Се основа Академија „Анте Поповски“

Академијата  „Анте Поповски“ е основана во рамки на програмските активности на меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски - Антевоперо“, што се одржа во родното село на поетот Лазарополе.

Заложбите на Академијата ќе бидат и во насока на заштита на Библиотеката на Анте Поповски во село Лазарополе и ставање на расположивиот книжниот фонд во поширока функција, но и поставување на спомен плоча на куќата во која живеше и твореше поетот.

На основачкиот состанок беше истакнато дека членовите ќе имаат официјален мандат и обврска во рамките на нормативно - правните акти на Академијата, да се грижат за заштита на ликот и делото на Анте Поповски, преку натамошен растеж и афирмација на меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски-Антево перо“.

Се планира следното издание на манифестацијата да биде збогатено со одржување на работилници за креативно пишување и ликовно творештво во Скопје и Лазарополе, подготовка на аудио и видео материјал со најзначајните акценти од програмата, како и реализација на музичко – сценски и поетско- ликовни содржини.

Зацртано е и продлабочување на соработката со Општина Ѓорче Петров, како и со Месната заедница од село Лазарополе, со цел успешно приведување кон крај на започнатиот зафат за реновирање и разубавување на паркот на поезијата на мијачкиот крај во селото и негово заживување преку организација на поетски читања, како дел од манифестацијата.

Членови на академијата се Жорж и Александар Поповски, новинари, синови на Анте Поповски, проф.д-р Венко Андоновски, проф.д-р Кристина Николовска, д-р Атина Цветаноска, Митко Гогов, писател и концептуален уметник, Славе Ѓорѓо Димоски, писател, Софија Гогова Врчаковска, актер, Виолета Џолева, режисер, проф.д-р Миодраг Врчаковски, Михаил Ренџов, писател, Живко Поповски Цветин, ликовен уметник, Медат Куртовски, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Никола Шалваринов, директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Томислав Османли, писател и новинар, д-р Марина Мијаковска и Јелена Перинска.

Македонски ден на Саемот на книгата во Франкфурт

Во рамките на својата посета на Франкфурт по повод националното претставување на Република Македонија на саемот на книгата, министерот за култура, Асаф Адеми, денеска оствари средба и со директорот на саемот на книгата во Лајпциг. На средбата Адеми истакна дека  претставувањето на авторите од Република Македонија и на нивното творештво на саемите на книгата во светот е приоритет во културната политика на Министерството за култура. Во таа насока,  потенцираше дека секоја година како држава настојуваме да бидеме присутни на веќе етаблираните саеми на книгата во регионот, но и пошироко, на најзначајните манифестации од овој тип во меѓународни рамки.

Република Македонија веќе неколку пати се има претставено на Саемот на книгата во Лајпциг и во ова претставување препознаваме одлична можност за промоција и афирмација на авторите од Република Македонија на меѓународниот пазар, забележа министерот Адеми, кој го информираше својот соговорник и за напорите за олеснување на пробивот на авторите од Република Македонија на меѓународниот пазар преку Конкурсот за странски издавачи кој го спроведува Министерството за култура. На средбата беше споделен заедничкиот интерес за претставување на Република Македонија во Лајпциг каде, веќе следната година, нашата држава би можела да биде присутна со концепција за претставување на автори кои би предизвикале најголемо внимание на саемот, според актуелните тенденции.

Веќе во пладневните часови министерот Адеми присуствуваше на настанот со кој се одбележа претставувањето на Република Македонија на оваа значајна манифестација.

Со овој настан се заокружи претставувањето на Република Македонија на саемот на книгата во Франкфурт. До крајот на годината, авторите од Република Македонија и нивното творештво ќе бидат претставени и на саемот на книгата во Тирана, како и на саемот во Пула, каде Република Македонија ќе биде земја во фокусот.

 

Во која земја има најбрз интернeт?

 Најбрз интернет во Светот има Сингапур , покажуваат последните испитувања.

Резултатите на истражувањата се покажани како просечни брзини на download во мегабити по секунда. Така во Сингапур ќе наидете на просечна брзина на интернeтот од 60.39 мегабити во секунда.

Потоа Шведска е на второто место со 46 мегабити по секунда, а Данска трета со брзина на интернет од 43.99 мегабита по секунда.

Македонија е меѓу земјите со најслаб интернет. Брзината во нашата земја се движи во просек од 8.82 мегабити во секунда, што е послабо од Словенија, Хрватска, Србија, Косово, но во тој просек сме подобри од БиХ, Црна Гора и Албанија.

Популарно