Поранешниот пилот на ЦИА: Земјата е планета затвор, Месечината е холограм, веќе бевме на Марс

Џон Лир, поранешен офицер на американската ЦИА, кој одамна работел како пилот во воздухопловните сили на земјата, тврди дека Земјата е планета затвор, а универзумот не е организиран како што нè учат од нашето детство, пишува Езорејтер.

Покрај тоа, тој вели имал пристап до тајни информации на ЦИА. Лир, кој долго години е во оставка и, само се занимава со истраги вели дека не е точно она како ни се претставува нашата планета и од она што е опкружена, зошто на неа постојано се случуваат некакви аномалии и феномени кои не се вклопуваат во поимот „материјален свет“.

Еве што вели за сето ова: Во универзумот има безброј планети населени со хуманоиди со различен степен на развој.

На пример Земјата не е изгубена во бескрајниот простор како „сина топка“, туку таа е планета затвор, на која испраќаат лица за превоспитување од други светови кои во вселената се милијарди.

Испраќањето е преку раѓањето на Земјата, а не на друг начин. Затоа, со умирањето, имаме можност да се вратиме во похуман и добар свет, или да одиме на вториот или третиот мандат на соодветно усогласувањe. Да речеме дека првин сте биле успешен бизнисмен, и по корекцијата, ќе бидете сиромашни.

Месечината, како што тврди Лир, е вештачко тело создадено пред 40 милијарди години и донесено близу Земјата пред 15.000 години. Тоа е причината за леденото доба на нашата планета.

Исто така постои и верзија дека Месечината е создадена во утробата на Јупитер, но поради некоја причина „небесното тело“ е заглавено околу Земјата. На Месечината, постојат хуманоиди кои уфологистите ги нарекуваат сивите или рептили. Тие се околу 250 милиони. Она што тие го произведуваат таму и каква функција тие извршуваат во животот на нашата планета не е позната.

Нивните градови и фабрики се наоѓаат на Месечината. Притоа површината на Месечината со кратерите-тоа е само холограм, затоа и никој не летал до неа, бидејќи светската влада контролирана од сите страни, одамна ја посетувала Месечината, Марс и други планети со апарати, создадени врз основа на технологијата на Никола Тесла, во која американската влада од 1946 година става огромни пари.

Затоа, летот на Американците на Месечината е чиста мистификација неопходна за да го одвлече вниманието на меѓународната заедница. Најверојатно, сите други копнени вселенски проекти служат за оваа намена.

Говорејќи пред публиката, Лир постојано нагласува: „Немам материјални докази за она што го велам. И ова воопшто не е случајно, инаку нема да бидам меѓу живите. Затоа, секој мора да одлучи за себе дали да верува во тоа или не.

Но, мислам дека секој човек од зрела возраст и без докази ја разбира основната: нашата Земја е затвор. Еве ние едноставно служиме на пресудата што ја заработивме. Затоа Божјото провидение понекогаш ни се чини толку сурово. Всушност во универзумот сè е хармончно, затоа не треба да се завидува на богаташите и нивната измама, бидејќи нив ги чека нов рок во овој затвор, при тоа вие сами разбирате каков …

Исповед на научникот: Не сум се туширал 12 години, а телото го мијам со бактерии!

Инженерот Давид Вајтлок, кој не се туширал 12 години, на себе има милијарди добри бактерии поради кои, како што тврди, потта не смрди.

Човечката пот функционира на сосема ист начин. Се претвора во амонијак кој смрди, но може да се неутрализира со присуство на овие бактерии. Единствен проблем во тоа е што повеќето од нас, поради редовната хигиена, на своето тело немаат добри бактерии.

Инженерот Вајтлок на себе, по 12 години, има милијарди добри бактерии. Го прска своето тело со АОБ бактерии коишто ги набавува во кокошарниците, свињарниците и шталите.

Исклучок кај Вајтлок се рацете кои ги мие со сапун само во два случаи: пред јадење и по одење во тоалет.

Налудничавата идеја да не се тушира, хемичарот Давид Вајтлок ја добил кога девојката го прашала поради што коњите се валкаат во кал и прашина. Од тој момент поминале 12 години, а Вајтлок капењето го заменил со прскање со спреј кој содржи амонијак-оксидирачка бактерија (АОБ).

