како за неа започнале проблемите, поточно, како почнала да се гледа со неговиот татко.

“Проблемите започнаа кога пред 6 месеци последен пат раскинавме и неговиот татко дојде до кај мене да види како сум. Го поканив, внатре, разговаравме. Во средината од разговорот нешто ме вознемири, тој ме прегрна да ме утеши и …. Почнавме да се бакнуваме.

Од бакнежот брзо дојде до секс, а тоа беше неверојатно искуство. Потоа се извини, но набрзо почнавме и да се допишуваме и се согласивме да се гледаме за секс. Се гледаме редовно еднаш неделно, кога сме слободни. Тоа е секогаш во кола, во локалната шума. Нашата врска е потполно физичка, неверојатно ме привлекува и затоа сеуште трае.

Се мразам поради ова што го правам, би сакала да прекинам. Ниту мојот дечко не го заслужува тоа, тоа е предавство. Ако не престанам да се гледам со неговиот татко, незнам како ќе можам да го погледнам во очи. Не спијам, толку сум под стрес и физички сум во лоша состојба”, изјави вознемирено Марија.

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

Зошто љубовта секогаш доаѓа кога најмалку очекуваме?

Сите сме поминале низ тешки периоди кога ни недостасувала љубов и сме се чувствувале осамени. И после сите тие фази секогаш следи период во кој се чувствуваме дека се е можно во нашиот љубовен живот.

Дали сте забележале како одеднаш сѐ се менува и добиваме покани за излегување секогаш кога изгледа дека сме среќни со нашиот самечки живот? Зошто секогаш запознаваме некого баш во моментот кога се откажуваме од барање?

Независноста е привлечна

Независноста не значи да сакаш нешто што не можеш да го имаш. Независноста значи да ти биде удобно во своја кожа.

Очајот не е привлечен

Кога премногу се трудиме и постојано не успеваме – тоа нѐ исцрпува. Се чувствуваме одбиено и несакано. И тоа ќе се одрази на нашиот изглед. На нашето лице, на нашето тело и на говорот на нашето тело. Тешко е луѓето да го видат најдоброто во нас, кога ова е единствената страна која ја гледаат. А луѓето можат да намирисаат очај од голема далечина. Затоа, не се трудете толку многу.

Премогу размислуваме

Понекогаш, кога мислиме на нашите проблеми, можеме да ги поправиме. Но, кога станува збор за љубовта, ова може да е контра-продуктивно. Ја бараме секоја можна маана, затоа што не сакаме да си го губиме времето. И на крај ги преувеличуваме и најмалите проблеми, а тоа нѐ спречува подобро да ја запознаеме другата страна.

Кога престануваме толку силно да бараме некој друг, се запознаваме подобро себеси

Запознавањето на работите кои ги сакаме нѐ прави среќни. Ние ги следиме нашите сопствени интереси и активности, затоа што ги сакаме. И тоа нѐ прави задоволсни. И среќата која тоа ја носи со себе е заразна, го брише очајот и прави да престанете толку многу да анализирате.

Кога се фокусираме на нашите страсти, запознаваме луѓе кои ни се слични и така се зголемуваат шансите да запознаеме некого

Многу често се поврзуваме со некого токму затоа што имаме заеднички работи. Па затоа, кога правиме нешто што сакаме, ние сме на правото место за запознавање на прави луѓе. Секако дека не ги правиме тие работи за да запознаеме некого, но сепак поголеми се шансите да се случи тоа без да го бараме тоа.

Кога престануваме да се замараме толку, делуваме поопуштени и полесни за комуникација

Тоа е затоа што сме такви. И не, животот не си подигрува со нас, туку едноставно треба повеќе да се фокусираме на нашите животи и интереси. И секогаш се случува тоа кога ќе престанаме да бараме.

Популарно