Вајтлок го заинтересирало влијанието на микроорганизмите кои живеат во земјата, реките, океаните и на телото. Многу брзо открил дека овие животни се валкаат во калта за да осигурат доволно бактерии на своето тело и на тој начин да и оневозможат на сопствената пот да изгние и да смрди во текот на топлоте летни месеци.

Знаете ли кои личности се во поголема опасност да бидат каснати од кучиња?

Мажите се на двојно поголем ризик од каснување од кучиња отколку жените, откри новото истражување. Истражувачите од Универзитетот во Ливерпул, Англија, истражувале 694 лица во 385 домаќинства и исто така откриле дека анксиозните (возбудените) луѓе се на поголем ризик да бидат каснати од куче. Истражувачите сакале да откријат колку луѓе меѓу испитаниците биле гризнати од куче и дали била потребна лекарска помош, како и дали жртвата го познавала кучето, кое ги гризнало. Научниците ги мереле и аспектите на личноста на испитаникот, вклучувајќи емотивна стабилност, а едно од прашањата било дали жртвата чува куче. Резултатите покажале дека еден од четири испитаници биле каснати во минатото, а дека поголема е двојно веројатноста маж да биде гризнат од куче, отколку жена. Веројатноста куче да гризне личност, која има неколку кучиња е три пати поголема во однос на луѓето кои никогаш не чувале такво милениче, а половина од каснатите испитаници не ги познавале кучињата. Болничките податоци покажуваат дека стапката на гризнување на кучиња е 740 на 100,000 луѓе, но истражувањето над испитаниците покажале дека таа стапка е поголема од официјалната, поточно 1,873 на 100,000 луѓе. Еден испитаник од три кој претрпел гризнување од куче побарал медицинска помош, но само 0,6% од случаите биле хоспитализирани. Интересно е тоа што постои врска помеѓу личните карактеристики и ризикот на каснување од куче. „Иако ова беше мало истражување, резултатите даваат некаква слика за проблематиката при гризнување на куче и влијанието на јавното здравје“, изјавија истражувачите.

Видео: Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг

Властите во Хонг Конг соопштија дека откриле фосили од диносауруси на зафлен и ненаселен остров кај градот. Ова е прво такво откритие во овој град во Кина.

Наодите се откриени на островот Порт во Глобалниот геопарк на УНЕСКО во североисточните водни делови на градот. Фосилите најверојатно биле дел од голем диносаурус од периодот Креда, т.е. пред околу 145 до 66 милиони години. Ќе се спроведат дополнителни истражувања за да го потврдат типот на диносаурус. Островот Порт е затворен за јавноста до дополнително известување за да се олеснат идните истражувања и ископувања, се вели во официјалното соопштение.

-Откритието е од големо значење и дава нови докази за палеоеколошките истражувања во Хонг Конг, рече секретарот за развој на градот, Бернадет Лин Хон-хо.

Фосилите ќе бидат изложени денеска во еден од трговските области во Хонг Конг.

Професорот Мајкл Питман, палеонтолог од Кинескиот универзитет во Хонг Конг, рече дека „откритието е возбудлив лучај“ за градот, кој долго време беше домаќин на опсежни истражувања за диносаурусите, но се согласува дека наодите допрва треба да е потврдат.

-Хонг Конг е познат по обликуваниот пејзаж, но половина од сѐ тоа е „селски парк“. Во руралните области, повеќето од она што го гледате се карпи од ерата на диносаурусите, но тие се вулкански карпи – и тоа се лоши места за наоѓање фосили бидејќи фосилите едноставно „се топат“. Но, островот Порт е еден од островите каде што има карпи од ерата на диносаурусите од соодветниот вид и – вистинска средина, појасни проф. Питман.

Кина е една од четирите земји кои водат истражувања за диносауруси – заедно со САД, Канада и Аргентина. Во таа смисла, досега десетици илјади јајца од диносаурус се пронајдени во областа Гуангдонг, каде што се наоѓа Хонг Конг.

-Се надевам дека, гледајќи ги овие фосили, ќе видиме разлики со оние од некои од познатите наоѓалишта во Кина, како Сечуан и Јунан. Тоа може да раскаже навистина занимлива приказна за биогеографијата на животните, рече Питман.

Владата вели дека ангажирала научници и од континентална Кина за да спроведат истрага на тој терен. Властите, исто така, планираат да се отвори привремена работилница за јавноста за набљудување на стручната подготовка на фосилни примероци до крајот на 2024 година.

Популарно